// Google analytics code

Свештеномаченик Иларион (Троицкиј)

Ilarion Troickij

                Праведникот и рано да умре, ќе биде во мир, оти чесната старост не е во долговечноста, ниту се избројува со бројот на годините. Мудроста – тоа се белите човечки коси, а непорочниот живот – возраст на староста. Откако Му угодил на Бога, праведникот е засакан и, откако живеал меѓу грешниците, Бог го прибрал; грабнат е, злобата да не го измени неговиот разум и подмолноста – да не ја заведе неговата душа. Зашто, извршуваwето на лошото го помрачува доброто, а страсното брануваwе го развратува незлобивиот ум. Кој достигнува совршенство во кратко време, тој живее долго; зашто неговата душа Му била угодна на Господа, затоа и побрзал да го избави од безбожноста околу него. ( Мудрост Соломонова)

 

Најголемиот пораз што Христос му го нанел на ѓаволот е на Крстот затоа и Црквата е најсилна кога е на Крстот. Руската Црква во изминатиот век на „безумното едноумие“ на комунизмот беше на Крст. Во тој период најнапред маченички пострада царското семејство, за кое нас не учеа, или поточно лажеа, дека тоа било „волјата на народот“, а по нив и една плејада на исповедници од Епископи, свештеници, монаси и верен народ. Нивниот бројот не беше ништо помал од жртвите на хитлеровиот фашизам и тоа  овој пат, најмногу пострадаа добрите и интелектуалните луѓе. Сите тие храбри исповедници засветија како светила и го наполнија Небесното Царство.

Во соборот на мачениците на Руската Православна Црква особено место зазема архиепископот Иларион (Троицкиј). Длабок научник − богослов, огнен проповедник, ревносен служител на господовиот олтар, надарен администратор, мудар архипастир и бескомпромисен заштитник на Црквата и православните догмати − таква е иконата на светителот Иларион, кој своето земно служење го овенча со подвигот на мачеништвото и исповедништвото.

Светиот свештеномаченик Иларион архиепископ  иако млад по години сепак според духовната возраст е доволно возрасен да го наречеме старец. Тој тоа го посведочи со неговиот сериозен карактер и исклучителна улогата што ја имал во тоа посебно тешко време за Рускиот народ и РПЦ, кој не се поколебал и исплашил да го сведочи Христов и да стане Негов исповедник. Светиот Иларион докажува дека и во нашето современо време (тој е скоро и наш современик) и да се живее во светот, може да се сака Христос со сето свое срце, со сета своја сила и сиот свој разум. Да се живее за Него, па и да се пострада за Него, ако треба.

 

Детство

Свештеномаченикот Иларион се родил во 1886 г., во селото Липици на Каширскиот срез на московската губернија во свештеничко семејство. На  крштевање го добил името − Владимир Алексеевич Троицкиј.  Дедо му о. Петар Троицкиј бил свештеник. За него се сочувани сведоштва како ретко образуван човек, со голем авторитет меѓу народот и многу сакана личност. Еден од неговите браќа се замонашил со монашко име Димитриј и подоцна станал епископ Брјански. По дедо му и неговиот татко Александар станал свештеник, кој за време на болшевиците бил уапсен и умрел во логорите. Потоа и неговиот брат. Сите служеле во храмот Благовештение на Пресвета Богородица, крај кој и биле погребани. Подоцна отец Иларион, при секоја посета на домот, во тој храм одржувал богослужби на кои се собирале верни од сите околни села; тоа навистина бил празник за народот.
Уште од најраното детство идниот богослов, го трасирал својот пат. Еднаш Владимир го зел за рака својот тригодишен брат, и тргнал во град да се школува. По патот братчето заплакало и почнало да бара да се врати дома, на што Владимир му одговарил: „Па, добро, остани неучен!” Да се остане неучен − тоа било најстрашно за него.Живото на семејството Трицкиј се одличувало со строго патријалхално воспитување во атмосфера на строга црковност и во традицијата на православното благочестие. Неговата мајка рано умрела и детето го воспитувала мајкината сестра Надежда, која била учителка во парохиското училиште. Малиот Володја самиот научил да чита и од детски години учествувал во богослужбите.

 детски созерцанија

Љубовта кон своето мало родно место, радоста од созерцавањето на земната убавина кое преминувало во созерцавање на небесната убавина, засекогаш останале во срцето на владиката како живо чувство: Широка, пространа си ти, родна татковино! Сиромашна со надворешни украси, но богата со убавини на духот!… А, постои само еден украс… на скромните населби; божјите храмови со камбанариите се огледуваат во руските реки. Од детството навикнав, мил мој пријателу, да ја гледам таквата слика на мојата татковина, на бреговите на родната Ока. Ќе излезеш кај нас во Липици на ритчето зад селото, ќе погледнеш кон долината на Ока, погледот се протега во далечина со километри… Остро и радосно свети есенското сонце, шумно течат матните потоци, целата земја се разбудила и почнала да дише, тревата веќе зеленее. Оживува природата и скромниот народ се подготвува за Велигден. Слушаш како над реката се шири пасхалниот ѕвон, како бранови од новиот живот да се вливаат во душата, солзи навираат на очи. Долго и молкум стоиш магепсан….

Академски денови

Завршувајќи го Тулското Духовно училиште со одличен успех, а потоа и Тулската семинарија, во 1906 г. тој се запишал на Московската Духовна Академија, со која во неговиот живот бил поврзан вонредно плодотворен период во творечка смисла. Меѓу ѕидовите на академијата на Троица се формирале богословските погледи и се определиле научните интереси на идниот архипастир. Имено, овде, крај моштите на игуменот на целата руска земја на Сергиј, повикот да ја надмине омразената неслога на овој свет со созерцавањето на Света Троица, нашол одговор во неговото срце. Подоцна, во работата на светителот Триединството на Божеството и единството на човештвото, ќе најдат свои одраз оние духовни доживувања, кои Господ му ги дарувал нему во Великата Лавра.

За време на учењето во Академијата тој бил награден со наградите Митрополит Макариј и Митрополит Московски Јосиф. Владимир Троицкиј го водел, исто така, издавачкиот оддел на Пастирско−просветителското братство при МДА, занимавајќи се со издавање и распространување на списанија со духовно−етички теми за обичниот народ, учествувал во згрижувањето во училиштето на 8-9 годишни деца, во кое работеле студентите.

 

 

 

Поклонички патувања

Во периодот 1906-1913 г. заради особени успеси како награда два пати го испраќале во странство. Првото патување во 1908 г. во состав на група студенти и предавачи на МДА било на христијанскиот Исток и во некои западни земји. Посетувајќи ги Србија, Македонија, Бугарија, Турција, Грција и Света Гора/Атон, Владимир Троицкиј своите впечатоци и размислувања по повод виденото ги искажал во книгата Од Академијата до Атон. Уште тогаш, идниот светител-богослов го забележал проблемот на етнофилетизмот (национализмот) и со особена болка го преживува отсуството на единство во Православниот свет. А, посетата на храмот Света Софија во Константинопол ја свртува неговата богословска мисла кон значењето на византискиот идеал и за нему современата Русија: „Најглавна црта на византинизмот е проникнување на целиот религиозен живот со религиозни принципи и интереси. Тоа е прекрасно спојување на земното и небесното, тоа е вистинско богочовештво, а не нашето − човекобоштво…” . Токму црковно-општествениот идеал на Византија требало да стане, според мислењето на Троицкиј, идеал за лекување на современата болна Русија.
Второто патување, кое го извршил во 1912 г. по западните држави го опишува во Писма за Западот. Оддавајќи им го должното (признание) на делата на западната уметност, на природните убавини, дури и на достигнувањата на материјалната култура, Владимир Троицкиј го критикува религиозниот живот на Западна Европа во споредба со убавината и богословската длабочина на Православните црковни богослужби, со строгоста и реализмот на православната духовност.

Откако ја завршил Академијата со степен кандидат на богословие, В.А. Троицкиј бил оставен при неа во својство на професорски стипендист. Во периодот 1912-1913 г. тој работи на подготовката на магистерска дисертација и предавање..

Монашки потстриг

Во истата 1913 г., на 28 март, Владимир бил пострижен во монаштвото од епископот Никон (Рождественскиj) во скитот Параклит со името Иларион. За кое самиот отец Иларион ќе каже: „Го примив постригот и мислам дека во животот нема да имам уште една таква радост, каква што доживеав на 28 март 1913 г. Таа радост не помина со завршувањето на обредот… Во душата сè ликуваше, толку радосно беше… Од сопственото искуство можам да кажам, дека не напразно при монашкиот постриг, оној што постригува го зема расото и вели: „Нашиот брат (името) се облекува во одежда на веселба и духовна радост, за оставање и презирање на сите таги и смутови од демоните; од оние што доаѓаат од телото и од светот, а за постојана негова веселба во Христа и радување во името на Отецот и Синот и Светиот Дух”. Токму таа радост, тивка, чиста, таа веселба на чистата душа светителот ја пренел низ целиот негов живот.

Монашкиот пат кој е тесен, трновит, но и благодатен, бил природен избор за чистата душа на овој Божји избраник кој се устремил кон совршенството, ги избегнувал секој грев и соблазна на овој век, кој сакал целиот да му се посвети на Бога.

Исклучително мудрото татковско раководење на подвижникот му дал ректорот на МДА, „Јас знам и сега не сакам да кријам во што е твојата жртва за Христа − рекол епископот Теодор. − Тебе те искушува − и можеби, и сега се искушуваш од љубовта кон школата на која ѝ служиш и − чувството на претпазливост, монаштвото да не те лиши од оваа школа. Но, што е Академијата без Христа?! Тоа е − пусто место и мртов дом” Му се обратил епископот Теодор (Поздеевскиј). при неговото постригување за монах.

 

Ревносен служител на олтарот Божји

 

Но, со отец Иларион буквално се оствариле зборовите на епископот Теодор за тоа дека кога човек го жртвува најдрагото, Господ му го враќа делото од кое се откажал. Во април 1913 г. тој бил ракоположен за јеромонах и определен да ја исполнува должноста доцент на Московската Духовна академија, а на 30 мај 1913 г. назначен за инспектор на Академијата со вовеедување во чинот архимандрит. На 3 декември истата година е утврден во звањето вонреден професор по Свето Писмо на Новиот и Стариот Завет.

За Владиката Иларион Богослужбата била нешто највозвишено и многу поголемо од сите земни убавини во овој живот. Тој на Божослуженијата им се посветувал со сета своја душа и со сета своја суштност или поточно, неговиот живот го направил Богослужение.  Неговите Богослужби зрачеле со величенственост и убавина, строгост во редоследот, без некоја театралност што постола во големите архиерејски служби, но со искрена посветеност и конкретност во молитвата. Неговиот молитвен глас и милозвучното пеење на Богослужбените текстови го исполнувакло целиот храм и длабоко продирале во срцата на луѓето и ги преобразувале.  Често сакал да прави споредба помеѓу возвишеноста на Богослужбите и големите овоземни спектакли, опери или театри. И кога на овие работи ние им оддаваме толку голема восхитеност, чест и посветеност, тогаш колку повеќе тоа треба да го правиме кон Божестеваната служба. Светата Литургија за него било апсолутно најголемото дело на земјата, која истовремено е и небесна.

 

Трудољубив црковен писател

На владиката Иларион како учен богослов му било оставено сосем малку време за научна работа − помалку од деценија; но и за толку краток период тој направил многу. Во историјата на руската богословска мисла, владиката Иларион влегол превосходно како научник кој својата дејност ја посветил на откривање на православното учење за Црквата.

 

Во повеќето дела на свети Иларион може да се следи развојот на мислата за Цркавта како „собор на љубов“ – како организам, мистично Тело, чие членови се обединети од заеднички благодатен живот, чие име е – љубов. Светителот се користел со разнообразни жанрови на зборови; тоа не е само богословски трактат или есеј, туку слика на уметнички критицизам, па дури и патепис. Святитель пользовался разнообразными словесными жанрами: это не только богословский трактат или эссе, но и искусствоведческий очерк и даже путевые заметки. Владиката Иларион пишувал совршено јасно, просто и притоа со утврденост во усното слово: со неговото име е поврзана славата на извонреден проповедник, лектор, како и полемичар (говорник во академијата, а после револуцијата – во Политехничкиот музеј). Во литературните дела на светителот се пројавува возвишената простота на неговата личност. Таа простота била забележана во зборовите на епископот Теодор за време  на неговиот постриг. «Душата твоја, имајќи печат на возвишена мудрост за Христовата вистина, со љубов ја примила во себе „простотата, која е во Христос“». Овие зборови на епископот Теодор го карактеризираат целото богословско творештво на св. Иларион, со „возвишена мудрост“ од една страна, и „простота“ од друга, кое на неговите дела им дава силина и длабочина.

Еклесиологијата на св. Иларион има опитен карактер: читателот на неговите дела се приопштува кон неговиот благодатен црковен опит. Концептот на Црквата, приложен од светителот, се темели на Светото Писмо и учењето на светите отци, пришто светоотечките претставување ги доживува внатрешно, во согласност со неговата длабока срдечност. Како Православен свештеник, тој не межел да го замисли својот живот надвор од Црквата. Основно негово богословско убедување и преживување на благодатта, е спасителноста на Цркавта, нејзината возвишеност над минливата природа на битието.

Секоја дејност во основа го има дарот на Светиот Дух, а според својата појава и цел, таа треба да биде црковно служење… Не заради нас ни се дадени душевните и другите способните, туку заради Црквата и не треба на себе да си угодуваме со својата дејност, туку на Црквата… Црковно послушание земам на себе и јас, ја прифаќајќи оваа катедра. Зашто, само Црквата му дава смисла и вредност на земното постоење; само служењео на Црквата, по мое верување и убедување, ѝ дава смисла на нашата земна дејност… Ако не ѝ служиме на Црквата − нема никаква смисла секоја дејност и нема никаква смисла нашето живеење на Божјата светлина. Научната дејност не е исклучена од таквото сеопфатно служење, зашто „науката се стреми кон познание на вистината” а, „Црквата како ризница на вистината може и должна е да биде раководителен авторитет за секого кој ја бара вситината”.

Во 1913 г. тој ја одбранил магистерската дисертација Оглед од историјата на догматот за Црквата. Тој фундаментален труд станал длабок одговор на настаните во Русија, на крајната секуларизација на општеството и државата којa веќе тогаш прераснувала во богоборство. Според зборовите на сaмиот автор, „над секоја вистина ние се замислуваме обично тогаш, кога против неа слушаме противења и над прашањето за Црквата древната богословска мисла го сосредоточувала своето најголемо внимание тогаш, кога се појавувале лажните погледи на Црквата од еретиците и расколниците.” Самиот труд на идниот исповедник и заштитник на Црквата од ереста на обновништвото, станал не само размислувања за историјата на догматот, туку и апологија на единството и светоста на Црквата.

Верувам во една, света, соборна и апостолска Црква! − така накратко може да се определи правецот на неговите трудови. Темата на магистерската дисертација нашла продолжување во делата Христијанство или Црква, За неопходноста од историско-догматска апологија на деветиот член на Символот на верата, Нема Христијанство без Црква, За животот во Црквата и за црковниот живот. Меѓу неговите трудови има и дела по егзегетика, работи на црковно-општествени теми, кои често се објавувале во Богословски весник и журналот Христијанин. Многу ставови во неговото слово за Прогресот нашле одзив во умовите и срцата на современиците. Неговото слово било чисто аскетско-исихастичко, според духот на древните Отци, дека стремењето кон прогресот, кон создавањето комфорни услови на живот, води кон огрубување, материјализирање на човекот, а стремењето на човекот кон возвишеното, кон етичкото обновување и внатрешно преобразување и просветление, води кон вистинско суштинско, не надворешно, обновување на човекот и општеството − воопшто.

 

 

Духовна радост во Христос

Главана карактеристика на светителот и свештеномаченикот била исклучителната духовна чистота кој што ја зачувал преку целиот негов живот, за што најсигурен знак било природното и радосно сообразување на добродетелта како и со страдањето од грев, кој заради неговото доволно го очистил своето срце од страстите и бил напаѓан само во помислите. Светителот сведочи за сопствениот внатрешен опит, кога пишува: «Животот и усовршувањето на личноста во Црквата со себе носи среќа и блаженство»;«самата добродетел е блаженство, а гревот е страдање»; «Како што со гревот неразделно е поврзана неговата последица – страдањето, така со добродетелта е соединето блаженството».

Во слични простодушни лични признанија е изразена чистотата на светоста на овој Божји избраник. Со вродената чистота на душата е соединета и природната веселост на светителот. Повторно, од сопственоискуство вели: “На земјата постојат носители на торжественото Христијанство, секогаш радосни, секогаш со пасхални песнопенија на усните, и нивното лице е како лице ангелско.” Духовна веселост на моменти, гледаме дека го исполнува, па се прекршува дури и во богословско-полемичките дела. Светителот тоа го сочувал и во најтешките услови во Советските логори. Тој се трудел да ги научи на таа радост и оние кои не ја поседувале: „Иларион сакаше да вели дека колку што христијанинот е должен да ги осознава своите гревови и да тагува заради нив, толку тој е должен да се радува на бесконечната милост и благост Божја и никогаш да не се сомнева и да не очајува во својот животен подвиг“ –пишува С. Волков. Навистина, според името му беше животот на Св. Иларион (заб. на прев. – Иларион значи радосен, весел)! Склоноста кон длабоката и други световни веселби уште сосема младиот светител го побудуваат да се сети на преподобниот Серафим Саровски со неговиот вообичаен пасхален поздрав „ радост моја, Христос воскресна“.

Совесен воспитувач

Како инспектор на Богословијата, отец Иларион првенствено се грижел за воспитувањето на студентите во црковноста, ги привлекувал во активна црковна, просветителска и проповедничка дејност. Тој се грижел и за надворешната дисциплина. Тој бил сестран и целовит воспитувач и со тоа оставало кај студентите голеам впечатливот. Еве како еден од неговите студенти, С.А. Волков, во своите спомени ќе го опишал портретот на архимандритот Иларион: „Висок и строен, многу умерено и пропорционално исполнет, со јасен и прекрасен поглед на сините очи (тој беше малку кратковид, но никогаш не користеше очила), секогаш гледаше уверено и директно, со високо чело и неголема густа, руса брада, звучен глас и јасен изговор, тој оставаше силен впечаток. Нему не можеше да не му се восхитуваш… Целосноста беше главна црта на неговата личност. Тој смел, исклучително талентиран човек сè восприемаше творечки… Иларион со својата личност благодатно влијаеше на мене со непосредноста, со авторитетноста во бранењето на убедувањата, со свеченоста во богослужењето, со енергичноста и радоста во животот… Иларион сакаше да рече, дека христијанинот, колку што мора да ги осознава своите гревови и да се кае за нив, исто толку е должен да се радува на бескрајната милост и Божја благодат и никогаш да не се сомнева и да не очајува во својот животен подвиг. Тој самиот поразително се восхитуваше и имаше љубов кон сè што му беше драго и блиско − кон Црквата, кон Русија, кон Академијата, и со таа бодрост ги заразуваше, ободруваше и закрепнуваше сите околу него” .

Бранител на патријаршеството

Подоцна, по крвавите богоборечки настаните на комунистичката револуција во февруари 1917 г. во Академијата се случиле промени. За нов прокурор од Временото Раководство на В.Н. Лвов, од должноста ректор бил разрешен епископот Теодор, а временото управување со Академијата му го довериле на инспекторот архимандрит Иларион. Во новата учебна 1917/1918 за ректор бил избран професорот А.П. Орлов, а архимандритот Иларион по неговата одлична лекција во Академијата искажана за заштита на патријаршеството, еднодушно бил избран за инспектор. На таа должност му било судено да го дочека затворањето на Духовната акдемија од новата Комунистичка власт.

На 15/28 август 1917 г во Успенскиот собор храм на Московскиот Кремљ, со торжествена богослужба ја почнал својата работа Помесниот Собор на Руската Православна Црква, собор на идни мченици и исповедници кои својата вера ја посведочија со крв, собор на оние кои богословеа пред сè со животот.

Главна задача која требало да ја реши Соборот била воспоставувањето на патријаршеството. Мислењето на членовите по тоа прашање било поделено. Меѓу заштитниците на патријаршеството особено се истакнувала личноста на архимандритот Иларион (Троицкиј), кој настапил со остро слово кое ги поразило слушателите: „Москва ја нарекуваат срце на Русија. А, каде во Москва бие руското срце? На пазарите? На Кузнецкиот мост? Тоа, секако, бие во Кремљ. Но, каде во Кремљ? Во окружниот суд? Или во војничките касарни? Не, туку во Успенскиот храм.Таму до предниот десен столб мора да бие руското православно срце. Орелот на петровото, по западен пример устроено самодржавие го исколвал тоа руско православно срце, светокрадливата рака на нечестивиот Петар го симна Рускиот Првосветител од неговото вековно место во Успенскиот храм. Помесниот Собор на Руската Црква со власта што нему му е дадена од Бога ќе го постави Московскиот Патријарх повторно на неговото законско неодземливо место…” (8).

Личноста на младиот архимандрит, секако, не им била широко позната на мнозинството членови на Соборот. Но, во тоа време тој беше познат во академските кругови, на неговото мислење внимаваа претставниците на интелегенцијата. Како авторитетен еклесиолог, тој убедително покажал дека патријаршеството органски му е својствено на црковниот организам, дека таму каде што се урива принципот на ерархијата, што значи и на првоерархиството, се урива црковниот живот.

Но, уште тогаш светителот пророчки го претставил сосема новиот изглед на Патријархот: „Настапува такво време − зборувал тој во говорот во московската академија во заштита на патријаршеството − дека патријаршискиот венец ќе биде не царски, туку поскоро, венец на маченик и исповедник, кому му претстои самопожртвувано да управува со коработ на Црквата во неговата пловидба по бурните бранови на животното море”..

Воспоставувањето на патријаршеството било исполнување на заветната желба на младиот богослов. Според сведоштвото на еден современик, после изборот на светителот Тихон, отец Иларион не можел да ги задржи солзите од умиление за време на свечената семосковска крстна литија, во која учествувал новоизбраниот Патријарх .

Меѓутоа , таа негова ревност им ги бодела очите на непријателот. Во 1919 г. тој бил уапсен и во Бутирскиот затвор поминал околу два месеца. По ослободувањето отец Иларион се сместил кај својот пријател, отец Владимир Страхов, кој живеел во Сретенка. До своето ново затворање владиката своето време го минувал во напорна дејност: работел кај светиот Патријарх во Донскиот манастир, речиси секој втор ден служел Литургија, проповедал, често му помагал на Патријархот…

 

 

Епископско достоинство

По изборот на патријаршискиот престол на светителот Тихон, архимандритот Иларион станува негов верен помошник. На 12/25 мај 1920 г. во денот на споменот на светителот Ермоген − Патријарх Московски и на цела Русија, архимандритот Иларион бил хиротонисан од Патријархот Тихон за епископ Верејски, викар на Московската епархија. Светителот тогаш имал 34 години. Започнал патот на овој Божји избраник кон Голгота, заедно со Патријархот, со Црквата, со неговата сакана Русија.

Во словото при неговата хиротонија Патријархот Тихон пророчки претскажал дека Црквата ја очекуваат тешки времиња на маченисштво и прогон и ја истакнал одговорноста и тежината која треба да ја понесе секој епископ како служител Божји. Но од историјата на Црквата знаеме дека кога таа е гонета, тогаш е и најсилна дека и секој од нив е треба да биде спремен да посведочи за Христос и ако треба маченички да ја пролие својата крв за верата. Светителот Иларион со полна свест за тоа го примил епископскиот чин, подготвен и маченички да пострада за Христос, кое подоцна и ќе го потврди.

Во беседата на устиличувањето нархимандритот Иларион кажал: “јас порано читав книги, сега сум должен да читам срца човечки, мудри и често пати неразбирливи. Тогаш јас пишував со туш на хартија, , од сега ми претстои со благодатта да го пишувам образот Божји во душите човечки.  Порано јас се учев, а сега сум должен да ги водам луѓето кон спасение. Порано можев да останам под покрив, сега вие ме поставувате на свеќник во Црквата. Порано, можев да се кријам од луѓето и да пребивам во мојата саканата анонимност, сега сум должен да светам пред луѓето со светлината на добрите дела. Се сета душа го сакав јас академскиот живот, одвоен од светот, возвичен над светот, осамен, како во пустина. Сега вие ми ја отимате надежта на таа пустина и целосно ме враќате (во светот). Епископоте е должен да биде во циклусот на човечкиот живот. Во него има секојдневно пристапување на луѓе, кое може да се нарече и напад во сите денови (2 Кор.11;28.), и во секое време на сите треба да им биде се (1 Кор.9;19.),, себе заробувајки се (1 Кор.9;22.) со немоќните , немоќен (2 Кор.11;29), едни да ги утешува, други да ги води, а некои и да ги разоблицхува (2Тим. 1;9) … И сега стојам пред Вас Архипастири, го примам Вашиот чин, кој и со зборови е тешко да се искаже, но цврсто ја полагам мојата надеж воГоспдоа. Јасно гледам сега дека има голема потреба од работници на нивата Божја и не без Божјата волја се поставуват Епискоите во Црквата.“

Свети  Иларион се красел со голема смиреност. Тој како епископ, редовно одел на Богослужбите во Сретенскио манастир. Учеството во службите како обичен монах, не како архиереј. Само во монашки подрасник, без панагија, со камилавка и ои заедно со монасите пеел на певницата, и на средината на храмот, вдахновено го читал канонот. Имал најпријатен глас, чист, звучен, млад, висок, тенор. Пеел просто, не по ноти, но толку трогателно и за душа. Според спомените на С.А. Волков; „тој на богослужбата ѝ се оддаваше со сета своја душа, како на главно дело во својот живот” . Светителот ја познаваше, разбираше и сакаше богослужбата. По неговите зборови, „нашата богослужба е жива стихира на староцрковното светоотечко возвишено богословие” .

Време на прогонство

Но непријателот не мирува. Во 1921 г. него повторно го апсат и го испраќаат во Архангелск (според други податоци − во Холмогора, каде што тој живеел во концентрациониот логор во најкошмарни услови), каде што се наоѓал до 1923 г.

Периодот кога владиката повторно се појавил во Москва демнел со нови опасности за Руската Црква и за целиот руски народ. Страшен глад, гладни бунтови беспоштедно загушувани од властите, насилно одземање на црковните скапоцености, откривање и подбивање со свети мошти… Светителот Тихон бил уапсен, а по целата држава започнале „процесите за црковниците.”

обновлениците

Покрај нападите од надвор, непријателот се обидел да нападне и одвнатре од самата структура на Црквата, кое можеби е и полошо и пострашно од првото. Тој инсталирал свои „луѓе“, поткопувачи на Црквата и ги поставил на врвните позиции. Ситуацијата ја искористиле претставниците на движењето што созреало во пазувите на Руската Црква на маргините на вековите, кои со измама го презеле управувањето со Црквата т.н „ обнолвеници“. Со непосредно раководство и помош од безбожните власти обновленците почнале да ја спроведуваат својата уривачка дејност. Во мај 1923 г. обовленците одржале разбојнички собор, на кој го лишиле од монашки чин бившиот патријарх Тихон. Сепак, околностите така се склопиле, што властите биле принуден да изберат нова политика.

На 14/27 јуни 1923 г. по дадената изјава од светителот Тихон во Врховниот Суд РСФСР тој бил ослободен со стража и следниот ден му се обратил на народот со повик каков што од него барале властите. Пред давањето на таа изјава претходеле преговори, во врска со кои светителот се консултирал со своите нјаблиски соработници и пред сè, со владиката Иларион, кој оттогаш станува негов најблизок соподвижник, кој со првосветителот ги дели сите маки и мисли, кој ќе го сподели и неговото крстно служење.

 

Мудар црковен дипломат

Свештеномаченикот Иларион бил многу мудар, прониклив и далекувид црковен администратор и политичар. Тој имал јасен и целосен увид на реалната состојба и бил подготвен да оди на компромиси со власта, ако за сметка на тие компромиси можело да се одбрани чистотата на Православната вера и да им се нанесе удар на оние што биле главна опасност за Црквата однатре. Една работа е надворешното гонење на Црквата, кое траело веќе неколку години, а друго е кога надворешното гонење се удвостручува со внатрешно подривање, кога богоборечката власт се обидува да го искриви црковниот живот, да направи страшен фалсификат, да ја замени Црквата − Телото Христово со еретичко општество кое себе ќе се нарекува црква.

Владиката Иларион го советувал Патријархот Тихон да не се вознемирува од компромисите на политички план, ако од тоа се има полза во борбата со обновенците. Напишаното Послание од архиепископот Иларион до Патријархот Тихон, од 18.06 (01.07) 1923 г., кое ги содржи отстапките по политички прашања, кои од него ги барале властите, ќе биде соединето со непомирливост во однос на обновенците.  Се договориле во Посланието да не влезе сè што барале властите. Исто така, за возврат на тоа Послание властите делумно ја запреле инструкцијата на Наркомјуст од 11.06. 1923 г., со кое се барало регистрирање на сите храмови во рок од три месеци. Во спротивно тие би биле затворени. Тоа било многу важно, затоа што властите ги регистрирале само оние парохии, каде што имало обновенско духовништво.

Како резултат на тие тешки многучасовни преговори меѓу владиката Иларион и соработникот на ГПУ − Е. Тучков се појавува тоа Послание. Го пишува архиепископот Иларион, а потоа патријархот Тихон го редактира и го потпишува:„Тешко време преживува нашата Црква. Се појавија многу групи со црковно-обновенски идеи… Обновенците свесно или несвесно ја фрлаат Православната Црква во секташтво, воведуваат сосем непотребни реформи, отстапувајќи од каноните на Православната Црква.” Меѓу другото, пишувало.

Секако, меѓу современиците тие посланија предизвикале различни мислења, пред сè, по политичките прашања и од самите членови на Црквата. Но меѓутоа, малкумина знаеле дека зад тоа стои мачен притисок од властите за совеста на Патријархот, дека зад тоа стојат најтешки преговори со нив, со кои се правеле обиди некако да се омекнат гонењата против Црквата.

Неговиот поглед не би само за денес, за времето во кое тој живее, туку многу подслеку. Неговиот поглед продирал во времињата што ќе дојдат. Светителот провидувал, дека, ако не нивните современици кои се откажаа од Бог и ја отфрлија Црквата, тогаш нивните деца или внуци ќе се најдат пред прашањата; постои ли Бог, како до него да се дојде. И ако по многу години во Русија Црквата ја нема, никој не ќе им одговори на следните поколенија на тие прашања. Свештеномаченикот Иларион заедно со Патријархот Тихон би можел да рече: „Нека загине моето име во историјата, само Црквата да има полза”  Во таа позиција имало многу трпение, сострадание, христијанска мудрост и љубов. Времето покажа дека светителот имал право.Бог е верена на своите ветувања :кој умре за себе и свето ќе наследи стократно повеќе и живот вечен кои се оствариле и иа св.Иларон. Него Бог го прослави на Небесата а Црквата Во Русија доживува вистинско препородување.

Веднаш по ослободувањето на Патријархот Тихон, владиката Иларион превзел решителни дејства против обновенскиот раскол. Владиката Иларион бил многу популарен меѓу московското духовништво и буквално обожаван од народот. Самата надворешност − висок, бела брада, иконописни црти на лицето − импонирала со својата величественост, строга елеганција, своевидна личба. Еве вистински светител − и несакајќи му доаѓала мислата секому кој го видел Иларион. Епископот бргу ја разбрал новата позиција на патријархот и станал нејзин активен спороводник. Во тие денови тој преговарал со стотици свештеници, лаици, монаси и монахињи. Тој се договорил во парохиите за чинот на нивното присоединување кон Патријархот преку покајание. Благодарение на нескротливата енергија на тој човек црковната организација во Москва била воспоставена за два дена” .  Сведочи А.Е. Левитин-Краснов кој и самиот учествувал во обновенското двиежење.

 

 

Резултати од преговорите-општо покајание на обновлениците и враќањето кон крилото на Црквата

Како одличен оратор, владиката Иларион произнесувал проповеди против обновенскиот раскол, настапувал на диспути против обновенскиот лидер Александар Воведенски и советскиот нарком за просвета А.В. Луначарски. Многу московјани во тие години станале сведоци на убедливите победи на православниот архиереј над своите противници.

По спомените на Варлам Шаламов, основен карактеристичен признак на неговото слово била увереноста во Вистината; тоа на луѓето влијаело непорекливо и длабоко .

Во јули 1923 г. архиепископот Иларион го прима во општење обновенскиот клир во соборниот храм на Сретенскиот манастир. Владиката Иларион како вистински познавач на Православната еклесиологија и чувар на чистата вера настојувал обновенските клирици да се примаат преку покајание, но ако својот чин тие го добиле во обновенството, тој чин да не биде признат. Сите обновенски храмови повторно биле осветувани, што по каноните се прави со еретички храмови. Со тоа владиката Иларион го истакнувал еретичкиот карактер на обновенството. Во тоа тој беше непомирлив.

На 15/28 јули 1923 г. во Донскиот манастир се случило јавно покајание на Страгородскиот митрополит Сергиј пред патријархот Тихон. Патријархот му дал крст и панагија, а владиката Иларион му врачил бел клобук/капа.Во многу благодарение на дејноста на епископот Иларион почнало масовно враќање на клирот и лаиците во „тихоновата” Црква. Храмовите што биле заземени од обновенците почнале да се празнат.

Во своите неуморни трудови светителот прибегнувал кон небесното застапништво на светите Божји угодници, особено значење придавајќи му на молењето за Русија на преподобниот Серафим  Саровски .

Во јуни 1923 г. владиката Иларион бил воведен во чинот архиепископ. Светителот Тихон го вклучува владиката во составот на Времениот Патријаршиски Синод, во кој дејствувал тој.

 

 

Обновени прогонства

Властите не му ја простиле на владиката неговата дејност во борбата против обновенците и во закрепнувањето на единството на Црквата, не му ја простиле неговата преданост кон Свјатејшиот Патријарх. Во ноември 1923 г. светителот Иларион повторно бил уапсен.

Со решение на Комисијата НКВД по административни прогони, тој бил осуден на три години концентрационен логор. Во животописот на архиепископот Иларион, составен од протопрезвитерот М. Полски, се вели дека пред Соловка тој веќе бил една година во Архангелск (и во Кемскиот логор). Кога ја видел целата таа ужасна состојба, дури тој, животорадосниот и бодриот, рекол: „Од овде живи нема да излеземе.”

Еден од свештениците − затвореник со владиката во Соловка − дава ваков опис на неговата личност: „Архиепископот Иларион е млад човек, животорадосен, сестрано образован, одличен црковен проповедник, оратор и певец, блескав полемичар со атеистите, секогаш природен, искрен; секој пат, каде и да се појавеше, ги привлекуваше сите кон себе и сите го сакаа… За една година заеднички затвор, сведочиме за неговото целосно монашко нестекнување, длабока простота, вистинско смирение, детска кроткост ”.

 

прво рибарите богослови ги покажа,а сега обратно − богословите рибари ги јави

Во Соловка владиката плетел мрежи и бил рибар. За таа работа тој зборувал со преместување на зборовите од стихирата на Духовден: „Сè дава Светиот Дух; прво рибарите богослови ги покажа,а сега обратно − богословите рибари ги јави” . Неговата вера и љубов кон Бог бил чиста и силна и тој буквално го живеел Евангелието.Неговата благодушност, по сведоштвото на истиот отец Михаил Полски, се простираше и на советската власт, во случајот како непријателска. Б. Ширјаев видел како владиката го спасил војникот Сухов кој потонувал. Тој истакнувал дека затворот е бесценета школа за добродетели. Клирот го крадат, тоа е повод во себе да се воспита нестекнувањето; повредуваат, навредуваат, бијат − смири се, возљуби го мразителот. Владиката во логорот не ја прекратувал својата архипастирска дејност, не избегнувајќи општење ни со криминалците. Неговата љубов кон секого, внимание и интерес кон секого − биле поразителни.

Идниот познат писател Олег Волков, тогаш како млад човек, одел во посета кај владиката. „Преосвештениот нè пречекуваше радосно − си спомнуваше тој. − Во простотата на неговото однесување беше прифаќањето на луѓето и разбирањето на животот… Ние му ја целивавме раката, тој нè благослови и веднаш, како да ја избриша секоја граница меѓу архиепископот и лаиците, нè прифати за рамења и нè повлече кон масата” . Треба да веруваме дека Црквата ќе опстои, без таа вера не може да се живее. „Нека останат и најмали, тукушто незгаснати пламенчиња, некогаш од нив сè ќе започне повторно. Без Христа луѓето ќе се изедат меѓусебно” − ги запишал Волков зборовите на владиката.

По зборовите на М. Полски, зад изгледот на веселоста и дури световноста можело постепено да се види чистотата, големото духовно искуство, добрината и милосрдието, етичкото совршенство. Тоа било јуродивство, со кое светителот го криел своето внатрешно делување. Под раководство на светителот клирот добивал огромно искуство, бидејќи тој со својот пример покажуваше што значи да се смируваш.

Позната е уште една епизода од животот на светителот во логорот. Кога пристигнала веста за смртта на Ленин, на затворениците им заповедале да престојат пет минути во молчење. Владиката демонстративно лежел на штиците и велел: „Помислете, отци, што се случува сега во адот: Самиот Ленин таму отишол, каква радост за демоните” .

Кон крајот на летото 1925 г. архиепископот Иларион неочекувано бил испратен од Соловецкиот логор во Јарославл, во изолаторот „Штали.” За тоа време светителот си споменува како за најсветло време во долгата неволја. Властите, надевајќи се дека ќе склучат некој договор, дозволиле невидени привилегии. Тој можел да чита какви сака книги, да пишува, и после цензурата, да го испрати напишаното кому сака. Во неговите писма кои се познати поразува големото смирение и големата благодарност кон Бога за сè што му дарувал, за маките и радостите. Како свети Јован Златоуст, рускиот светител често повтарал: „Слава му на Бога за сè.”

Владиката бил преведен во Јарославл за преговори со соработникот на ГПУ Е. Тучков и епископот Гервасиј (Малинин), кои се обиделе владиката да го повлечат на страната на новиот „григориевски” раскол предводен од епископот Екатеринбургски Григориј. Но, на ветувањата дека ќе стане митрополит, на лагата и измамата, владиката ја знаел горчината и последиците на расколот и категорично одбил. Меѓутоа кога ќе одбиеш суетен човек неговата суетаа е повредена неможе да се смири, па жестоко возвраќа.Тогаш соработникот на ГПУ рекол: „Пријатно е да се поразговара со умен човек. А, колку време поминавте во Соловка? Три години?! За Иларион три години! Толку малку?!” . Потоа владиката добил нов рок. Владиката прво бил на Попов остров, а потоа го пренеле во Кремљ, потоа на Секирка − во казнен изолатор, каде што смртта била секојдневна појава.

 

 Воскресенска радост и во логорот

 

Но Бог не ги заборава оние кои го сакаат и на Пасха 1926 г. владиката Иларион од Ејхманс − началникот на СЛОН, добил дозвола да изврши богослужба.

Пасхалната утрена се одржал во стариот храм Св. Онуфриј, крај гробиштата. Присусутвувале мноштво народ, трошната црква не можела да го собере ни логорското духовништво дури и на гробиштата било преполно народ.. Гласот на владиката Иларион доаѓаше од длабочината на храмот, среде тишината на северната ноќ. Започнала полунокницата, Архиепископот Иларион ја возгласил утрената “Да воскреснет Бог, и расточатся врази Его...” сите запеале “Христос воскресе!” Чуствата биле испомешани. Дали да плачат или се смеат од радост, незнаеле? Но секако дека солзите радосници биле присутни на нивните лица! И ете, на улицата излезгла крстната литија… Христос воскресна! − Навистина воскресна! − прозвучило под свечената купола овенчана со небесниот свод. „Со победничко, ликувачко пеење за сотрената, победена смрт, одеа оние кои таа ги демнеше секој час и секој ден… Торжествениот хор на ‚оние во гробовите′ славеше и го потврдуваше своето идно, неизбежно воскресение, кое не може да биде спречено од силите на злото” − така напишал Б. Ширјаев за таа неповторлива утрена. Во неволни услови владиката Иларион, како и до тогаш, се чувствувал себе си православен јерарх, одговорен за состојбата на Црквата, за својата паства.  Во Логорот многумина во него гледале духовен Отец мисионер. Неговиот углед во манастирот бил толку голем што информациите за неговите активности стигнале и до имиграциониот камп И благодарение на него, Соловецкиот логор во 20тите од минатиот век постанал еден вид духовен дом и место за спасение ан многумина.

 

 

 

 

 

Соловецкото послание

 

Свети Иларион бил еден од опишаните во книга„ «Памятной записки соловецких епископов» (27 Мај/ 9 Јуни 1925 год.), ја искажуваше волјата на епископите и се важеше како еден неофицијален црковен собор. Во „ Записите“ ја имало разработено целата состојба на Црквата и властта во тоа време. Авторите на „Записите“ отворено ги опишувале сите услови и систематското прогонување на Црквата од Советската власт и ја разобличувале неправедноста на обновеништвото.

Во јули 1926 г. архиепископот Иларион настапил како еден од иницијаторите на Соловецкото послание − обраќање од епископите во Соловецкиот логор до раководството. Во тоа обраќање, во духот на лојалноста, епископите предлагале свое решение за многу црковно-општествени односи, не избегнувајќи ги и најострите прашања. Кога се појавила нова поделба, предизвикана од појавата на т.н. Декларација на Заменикот на патријаршискиот месточувар, митрополитот Сергиј (Старогородски), од 27 јули 1927 г., владиката Иларион, разбирајќи ја изнуденоста на некои негови чекори, сите ги предупредувал за расколот.

Митрополитот Мануил (Лемешјовскиј), затвореник со владиката, пишува: „Во ноември 1927 г. некои соловецки епископи почнаа да се колебаат во врска со јосифовиот раскол. Архиепископот Иларион успеал да собере петнаесетина епископи во келијата на архимандритот Теофан, каде што сите еднодушно утврдиле да ја чуваат верноста кон Православната Црква, возглавувана од митрополитот Сергиј.Никаков раскол!′ − извикал архиепископот Иларион. − ‚Што и да почнат да ни зборуваат, да гледаме на тоа како на провокација!”

По повод „јосифовиот” раскол, архиепископот Иларион им пишувал на епископот Виктор (Островидов) и на други лица. Тој остро ја порекнувал позицијата на расколниците и ги потсетувал за безгласноста на епископатот во синодалните времиња, кога преместувањето на други катедри било вообичаена појава. Според мислењето на владиката, одделувањето од митрополитот Сергеј е − „многу тежок престап во условите на дадениот момент

 

 

Последните денови

На 6 октомври 1929 владиката го превеле од затвор во болница. Со висока температура, тој одел низ градот губејќи ги последните сили. Кај него откриле пегав тифус. Кон крајот на 1929 г. властите решиле да го испратат светителот на доживотен затвор. Владиката го превезувале етапно − од еден затвор до друг. На патувањето го украле и во Петербург го однеле, веќе болен, за празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица.

Митрополитот Серафим (Чичагов) се обидел да му помогне, но тоа не било можно. Владиката Иларион ја изгубил свеста. Малку пред крајот му олеснило. Од болницата им пишувал на блиските: „Јас сум тешко болен од пегав тифус… во сабота, на 15 декември се решава мојата судбина (криза на болеста), тешко дека ќе ја поднесам”. Преку денот неговата температура се искачила на 41°, тој иако изнемоштен, сам пешки се упатил кон болницата, но помошта кон страдалникот била невозможна. Кога во болницата му кажале дека треба да го избричат, владиката рекол: „Сега правете со мене што сакате.”

 

Неколку дена подоцна почнал да паѓа во агонија. Пред смртта кај владиката дошол лекар и побрзал да заведе дека кризата минувала, на што владиката одговорил: “Сега сум прилично слободен!” „Колку е добро што сега сме далеку од…”  Тоа биле последните зборови на праведникот кој ја очекувал радосната средба со Бога.

 

Блаженото преставување и погребението

На 15 декември 1929 г. се случило блаженото преставување на владиката кај Господа. Митрополитот Серафим го побарал за погреб телото на архипастирот. Ноќта грубо ископаниот гроб го предале на роднините. Архиепископот Иларион не се распознавал. Во гробот лежел истоштен старец, со избричена глава, а Свештеномаченикот имал само 43 години, меѓутоа неговиот надворешен изглед на старец изгледал соодветно на неговиот духовен раст на старец.

Митрополитот Серафим ја дал својата бела одежда, белата митра. По облекувањето владиката го положиле во друг, подобар гроб.

Властите поставиле услов да нема никаков свечен погреб и никакви надгробни говори. Опелото се одржало во Воскресенскиот храм на Новодевичеевиот манастир. Митрополитот Серафим (Чичагов), архиепископот Алексиј (Симанскиј), епископот Амвросиј (Либин) и епископот Сергиј (Зјенкевич) се молеле во олтарот, а самиот чин го вршел епископот Николај (Јарушевич) . (Според податоците од отец М. Полски, опелото го извршил митрополитот Серафим). Надгробните слова биле забранети, но владиката Николај ги прочитал блаженствата, додека сите присутни плачеле.

Блаженствата се скалила кон Царството Небесно и кој ќе ги помине за време на неговиот живот тој дошол до Бога и царствот Божјо. Свети Иларион секоја од тие заповеди ја исполнил, за што свдочи неговото житие. И ете, откако исполнил сè што Господи му назначил, архиепископот Иларион со соборот на руските новомаченици и исповедници, од горните живеалишта ја слушал молитвата од Црквата што војува: „Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата.”

Според зборовите од Евангелието: Кај што е трупот, таму се собираат и орлите – каде што е духовникот, таму се собира и верниот народ кој го бара Бога. На опелото и погребот спонтано дошле неколку илјади верни жители од градот. Храмот не можел да смести ни мал број од оние што сакале да се простат со владиката. Архипастирот кој на слобода не проживеал ни две години од своето епископско служење, по особена Божја промисла го завршил својот земен пат во северната престолнина и стана претстоител и молитвеник за петербургската паства. Владиката го погребале на гробиштата на Новодевичеевиот манастир. Почитувањето на свештеномаченикот Иларион почнало веднаш по неговото упокоение,

На свои 26 г. идниот свештеномаченик напишал, дека научил со особена љубов и срдечна возбуда да ја чита од Поменикот молитвата за Црквата: „Најпрво спомни ја Господи, Твојата Црква – соборна, апостолска, која си ја добил со Твојата чесна крв, и утврди ја, укрепи и рашири, умножи, смири и непобедена од портите на адот во векови зачувај ја, раздорите стивни ги, паганските метежи згасни ги и појавувањето на ереси бргу разурни и искорени го и во ништо претвори го со силата на твојот Свет Дух”. Движен од таа синовска љубов кон Мајката Црква, архиепископот Иларион на земјата го поминал својот крстен пат на исповедничко служење, а сега е застапник пред Престолот на Севишниот.

 

Не многу десетолетија по неговото блажено упокојување верниот народ не престанале да го споменуваат нивниот пламенен архипастир како маченик за верата Христова.

Канонизацијата на архиепископот Иларион, современикот и соподвижникот на Светитеот Тихон, Патријархот серуски, како локално-почитуван светител била извршена за време на Литургијата на 10 мај (27 арил) 1999 г. во московскиот Сретенски манастир од Свјатејшиот Патријарх Алексиј.

Предходниот ден , на 9 Мај, со мал авион неговите свети мошти биле пренесени од Петроград во Москва последувани од игуманијата Софија заедно со неколку сестри и настојателот на Сретенскиот манастир архимандритот Тихон (Шевкунов). Во соборниот храм на Сретенската обител, каде биле пренесени светите мошти, се одржало сеноќно бдение, на кое присуствувале голем број на луѓе.

А неговото општоцрковно прославување се одржало на јубилејниот Архиерејски Собор во 2000 г. Споменот му е на ….

 


About The Author