// Google analytics code

Совршено послушание – Старец Јосиф Исихаст

Оној што има совршено послушание, неговиот ум има совршена безгрижност. Значи, умот е економ на душата којшто ѝ носи храна, што и да му понудиш… Кога има мир, му го даваш потребното. Умот го симнува тоа во срцето. Најпрво тој самиот се очистува од сите предрасуди што го обземаа во световниот живот. Се избиструва од животните грижи и кажувајќи ја умната молитва совршено ја смирува расеаноста. И тогаш сфаќаш дека се очистил. Бидејќи веќе нема потреба да скита по нечистотиите и лукавствата што ги видел и ги слушнал во светот. Потоа, преку молитвата влегувајќи и излегувајќи од срцето, го очистува патот и го исфрла секое лукавство, и нечистотија од срцето. Умот започнува војна со страстите и со демоните коишто години биле вгнездени во срцето без некој да знае за нив или да ги види. Сега пак, кога умот ја досега чистотата – својата прва одежда – го согледува нивното постоење, при што лае како куче, ‘ржи, се бори со нив како господар и чувар на целиот разумен дел од душата. Имајќи го за оружје името Исус ги камшикува противниците сѐ додека не ги исфрли, во просторот околу срцето. И тие лаат како бесни кучиња. А пак, умот почнува да ја чисти сета нечистотија со којашто нѐ имаат осквернето демоните имајќи ја за сојузник нашата согласност што им ја имаме дадено за нивното злодејство. Тој упорно се бори со демоните за да ги исфрли, и да ги оддалечи од себеси. За да не му предизвикуваат немир, постојано се бори да ги исфрли надвор нечистотиите коишто демоните постојано ги уфрлаат. Потоа, како економ ја снабдува храната што е подобна за просветлувањето и здравјето на душата.

            Во сето ова содејствува очистителната благодат. Зачуван е само оној што се бори под сенка, под покривот на послушанието. Зачуван е од благодатта на старецот што ја презема грижата за неговата душа пред Бога. И малку по малку, доаѓа до благодатна преобразба.(Старец Јосиф Исихаст)


About The Author