// Google analytics code

СИТЕ ГО ПОДАРУВААТ ОНА ШТО ГО ИМАТ ВО СРЦЕТО!

Еден ден, еден сиромашен човек одел од врата на врата и барал помош. Поѕвонел на една убава куќа, а богатиот домаќин се мислел што да му даде и на крај му дал корпа полна со ѓубре.

Сиромавиот со насмевка и благодарност ја зел корпата и заминал.

 

Ја испразнил, ја исчистил и со ѓубрето ги нахранил цвеќињата во градината кои за себе си ги одгледувал. Кога изникнале и пуштиле преубави цветови, ги обрал и ја наполнил корпа со нив.

Се вратил кај истиот богаташ и му ја дал истата корпа.

Богатиот се зачудил и му рекол: зошто ми ја даваш оваа корпа полна со убави цвеќиња, кога јас тебе ти ја дадов полна со ѓубре?

А, сиромавиот му одговорил: СИТЕ ГО ПОДАРУВААТ ОНА ШТО ГО ИМАТ ВО  СРЦЕТО!

Поука: Богатството материјално не значи и богатсво и убавина во срцето. Но благодарноста , добрите дела, мисли и чуство, секогаш и најлошиот дар можат да го преобразат во добар.


About The Author