// Google analytics code

Со Вера, Надеж и Љубов по патот на спасението

17/30 септември 2012 л. Г., 

Спомен на светите Софија, Вера, Надеж и Љубов


01.jpgВеќе цело трилетие е зад нас од огненото искушение што ја испита нашата вера во Божјата промисла, надеж во милосрдието Негово и решеност да Го следиме до крај, без оглед на сите премрежја што Он ги допушта за наше спасение и духовни придобивки. Болката беше голема, но неизмерно поголемо беше Неговото неискажливо милосрдие и родителска љубов со која Он ги залечи нашите рани, ги избриша нашите солзи и ги израдува нашите срца, па сега, еве, после три години со синовска благодарност и нескриена надеж ги упатуваме нашите погледи кон конакот кој полека го добива својот поранешен раскошен лик. А радоста е уште поголема, зашто ова здание е плод на заедничката љубов, усрдие и труд, не само на Бигорскиот свештен собор, туку и на целиот наш благоверен народ, кој во ова искушение не нè остави сами. Така, во камената градба на овој наш монашки дом се вградени пожртвуваноста и несебичноста на многу наши јавни личности, како од претставниците на богољубивата власт, од културата и спортот, естрадата, но и на многу други благоверни христијани, кои делеа од своето семејство за да ја помогнат светињата. Токму затоа веруваме дека конакот што секојдневно се разубавува пред нашите очи и е благодарствен принос за целиот наш православен народ, Му е навистина драг на Господа.

p.jpg

Уште од моментот кога тажната слика на урнатини и пустош беше заменета со прекрасната глетка на воскреснатиот чардак, болката беше заменета со чувство на небесна утеха и радост. Потоа следеше новата покривна конструкција со камени плочи, прочуените манастирски фурни, ѕидањето на внатрешните простории и возобновувањето на камените лаци околу прозорците и вратите, сега во тек е поставувањето на елктричната и водоинсталацијата, а во меѓувреме во процес на изработка е и целокупната дограма за „Горни Палат“.02.jpg3.JPG Секако, преблагиот наш Господ нè удостои со уште еден Негов чудесен дар. Он направи од непристапните планински падини да никне новиот манастирски конак, „Источен Палат“, што како расцутен крин ги рашири своите латици и заедно со другите манастирски зданија сплете венец околу Бигорскиот соборен храм. И како најубав украс среде тоа византиско благолепие, блесна прекрасната архитектура на новата манастирска книгохранителница, идната ризница на манастирското книжевно богатство. Тука провејува преродбенскиот дух на нашите родољубиви предци.5.JPG05.jpg4.jpg04.jpgСето ова немаше да биде можно доколку ја немавме поддршката од нашата благоверна Влада и од благочестивите дарители од нашиот верен народ, кои уште од самиот почеток го даваат својот придонес за ова светилиште повторно да го врати својот некогашен сјај. Се надеваме дека ваквата поддршка нема да изостане ни во иднина, бидејќи настапува период кога градбата на конакот „Горни Палат“, која е во својата последна и најзначајна фаза, создава неопходност од поголеми финансиски средства. Искрено се надеваме дека при распределбата на финансиските средства од буџетот на Р. Македонија, оваа наша неопходност ќе биде земена предвид и дека нашата Влада и следната година ќе се застапи за обновата на нашето големо национално светилиште.

6.JPG
06.jpg

Преземено: Бигорски Манастир


About The Author