Свети Силуан Атонски – Отец Гаврил Галев
24 СEПТEМВРИ
Животот и делото на Свети Силуан останало сокриено за многумина сe’ до неговото завршување на овоземниот живот и неговото блажено преставување пред Бога, по Кого, како паднатиот Адам, цел живот плачел и копнеел и со солзи Го барал. Тоа е израз на неговото длабоко смирение иако неговото познание и заедница со Бога била најприсна и лична како со пријател.
Неговиот животен пат во многу потсетува на сите нас кои денес сме Христови и живееме во ова современо општество на соблазни и богоотстапништва. Затоа слободно можеме да кажеме дека свети Силуан е најавтентичен монах на денешницата и предводник на новиот бран “современо” монаштво.
За свети Силуан најмногу дознаваме од неговото духовно чедо светиот старец Софрониј (+1993), Архимандрит на манастирот на свети Јован Предвесник во Есекс, Англија, од неговата Боговда-хновена и многу корисна книга Старец Силуан.
Свети Силуан, со световно име Симеон Иванович Антонов, е роден во 1866 го-дина во Тамбовската губерија, како син на прост селанец, земјоделец, но богат со добродетели и добро срце, од когошто ја наследил кротоста и незлобивоста.
Впечатлив е настанот од неговото детство, кога татко му примил некој учен човек од кого се надевал дека ќе научи нешто добро. Но наместо добро, тој почнал да спори дека Бог не постои: Каде е Он, Тој Бог – се проти-вел неразумниот интелектуалец. Овие зборови длабоко продреле во душата на четиригодишниот Симеон, кој откако заминал гостинот, си рекол: “Кога ќе пораснам ќе одам по целиот свет и ќе го барам Бога“.
Откако пораснал, почнал да работи како столар на едно градилиште. Во тоа место се наоѓале моштите на свети Јован Сезеновски (1791-1893) и чиј спомен меѓу луѓето сеуште бил свеж. Тој пошол да се поклони на неговите свети мошти и слушајќи го раговорот за неговите чуда, дошол до заклучокот: Ако тој (св. Јован) е свет, тоа значи дека Бог е (насекаде) со нас, тогаш не мора да одам и да го барам.
Од тогаш тој се чувст-вувал дека ја нашол верата. Неговиот ум се обратил кон Бога, та непрестајно со солзи се молел и плачел за Него. Сакал уште тогаш да се замонаши во Киево-Печерс-ката Лавра но татко му му рекол: Отслужи најпрво војска, па тогаш биди слободен да одиш.
Таа состојба кај него потрајала три месеци, но подоцна световните соблазни го повлекле по широкиот пат. Тој бил крупен и убав младич, добродушен и весел по природа, заради што бил омилен меѓу младите. Се дружел со врсници и девојќи, пиел вотка и се забавувал, а и имал своја девојка со која се дружел.
Од тоа време во негово сеќавање останува тепачката што ја имал со еден младич, за која цел живот се каел. Се степал затоа што неговата младешка суета и гордост не му дозволувала да биде исмеан пред девојките. Тогаш толку силно го удрил во градите, што овој иако толку голем, од ударот одлетал и паднал далеку од него, а од устата му потекле пена и крв. Си помислил: Убив човек, но за негова голема среќа, мла-чот останал жив. После тоа, морал да се крие некое време и биде претпазлив затоа што неговите браќа и другари го барале со ножеви и колови за да го фатат.
Така во неговата бујна младост Симеон полека но сигурно, почнал да го гуши монашкиот повик во него. Но Господ не ги заборава Него-вите избраници. Еднаш имал сон како змија му влегла во устата. Почувствувал силно гадење и се разбудил. Тогаш слушнал глас: Ти во сонот голтна змија, па се гнасиш, а како Ми е на Мене пак, кога те гледам што правиш! Тоа бил кроткиот и сладок глас на самата Богородица.
Потоа Симеон заминал на отслужување на воениот рок. Додека бил таму повторно му се вратила желбата да се посвети на Бога и да се замонаши и повеќето време го поминувал во размислување за тоа. Во една прилика кога заедно со другите воени другари биле излезени и додека сите се веселиле, тој седел замислен. Кога го прашале зошто е толку замислен, тој им одговорил: Размислувам за тоа, како ние вечерва седиме во гостилницата, јадеме, пиеме вотка, слушаме музика и се веселиме, а на Света Гора сега монасите служат бдение и ќе се молат цела ноќ. Се прашувам кој ќе даде подобар одговор на Страшниот Суд – тие или ние?
Неколку дена пред да се пушти од служењето во армијата, младиот Симеон пошол кај свети Јован Кронштатски во Петроград да побара благослов и молитви за да се замонаши. Не го нашол него, но му оставил писмо со кратка порака: Бачушка, сакам да се замонашам, помолете се светот да не ме задржи.
Откако се вратил во касарната, уште утредента почувствувал како околу него да се разгорел адскиот (пеколниот) огин и го чувствувал насекаде каде и да одел. Откако се вратил дома, не поминала ни една седмица, се поздравил со најблиските, зел некои потребни работи и подароци за во манастирот и заминал за Света Гора.
На Света Гора пристигнал есента 1892 г. и стапил во Рускиот манастир св. Панте-лејмон. Според светогорската пракса, на Симеон му дале неколку дена во потполн мир за да се сети на сите свои гревови и да направи темелна исповед за ослободување на гревовите и исцеление на душата. После исповедта, духов-никот му рекол: Ги исповеда своите гревови пред Господа и знај дека ти се простени. Сега почни нов живот… Оди со мир и радувај се што Господ те доведе во ова пристаниште на спасението.
Неговата душа со сите сили тежнееше за Бога и затоа не му беше тешко да се приспособи на монашкиот типик во манастирот и одговорно и со леснотија да ги извршува сите негови послу-шанија. Во духовниот живот навлегувал според вековниот поредок на Светогорското монашко живеење во непрестајно сеќавање на Бога, молитва во својата ќелија, долготрајните Богослужби во црквата, пост, бдение, чести исповедувања и причестување, читање, труд, послуша-ние, а посебно бил радосен што кратката Исусова молитва: Господи Исусе Христе, помилуј ме! – можел да ја кажува во секое време и на секое место, па дури и на заедничките Богослужби во црквата и дека таа може да ги заменува сите Богослужби, освен Литургијата, во случај ако не бил во можност да појде во храмот.
После многу кратко време, по три Недели, за време на вечерната молитва тој забележал како молитвата полека му влегува во срцето и таму непрестајно самата се твори. Тогаш и самиот не билсвесен за непроценливиот дар што го добил од Мајката Божја.
Во Православната аскетско-исихастичка пракса на светотаинскиот живот во Црквата, овој дар на умноср-дечната молитва, најчесто на подвижникот му се дава откако преку долотрајни подвизи, труд и непрестајно изговарање на Исусовата молитва, доволно ќе го исчисти своето срце од страстите и тогаш во доволно очистеното срце умот молитвено ќе слегне во него и од таму, соединети умот со срцето, ќе се воздигне до Бога.
Но, според Божјата промисла, има и исклучоци, како кај старец Силуан, на кого, таа молитва ќе му се даде “предвреме“, уште на самиот почеток на духовниот живот затоа што Господ знае дека на оној што му го дава тој дар нема да го изневери и загуби, но ќе го чува како најскапоцен дар и ќе благодари.
Некаде во Стариот Завет, кој е полн со символизми, се вели: Тешко му на оној град чиј цар е млад, а се мисли за оној човек (подвижник) чиј ум е неискусен. Така и младиот послушник Симеон, како неискусен и доволно неупатен во духовниот живот, добивајќи го рано дарот на умносрдечната молитва, а неговиот ум сеуште незрел и кревок за да се бори со сатанските лукавства, една вечер нападнат од горди помисли во неговата ќелија, видел светлина и без расудување и совет со својот духовен отец ја примал како “благодат“. Од тогаш тој страшно бил напаѓан од сатанските прелести. Непрестаната молитва и понатаму си течела, но покајничкиот дух му исчезнал. Неговатата борба со демоните се умножила, но тој никако не се предавал и поусрдно се молел на Бога да го избави од ова искушение. Затоа и на една вечерна Богослужба во Црквата примил неизмерна благодат од една икона Христова.
И покрај тоа, отец Силуан продолжил со својот строг монашки подвиг во послушание, непрестана Исусова молитва и телесен подвиг, кој на рациналниот ум може да му изгледа и невозможен. Спиел на прекини од по 15-20 минути, но никогаш повеќе од 2 часа дневно и тоа на дрвено столче, а преку ден работел тешка физичка работа во воденица. Само оној кој ја спознал убавината и сладоста на благодатта на Светиот Дух, може да ја сфати сушти-ната и причината зошто младиот монах Силуан давал толку напори за повторно да ја поврати благодатта на Светиот Дух внатре во своето срце. Во почетокот на христијанството свети Иринеј Лионски, а подоцна и свети Атанасиј ќе ја искажат познатата сотириолошка Бого-откриена вистина: Бог стана човек за човекот да стане бог, сега св. Силуан ја открива аскетско-исихастичката вистина: Држи го својот ум во адот (пеколот) и не очајувај, која ќе стане просветлувачка и патеводителна мисла кај новата генерација подвиж-ници.
Поминале 15 години во непрекината борба со страс-тите и демоните за да си ја поврати чистата молитва, и една вечер, бивајќи попречуван од демоните и натажен заради тоа, од длабочината на своето срце се обратил кон Господа со зборовите: Господи, Ти гледаш дека сакам да Ти се молам со чист ум, но демоните не ми даваат. Научи ме што да направам за да не ми пречат. И во срцето слушнал одговор: Гордите секогаш така страдаат од демоните. Држи го својот ум во адот и не очајувај. Во тој момент старец Силуан сфатил дека причината на секој човечки грев и пад се крие во гордоста. Гордоста е првиот грев, причина и мајка на сите други останати гревови. Гордоста е како железен ѕид која нe’ одделува од Бога, а смирението е почеток и мајка на сите добродетели и благодатни дарови на душата. Блажени се бедните по дух зашто нивно е царството Небесно (Мат. 5:3) и во суштина, ако го стекнеме смирението, ние сме го стекнале и царството Небесно, кое е во нашето срце и во него како на престол седнат Небесен Цар, односно Бог. Затоа од тогаш, просветлениот монах Силуан, сиот свој подвиг го насочува во борба со гордоста и стекнувањето на многуценетото смирение. И откако се сми-рил, во неговото срце повторно се вселила благодатта на Светиот Дух која понатаму никогаш не го напуштила. Ја чувствувал дека ја има во срцето, го чувствувал живото присуство Божјо и непрестајно го славел Неговото безгранично милосрдие. Светиот Дух повторно му ја дал силата на љубовта.
Опаметен од долгите духовни борби и просветлен од личниот опит на духовниот живот, станал голем духовен борец, но сепак и понатаму страдал заради општата колебливост и непостојаност на човечката природа. Во оние моменти на повлекување на Божјата благодат од него, со неискажлив плач на срцето додавајќи труд врз труд, повторно ја повратувал назад. Така поминале уште 15 години с# додека не стекнал сила, со која со едно движење на умот, без никаков видлив надворешен знак го одбие она што порано толку тешко го поразувало.
Со зачестенота на благодатните посети во него, во неговото срце растела и благодарноста кон Бога. Учејќи за Христовата љубов, Светиот Дух на старец Силуан му дарувал делотворно да живее со таа љубов и во себе да го прими животот на сето човештво. Неговата молитва не се ограничувала ниту со просторот, ниту во времето, ниту пак се задржувала на минливи земни нешта. Тој се молел за сето човештво од Адама до последниот што ќе се роди од жена, а посебно се молел за оние чии души пребивале во вечните маки во пеколот.
Иако кај старец Силуан се забележувало нешто “необично“, сепак бил многу едноставен заради тоа и многумина не можеле да ја препознаат неговата светост во него, па дури и бивале соблазнувани од некој негов “збор или постапка“. Бил висок, крупен и многу силен човек. Имал ситни и темни очи со спокоен и благ поглед, а повремено и проникливо-продорен, често уморен од многу бденија и солзи. Имал голема и густа брада и долга црна густа коса. Понекогаш неговото лице се преобразувало и се менувало до непрепознавање. Бледото и чисто лице добивало посебен, чудно просветлен израз, така што во него и не можело да се гледа. Едноставно човек морал да го собори погледот од него како некогаш Израелците што не можеле да гледаат во Мојсеевото лице.
Животот на старецот бил прилично суров. На својата надворешност не и’ придавал никаква важност и многу малку се грижел за телото. Како и поголемиот број светогорски подвижници, така и тој никогаш не се бањал. На себе носел едноставна монашка мантија како што носеле и сите останати светогорски монаси, работници.
По својата природа бил со жив дух, остроумен, а големото искуство во духовната борба, внатрешната молитва, како и многуте и тешки страдања што ги преживувал и честите Божји посети, го правеле посебно мудар и прониклив.
Старец Силуан имал особено нежно срце полно со срдечна љубов кон сите. Се чувал од секоја небогоугодна мисла. Имал дар на милостиво сочувствување со секого. Тоа сочувство било духовно сочувство, а не сентиментално. Духовните и телесните сили во него биле хармонично усогласени.
Кога бил со луѓето не обрнувал предвид на нивната национална, општествена и социјална припадност и нивниот начин на живеење. Бил ненаметлив, непосреден, благ и полн со разбирање и љубов. Ни најмалку не се гнасел ниту од оние луѓе кои живееле неуреден и нечист живот, туку во длабочината на неговото срце тагувал за нивните паѓања, како таткото и мајката кои тагуваат за препнувањата на своите сакани деца.
Искушенијата ги примал и поднесувал со голема неустрашивост и храброст. Бил неустрашив и отворен, и повторно, во него немало ни тронка гордост и дрскост. Тој живеел во страв пред Бога плашејќи се единствено да не го разжалости Бога макар и со најмала нечиста помисла.
Блажениот старец Силуан бил вистински и дла-боко смирен човек, смирен и пред Бога и пред луѓето. Со задоволство давал предност на другите, сакал да биде најмал и најпоследен од сите, прв да поздравува, да моли за благослов од оние кои имале свештенички чин, а посебно од епископот или игуменот. Искрено ги ценел луѓето со чин и положба, исто и образованите луѓе, и никогаш во него немало завист, љубомора или презир. Можеби тоа е заради свесноста дека с# овде е минливо: богатството, положбата, благородството, власта, па дури и секое научно сознание, но и заради срдечната чувствителност и љубов кон другиот. Секогаш внимавал никого да не повреди и тоа не само со надворешните движења, туку дури и со некое движење на срцето.
Имал извонредно сил-на волја, но без тврдоглавост. Бил простодушен, непосре-ден, неустрашив, храбар, а истовремено и кроток, благ, смирен, послушен… Тоа е во вистинската смила на зборот човек создаден според образот и подобието Божјо.
Во својот строг монашки подвижнички живот неколкупати се разболувал и бил во монашката болница. Рано утрото на 2/15 Септември 1938 г., околу 5 часот, Старец Софрониј, кој тоа време бил послушник кај него, го посетил во магацинот и го нашол со ведро и спокојно лице, извршувајќи си го своето секојдневно послуша-ние. Подоцна во 10 часот наутро, кога повторно го по-сетил, го видел седнат на стол и на неговото прашање му одговорил дека е болен.
Како и секогаш, свети Силуан животот го живееше во неговото срце скриен за надворешниот свет, затоа и никој не можел да види и предвиди дека преживувал тешка болест и дека тоа му биле неговите последни де-нови од овоземниот живот:
– Старче што ти е?
– Болен сум.
– Да не умираш?
– Сеуште не сум се сми-рил.
– Треба да одиш во болница.
– Не ми се оди во болница, зашто таму има многу свет, а освен тоа, како и минатиот пат, повторно ќе ме ста-ват под часовникот кој со своето чукање ми пречи во молитвата. Ако ми дадат посебна соба, тогаш може да отидам.
Тогаш старец Софрониј заминал и се договорил со манастирскиот болничар и овој му дал една многу малечка соба во која што можело да се смести само еден кревет и ништо повеќе.
Овде свети Силуан, како тежок болесник, според светогорскиот типик, се причестувал секој ден. Во Петок навечер на 09/23 Септември му била прочитана и молитвата за исход на душата и утредента на 11/24 Септември 1938 г. рано наутро додека во Црквата се читала утрената Богослужба, тивко и незабележливо за никого, ја предал својата света и обожена душа на Бога, по Кого цел живот копнеел и со солзи го барал. Светите луѓе и со својата смрт проповедаат и го слават Бога, така и свети Силуан во овој многу краток разговор и своето држење во последните денови од својот живот проповеда и го прославува Бога, од што и самите можеме да извлечеме духовна поука.
За време на неговиот живот малкумина можеле да го забележат неговиот свет и духовно богат живот во неговото срце. Затоа и отец Спиридон, голем подвижник од тоа време, после еден нивен разговор во истата таа болница ќе забележи и рече: Или е во прелест или е го-лем. Но откако се прочула веста за неговата блажена смрт и откако ги откриле неговите лични записи на неговите мисли, молитви и созерцанија, многумина како и отец Трофим, друг голем подвижник, после старчевата смрт ќе речат: Сега гледам дека отец Силуан ја достигнал мерата на светите Отци.
Свети Силуан ни ја остава неговата кратка книшка на лични записи едицирана од неговото духовно чедо и писател на неговото житие Архи-мандрит Софрониј, која денес е преведена на многу светски јазици, па и на македонски: Радосотворна тага – таговна радост и на англиски Њисдом Фром Моунт Атхос. Еве за крај и некои кратки извадоци од таа малечка, но живоносна книшка:
“Царството Божјо е во нас. Треба да испитаме да не живее во нас гревот. Кога духовникот ќе каже збор, во душата го изгорува гревот и таа чувствува слобода и мир, и ако душата принесува покајание, Господ ќе & даде да ја познае радоста и веселието во Бога. Тогаш Царството ќе биде во нас.
Кога ние би биле смирени, Господ секој ден би ни давал да го гледаме рајот. Бидејќи пак, не сме смирени, ни се дава борба со самите себе. Кој себе се победува со смирение и труд, од Господ ќе добие света помош.
Потребно е секоја ми-нута силно да ја смируваме нашата душа, така што дури и во сонот да се смирува. Светите сакале да се смируваат и да плачат, па затоа и Господ ги сакал и им дал да Го спознаат Него. Љубовта Божја се познава преку Светиот Дух Кој живее во нашата Православна Црква.
Колку е поголема љубовта, толку е поголемо страданието на душата.
Колку е попотполна љубовта, толку е попотполно познанието.
Колку е поогнена љубовта, толку е попламена молитвата.
Колку е посовршена љубовта, толку е посвет животот.
Така бива со душата која ја познала сладоста на Светиот Дух.
О Господи, дај ни ја таа љубов кон целиот свет.
Духу Свети, дојди и всели се во нас и живеј во нашите души за да бидеме сложни и (постојано) да го славиме Творецот, Отецот и Синот и Светиот Дух, Амин.”
По молитвите на светиот отец Силуан Атонски, Господи Исусе Христе, помилуј нe.
Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија
24 / 09 / 2020