// Google analytics code

Секој христијанин треба да си најде мотив и неопходност за да стане свет

vrata

Само верата, која не завршува со ова земно постоење, ни дава сила да не се врзуваме за овој земен живот и, се разбира, за неа на каков било начин да бидеме унижени, деградирани и понижени. Само човек со длабока и искрена вера може вистински да биде слободен. Зависноста од Господ Бог е единствената зависност што не го деградира човекот, што не го претвора во беден слуга, туку, напротив, го издигнува.

св.мч. Александар Медем

 

 

Секој човек во овој свет мора да реши еден проблем: да биде со Христос или да биде против Него. И секој човек ја донесува оваа одлука, без разлика дали сака или не. Или ќе Го возљуби Христос или ќе се бори против Него. Не постои трета опција.

свети Јустин Ќелиски

 

Душата што го познала Бог повеќе ништо не посакува во целост, ниту се приврзува кон нешто земно; дури и кога пред неа би ставиле царство, таа нема да го посака, зашто љубовта Божја ѝ дава таква сладост и радост на душата што дури ни животот на еден цар не би можел да ѝ понуди каква било наслада.

свети Силуан Атонски

Душата што Го љуби Бог почива во Бог и само во Бог. Луѓето не стекнуваат мир на ниту еден пат што го изодуваат во светот сѐ додека не се доближат до надеж во Бог.

свети Исак Сирин

 

Вистината не е мисла, збор, однос меѓу работи, не е закон. Вистината е Личност. Тоа е Битие што ги надминува сите битија и на сѐ му дава живот. Ако трагате по вистината со љубов и заради љубовта, таа ќе ви се открие во светлината на Неговото лице доколку сте способни да ја издржите без да бидете изгорени.

свети Николај Велимировиќ

 

Бог нѐ сака повеќе од татко, мајка, пријател, или кој било друг, па дури и повеќе отколку што самите можеме да се сакаме.

свети Јован Златоуст

 

Целта на Божјата Промисла е со вистинска вера и духовна љубов да ги соедини луѓето што биле разделени од злото. За таа цел Спасителот страдаше за нас, „за да ги собере заедно растурените чеда Божји“ (Јован 11, 52).

свети Максим Исповедник

 

Секој христијанин треба да си најде мотив и неопходност за да стане свет. Ако живеете без подвиг и без надеж да станете свети, тогаш вие сте христијани само по име, а не во суштина. Но без светост никој нема да Го види Господ, односно никој нема да достигне вечно блаженство. Веродостојно е кажувањето дека Исус Христос дојде во светот за да ги спаси грешниците (види: 1. Тим. 1, 15). Но се залажуваме ако мислиме дека сме спасени, а остануваме во грев. Христос ги спасува грешниците давајќи им начини да станат светители.

свети Филарет Московски

 

Пеземено од http://mpc.org.mk/vest.asp?id=6477


About The Author