// Google analytics code

Слово за покајанието

pokajanieКога сме потонати во гревови, и кога нашиот ум е обземен единствено од секојдневните грижи, ние не забележуваме каква е вистинската состојба на нашата душа. Рамнодушни сме кон внатрешноста на нашето битие, и непрестајно талкаме по криви патишта, а за тоа не сме ни свесни.
И видете! Зрак од Божјата Светлина одеднаш продира во нашата душа. Колку само нечистотија ќе видиме во себеси! Колку само неправда, колку лаги! Многу од нашите постапки, за кои сме сметале дека се добри, ќе ни се покажат како недолични! И ќе ни стане јасно дека одиме по криви патишта. И ќе познаеме кој е правиот пат.
Ако тогаш станеме свесни за својата духовна ништожност, својата огревовеност, ако од длабочината на душата посакаме да се исправиме, значи дека сме близу до спасението. Од длабочините на душата да повикаме кон Бога: „Помилуј ме Боже, по Твојата голема милост!“, „Прости и спаси ме!“, „Дај ми благодат да ги согледам своите прегрешенија, и да не го осудувам братот свој!“

свети Јован Шангајски


About The Author