СИТЕ ГО ПОДАРУВААТ ОНА ШТО ГО ИМАТ ВО СРЦЕТО!
Еден ден, еден сиромашен човек одел од врата на врата и барал помош. Поѕвонел на една убава куќа, а богатиот домаќин се мислел што да му даде и на крај му дал корпа полна со ѓубре.
Сиромавиот со насмевка и благодарност ја зел корпата и заминал.
Ја испразнил, ја исчистил и со ѓубрето ги нахранил цвеќињата во градината кои за себе си ги одгледувал. Кога изникнале и пуштиле преубави цветови, ги обрал и ја наполнил корпа со нив.
Се вратил кај истиот богаташ и му ја дал истата корпа.
Богатиот се зачудил и му рекол: зошто ми ја даваш оваа корпа полна со убави цвеќиња, кога јас тебе ти ја дадов полна со ѓубре?
А, сиромавиот му одговорил: СИТЕ ГО ПОДАРУВААТ ОНА ШТО ГО ИМАТ ВО СРЦЕТО!
Значи, богатството материјално не значи и богатсво и убавина во срцето. Но благодарноста и добрата мисла и чуство, секогаш и најлошиот дар можат да го преобразат во добар.