// Google analytics code

Современата уметност

Уметноста е врв на културното ниво и творештво на една цивилизација и на еден народ и по правило треба да оди по нагорна линија. Меѓутоа, денес уметноста го достигна своето дно во целовкупната историја на уметноста.

Преку уметноста ние твориме, создаваме и со тоа стануваме и мали творци, мали богови по благодат, слични на единиот Сетворец. Уметноста во последно време не е ниту уметност, со оглед на тоа што уметноста е творештво, бидејќи таа денеска повеќе личе на растројство.

Уметноста, како една гранка од општествената идеја, носи своја идеја во себе, свој ум, свој разум. Меѓутоа, денес таа мисла е деструктивна, тој разум е безразумен, а идејата дезориентирана.

Секако, не е до крај сé загубено, но генерално во голем процент е така.

Уметниците сакаат нешто да постигнат, ама проблемот е во тоа што Го немаат и Го исфрлаат Господ, Кој единствено е пат, вистина и живот, односнао насока и смисла во животот.

На тој начин, таа нивна револуција, нивна борба во себе, ја насочуваат кон уништување на здравото битие и на здравото ткиво.

Тие мислат дека ако нацртаат некој објект каков што е, тоа не е ништо, обична работа, но тие сакаат да навлезат во него, да го направат подруг, да се ослободат од формата и на тој начин го прават шантав и обезличен. Желбата да навлеземе подлабоко во суштината на нештата и да се ослободиме од ограниченоста на формите, сама по себе не е толку лоша, но само ако е насочена кон Христос, односно кон вечноста. На тој начин, ослободена од ропството на материјата, се врвнуваме во истапување т.н екстаза, но тоа е возможно само по долготрперлив аскетско-исихастички пат.

Византиската иконографија, како уметност, го достигнала тој степен и тоа ниво. Ако ја анализираме византискта иконографија, ќе може да ги согледаме непрегледните и не од овој свет, туку од другата страна, димензии на нејзината неисцрпна длабочина и обратна перспектива.  Во неа ќе увидиме дека секој ден откриваме нешто ново и учиме нешто што до сега не сме го знаеле. Тоа значи дека таа е жива, вечна, надвор од просторот и надвор од времето и секогаш е нова и убава. Но, таа уметност доаѓа од горе, бидејќи ја насочуваме кон Господ, Тој ни ја дава и ние ја шириме, ја правиме вечна.

Проблемот во денешно време е што уметниците сакаат да се ослободат од „ропството“ на Бога, за жал. Сето тоа е заради гордоста. Денешниот човек е толку горд, што е „незадоволен“ од Бог, па сега божем сака да му ги „поправи“ грешките. И шминкањето, и маникирањето, пластичните операции… па дури и толкавата човечка дрзост да си го менува и полот, сето тоа е бунт против единиот Сетворечки Бог. Тоа е општа ситуација денес, не само во областа на уметноста.

Во почетокот, сета уметност била религиозна, а потоа се појавил тој бунт против религијата, против Бог, и тогаш се создала профаната уметност. И таа, сама по себе,  не е лоша, ако не е насочена деструктивно. Според тоа, ако јас цртам нешто, не значи дека е грев. Убаво и квалитетно е човек да биде 100% посветен на Господ, меѓутоа, нашите слабости допуштаат да мислиме и да посветиме внимание и на овоземното, но она што го цртаме да е во слава на Бога, истакнувајќи ја убавината на Неговото создание, а преку тоа и се спасуваме.

Поаѓајќи од поентата дека сé што е соединето со Господ е и спасено, и дека треба да го спасиме секој миг од нашиот живот, што значи, сé што правиме, треба да биде за Христос, па и цртањето. Бидејќи живееме во време каде што, за жал, Господ е доста истиснат од општествениот живот, тогаш не е ни толку страшно да цртаме нерелигиозна уметност, ама сепак да има барем мала конекција со Господ. Односно да не е деструктивна, туку творечка. Значи, сé да е во и заради слава Божја.

Богородица

Dora Maar – Picaso

Распетие

 

Crosifiction – Ron Cantrell

Белиот Ангел – Милешево

 Pink angels – William de Koonig


About The Author