Сеноќно бдение/ All night vigil
~+~
Кога лично ќе Го сретнеме Господа, само тогаш можеме да бидеме во полна радост, односно среќа. Среќавањето на Царот на царевите, пак, не е можно на друго место, освен во нашето срце. Меѓутоа, за тоа да може да се оствари, ние треба да му принесеме достојно место, т.е. очистено срце од страстите, во кое Христос ќе може да се всели, а и со чии духовни очи ние ќе можеме вечно да Го гледаме и да се насладуваме на Неговата убавина.
~+~
When we personally meet the Lord, only then can we be fully joyful and happy. The Meeting of the King of the kings is not possible anywhere else other than in our heart. But, in order to meet Him, we need to offer Him a worthy place – purified heart from the passions, in which Christ may dwell, and with whose spiritual eyes we can forever see Him and enjoy His beauty.