// Google analytics code

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Со какви пофални песни да ги прославиме богомудрите учители: Методија, љубителот на пустина та, кој се збогатува со плодовите на Духот живеејќи во тихување;  и Кирила златоустиот, кој се чувствува со горната премудрост со љубовта кон Мудроста.

Солунски браќа од благородничко потекло

Светите Методиј и Константин-Кирил Солунски, израснати во високиот круг на византиската општествена хиерархија, постануваат византиски мисионери и проветители на словенски народи. Основоположници наа словенската писменост и книжевност, реализатори и афирматори на словенската духовна и културна традиција. 

Родени се во Солун, кој бил културен центар на Македонија и втор административен византиски центар после Константинопол (Цариград), во тоа време. Основното образование и воспитание го стекнале во родниот Солун, а високото образование во византиската престолнина Константинопол, близу до највисоките општествени, политички, научни, културни и духовни кругови на тогашното византиско царство. 

Потекнуваат од благородничко семејство и ваквото потекло им е наследено од двајцата родители. Татко им Лав, бил солунскиот друнгариј (т.е. помошник на солунскиот градоначалник), и нивната мајка Марија која исто така била од угледна благородничка фамилија

Лав бил благоверен и праведен, ги одржувал сите Божји заповеди, чист од секоја злоба како некогаш праведен Јов. Живеел со својата сопруга, родиле седум деца, од кои најстариот бил Методиј, а најмладиот, седмиот, Константин-Кирил Философ. 

Св. Методиј Солунски – Архонт на Словенското кнежество

Св. Методиј бил едно од 7-те деца на византискиот друнгариј Лав и неговата жена Марија. Не е познато кога точно е роден и дали Методиј му е крстено име или тоа име го добил при замонашување. Се Претпоставува дека е роден некаде помеѓу 815 и 820 година.

Свети Методиј се карактизирал со високо морален живот, светол ум, вешт, храбар и покажувал посебни способности во борбените вештини. Заради тоа уште од млади години бил ангажиран од византискиот двор, воено и административно да управува со архонтија (т.е. кнежество) во својство на архонт. Ваквата должност ја вршел 10 години, помеѓу 845 и 855 година.

Во службата бил справедлив и коректен. Не го угнетувал народот, туку заштитникчи се однесувал кон него. Често им зборувал и ги поучувал на морален живот и тие го сакале и со пријатност го слушале. Неговото кнежество се нарекувало Словенско Кнежество и се протегало северно од Солун до теченијата на реките Струма и Брегалница (струмичко-брегалничкиот регион).

Со неговата дејност во овој крај од Македонија се поврзува и Брегалничката мисија, во му помага и неговиот помлад брат Константин-Кирил Филозоф. Тоа е нивната прва христијанска мисија извршена по течението на реките Бела, денес Водочница и Брегалница, во која биле покрстени 54.000 луѓе. 

Имајќи го во предвид дека христијснството во тие краишта било веќе добро утврдено и веќе функционирале Тивериполската и Баргалската епископија, тогаш би заклучиле дека тие уште толку ја зацврстиле позицијата на христијанската Црква во тие краишта.

Тука св. Методиј, напишал еден оригиналниот правен состав „Закон за судење на луѓето“ на  дијалектот на македонски народ од тој крај,  и тоа се смета за прво книжевно творештво на словенски јазик, но напишано со грчки букви. Од овие краишта потекнува и идејата и првата потребата за составување на автентично словенско писмо.

Во 856 г. – време на политичките и црковени превирања во кои е убиен логотетот Теоктист, близок пријател и покровител на семејството на светите браќа Методиевото словенско кнежество доживува политичкиот и воен крах, а се смета дека и лично Методиј доживува семејна трагедија. Сето тоа го натерало да го намрази светот и ја напушти световната кариера, замонашувајќи се во манастирот Полихрон на Олимп – Мала Азија, каде што се предал во потполно исполнување на сето монашко правило.

Бил молчалив, смирен, тивок, послушен кон сите и смерен во постот, бдението и непрестајната молитва. Подвизувајки во подвигот на очистувањето на срцето од страстите во плач во солзи, како некогаш големиот авва од пустината Арсениј, монахот Методиј молитвено ги подигал рацете кон Госпдода се до утринските часови додека сонцето не му го осветлило неговото лице. Покрај тоа, се занимавал и со книги и изучување на светите Отци. Се претпоставува дека тука го добил и името Методиј.

Св. Константин – Кирил Солунски, Философ

Св. Константин – Кирил Филосов или Солунски (826/27 – 869) бил најмладото, седмо дете на Лав и Марија. Неговото световно име било Константин, а при крајот на својот живот во Рим го добил и монашкото име Кирил. Своето детство го поминал во родниот Солун. Тоа му овозможило да биде забележан неговата остроумност и талент за образовно надградување.

Избран сад Божји кој е според неговата волја

Уште од најраните години покажувал необична посебност, покажувајки се и подоцна како избран сад Божји. Бог се погрижил да му вдахне на младиот Константин просветление и расудување со што можело да се насети дека ова дете е избран сад на Светиот Дух, кое ќе биде според Неговата волја. Имено, неговата мајка сакала да го даде на доилка, но тој никако не сакал да се дои од туѓи гради, но само на мајка си. 

Кога Константин имал седум години, видел сон и раскажувал на татка си и мајка си: “Стратегот, собирајќи ги сите девојки во нашиот град, ми рече,” Одбери си една од нив, која сакаш, за брачен другар, за помош и твоја врсничка. Јас пак, гледајќи и разгледувајќи ги сите, видов една поубава од сите, со насмеано лице, украсена со злато и бисерни ѓердани, и сите убавини, какво што беше нејзиното име, Софија (што значи мудрост) јас ја одбрав“. Слушајќи ги овие зборови, неговите родители му рекле: “Сине, задржи го законот на татка си и не ја оставај мајка си, бидејќи заповедите на законот се светлина, и се свети. Кажи и на мудроста: биди ми сестра запознај ме со мудроста. Мудроста свети посилно од сонцето и ако ја земеш неа, како своја сопруга, со неа ќе се ослободиш од многу зло. “ 

Прекрасната девојка Софија од неговиот сон, всушност била премудроста (σοφία) Божја. И кога го дале на школо да ја изучува науката, тој покажувал инзворедна просветленост и успевал повеќе од сите сите ученици благодарение на дарот на мудороста што го добил од Бога, така што сите биле воодушевени од него.

Има уште еден настан од неговото детство кое суштински му го променил животот и му помогнал во донесувањето на вистинска одлука за неговата иднина. Еден ден, според обичајот на синовите на богатите луѓе да одат на лов, пошол и Константин земајќи го со себе својот јастреб. Кога тој го пуштил јастребот, според волјата на Бог, се кренал ветар, го потфатил и го однел во непознат правец. Тогаш тој паднал во младешки очај и тага, и два дена не сакал да јаде. Тоа се случило по промисла Божја затоа што Бог ги знае срцата на сите и нивните способности, па по своето човекољубие, не сакајќи, да се привикнува и го троши времето на световни минливи работи го повикал на нешто повозвишено. Од тој настан, иако млад, размислувајќи во душата и за суетата на овој живот, се покајал, велејќи: “Таков ли е овој живот, каде место радост се раѓа тага? Од овој ден ќе тргнам на нов пат, подобар, и во возбудата на овој живот, своите денови нема залудно да ги потрошам.” Решил да си го промени животот и се посветил на Бога и книгите. Најмногу сакал да учи, седејќи во својата куќа, а најмногу од се сакал да ги чита книгите од големиот свети Григориј Богослов. Него го сметал за свој учител и просветител, патеводител.

Затоа направил знак на крстот на ѕидот, и напишал пофалба на Свети Григориј вака: “О Григориј, со телото – маж а со душата – ангел! Ти, иако со телото човек, се покажа како ангел.Твојата уста е, како еден од серафимите кои го слават Бога и го осветлуваат целиот свет со продолжување на вистинската вера. Така прими ме и мене, кој ти припаѓам со љубов и вера, и биди мој учител и просветител.“

Воспитан и образуван на царскиот двор

За неговата убавината и мудроста, како и за ревноста кон науката, кои му биле карактеристични, слушнал управителот на царот и му испратил покана, да дојде и да учат заедно со синот на царот. 

Кога умрел царот Теофил, на престолот дошол неговиот син Михаил со својата благочестива мајка царицата Теодора. Бидејќи царот бил малолетен, тој назначил тројца угледни благородници за негови воспитувачи: домашниот Мануил, патрицијот Теоктист и логотетот Дромија. Логотет Дром бил пријател на родителите на Константин. Познавајќи го Константин како многу паметно и вредно момче, Логотет го повикал да студира наука заедно со младиот император Михаил, за царот да се угледува на трудољубивоста на Константин. Константин многу се израдувал на оваа покана молејќи Му се на Бога со Соломонова молитва: „Боже на Отците и Господи на милосрдието, Ти го создаде човекот – дај ми ја мудроста што е Твој престол и не ме истерувај од бројот на твоите деца, зашто јас сум твој слуга и син на твојата слугинка. Дај ми во сите денови на мојот живот што ти е угодно, Господи, Боже мој.“

 Младиот Философ, љубител на Богомудрието

По препорака на императорскиот логотет се нашол на школување во познатата царска школа, којашто подоцна го добила називот Магнаурска. Таму се образувал заедно со царските деца и со децата на високото византиско благородништво. На оваа академија, за кратко време тој ги совладал научните дисциплини од граматика, дијалектика и реторика, а подоцна и математика, астрономија и уметностите. Го изучил и Хомера. 

За најпознати учители и авторитети на Магнаурската школа се сметале, Фотиј, идниот цариградски патријарх и Философот Лав. Од Фотиј темелно се запознал со дијалектиката, со сите филозофски погледи и со класичната елинска традиција. Исто така, своите филозофски искуства ги градел и од Лав, кој долги години бил професор во придворската школа. Таму најмногу се истакнал меѓу сите ученици, а по завршувањето на Магнаурската школа се стекнал и со титулата „философ“. Ваквата титула ја добивале само одбрани учени лица, кои се истакнувале со сестрани знаења и со висока интелигенција.

Бидејки правоверието е поврзано и со правоживеењето, тој бил мудар не само во науката, туку и во животот. Исполнет со целомудрие и други доблести, во неговото чисто срце пребиваше благодатта Божја, упатувајќи го на секое добро дело.

Гледајќи го доблесниот живот на Константин и неговите успеси во науката, логотетот Дром многу го засакал и почитувал. Во него стекнал потполна доберба и го поставил за главен управител на неговиот дом, дозволувајки му да влегува во царскиот двор без регистрација, бидејќи и на царот бил драг.

 Еднаш Логотетот за да го испита го прашал: “Философе, би сакал да знам што е философија”. Тој со неговиот искусен ум веднаш му одговорил: “Философија е знаење за нештата божествени и човечки, за да може човек да пријде поблиску до Бога, кој го учи човекот да биде по образот и делото на неговиот Создател.“ Одговорот многу му се допаднал и од тогаш го засакал уште повеќе, и постојано го прашувал за неговото мислење.

Со поглед вперен само кон Бога ги презирел земните ласкања и богатства

Покрај способноста за учење, покажувал и расудлив ум, ги избегнувал оние кои скршнуваа на крив пат и разговарал само со оние од кои имал духовна корисно. Престојувал во чистота, и колку повеќе му угодувал на Бога, толку повеќе го засакувале сите луѓе. Но покрај сето тоа, сеуште се чуствувал неисполнет и размислувал како да ги замени времените работи со вечните, земните со небесните. Да не живее повеќе за телото и овој привремен свет, но да живее за вечноста и во непрестапна заедница со Бог.

Неговата бистроумност го пленила логотет, па се обидел да го насочи кон политичката дејност за да им служи на византиските стратешки интереси. Но св. Константин-Кирил ја одбил таа понуда зашто го претпочитувал учењето и духовништвото. Забележувајки ја неговата определеност, логотетот по секоја цена сакал да го задржи на дворот и му давал достојна чест и многу злато, но тој не го прифаќ. Еднаш му рекол: “Твојата убавина и мудрост ме присилува да те сакам уште повеќе. Имам ќерка, прекрасна и духовна, која ја крстив, убава и богата, од добар и голем род. Ако сакаш, да ти ја дадам за жена, а од царот пак, ќе добиеш особена чест и власт, а очекувај и повеќе, бидејќи наскоро стратегот си оди.”

Библиотекар и хартофилакс на Света Софија

Му одговори Филозофот: “Голем е подарокот за оние кои го сакаат тоа, за мене не постои ништо над учењето, благодарение на него собрав знаење, сакам да го барам богатството и честа на прадедовците “. Слушајќи го неговиот одговор, логотетот пошол кај кралицата да и рече: “Овој млад философ не го сака овој живот, но сепак нема да го пуштам од (нашето)општество, туку потстрижувајќи го во свештеник ќе му дадам служба, нека биде библиотекар во  црквата Света Софија, можеби така ќе го задржиме (Библиотекар, во денешни услови сооодветно на научниот степен академик). Така и се случило.

Минувајќи малку време со нив, отишол Босфорското море и избегал тајно во еден манастир. Го барале 6 месеци и едвај го нашле. 

Царицата Теодора и споменатиот логотет не дозволиле да се запостави неговата извонредна дарба на философ и говорник, на затоа го замолиле да се врати во Цариград и да предава филозофија во Магнаурската школа. И за тоа се нафатил.

Неможе светило да се чува под поклоп – неговата прв брилијантна победа во полемика за верата

Своите полемички и реторички вештини и доброто владеење со Светото Писмо и православните догматски учења, Константин-Кирил ги покажал уште како млад, влегувајќи со многупостариот и искусен од него, поранешниот патријарх цариградски Јован (837-842).

Во тоа време опстојувала иконоборечката ерес и многумина, дури и луѓе од високиот духовен круг, биле инфицирани од неа. Таков бил и Јован кој бил извонредно образован теолог, заради што го добил прекарот Граматик, но приврзаник на иконоборечката ерес, за што и бил отстранет од престолот.

Патријарот Јован, свесен за својата ученост, исполнет со гордост и суета се надвисувал на другите и ги провоцирал правоверните. Провокациите биле силни и имале актуелност во јавноста, при што императорскиот двор морал да интервенира и за да го смират, па му го испратиле младиот филозоф Константин да се соочи со него во директна полемичка борба. 

Уверени во Константиновата мудрост, начитаност и остроумност, дворот на неговата провокација му одговориле со провокација испраќајќи му порака. “Ако можеш овој млад човек да го оспориш, повторно ќе те вратиме на престолот”. 

Јован кога видел дека како опонент му испратиле младо момче, уште толку се вообразил и почнал да го омаловажува младиот Философ. “Вие не сте достојни на моето подножие, како ќе се расправам со вас?” Филозофот му рече: “Не држи се до човечките навики туку гледај на Божјите заповеди, затоа што и ти си од земјата, а душата ти е создадена од Бога и сите ние на земјата сме во потрага, затоа не гордеј се човеку…на каков вид на војна те тераме, телесна или духовна” ? Јован одговорил:

“Духовна.” Философот му рекол: “Тогаш ти ќе бидеш посилен, и не ни кажувај приказни, бидејќи ниту цвеќе во невреме бараме, ниту на војна те тераме.”

Откако Старецот ја видел храброста на младиот Философ му рекол во одбрана на своето криво учење: “Ако Бог му рече на Мојсеја, не создавај секакво подобие ,како вие тоа го правите и им се поклонувате (на иконите)” .Одговори Философот: “Ако тој рекол, не создавај никакво подобие, ќе беше во право, но тој рече “не секакво” ,што значи само достојно и со уште многу мудри зборови од Светото Писмо и Преданието на Црквата, св. Кирил му ја изложил идправноста и оправданоста на иконопочитуваењто за што ништо не можел да се спротивстави старецот замолкнал засрамен.

Успешен мисионер и бранител на Црквата и Нејзината Божествена вистина

Младиот професор и философ успеал да го победи поискусниот учен и самоуверен опонент, при што му нанел и јавно понижување. Воодушевени од неговото смирение, ревност кон христовата вистина, остроумност и интелектуална вештина која ја поседувал, византиските власти во него нашле извонреден апологет и исповедник во одбраната на Црквата и нејзиното учење. Заради тоа ќе остане запазен како успешен мисионер во Византија и Правослацната Црква воопшто. Учествувал во повеќе мисии. Права му била, предходно споменатата Брегалничка мисија, потоа учествувал Сараценската  мисија и мисијата помеѓу Хазарите, како и во една помала мисија во Аланија и заедно со својот брат Методиј на големата сесловенска мисија во Моравија и Панонија, за која и го добиле називот рамноапостолни и сесловенски просветители и учители.

Сараценската мисија

Првата од трите главни мисии кои му биле доверени била Сараценската, на која св. Константин-Кирил бил испратен од страна на императорскиот совет да го штити христијанството од нападите на новата, во тоа време, мухамеданска религија, што масовно ја прифаќале Арабите. Кога го испратоле на оваа мисија блажениот Константин имал дваесет и четири години.

Бил испратен од византискиот император Михаил III во дипломатска помирителна мисија кај Сарацените во периодот (851 -856 год). Во оваа прва своја дипломатска мисија Константин успеал да ослободи извесен број (околу 1000) византиски заробеници кои ги вратил во Византија.

Во одбрана на правилното исповедание на Светата троица кај Сарацените

Царот, заедно со Патријархот, свикал собор, на кој го поканил и Константин и му рекол: Слушаш ли, философе, што зборуваат паганските Агаријани против нашата вера? Ако си слуга и ученик на Света Троица, оди и укори ги. А Бог, вршителот на сите дела, прославен во Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух, ќе ти даде благодат и сила во зборовите, ќе те покаже како друг Давид кој го победува Голијат со три камења, а потоа со радост ќе да те врати кај нас. Слушајќи ги таквите зборови, философот одговорил: „Подготвен сум да одам по христијанската вера. Што може да биде подобро за мене од тоа да умрам за Света Троица, или да останам и да живеам заради Света Троица. “

Потоа му дадоа на Константин двајца книжници и ги испратија кај Сарацените. А таму отиде блажениот Константин, ревносно апостолски за Христа и копнеж да пострада за Него.

Во овие дијалози тој покажал, не само одлично познавање на Библијата, туку и на нивната традиција и на нивната актуелна идеологија и содржината на Куранот. Исто така покажал и многу добро владеење и со арабскиот јазик и писмо.

Нашиот Бог е како морската длабочина, а вашето море е и тесно, и лесно како поточе и секој може да го скокне

Преговарачите од Агарјаните, луѓе паметни и добро начитани, учени во геометријата, астрономијата и други учења, за да го испитаат, го прашале велејќи: “Гледаш, ли Филозофе вистинско чудо, како пророкот Мухамед, кој ни ја донесе добрата вест од бога привлече многу луѓе во верата и сите ние го задржавме својот закон, без да го прекршиме. Вие пак, го почитувате законот на Христос, вашиот пророк, и го исполнувате на начинот кој му одговара на секој од вас – еден вака, а друг -онака.“ Философот одговорил: “Нашиот Бог е како морската длабочина а пророкот вели за него:” Родот Негов кој ќе го знае? Бидејќи Неговиот живот бил земен од земјата. А барајќи го Него, многумина одат во длабочината и со силен ум со негова помош, стекнуваат духовно богатство, и пливаат назад, и се враќаат, а од оние кои се обидуваат да преминат на скапани бродови, некои тонат, и други едвај се спасуваат, потопени од немоќна мрзеливост. Вашето море е и тесно, и лесно како поточе и секој може да го скокне, мал и голем.”

Ја славиме Пресвета Троица, Отецот и Словото и Светиот Дух се три лица во едно суштество

Повторно го прашаа истото: “Како тоа вие, иако Бог е само еден, го прославувате во три. Кажи ни ако знаеш, еднаш Отецот го викате, и Син, и Свети Дух.И ако така говорите, дајте му и сопруга и дозволете му да се расплоди во многу богови. ”

Филозофот одговорил: “Немојте да хулите на надбожествената Троица, која научивме да ја исповедате од светите пророци, кои и вие не ги отфрливме до крај, Оти се држите до нив со обрезанието.  Ние научивме добро од татковците, пророците и учителите да ја фалиме Пресветата Троица, бидејќи Отецот и Словото и Светиот Дух се три лица во едно суштество. Но, зборот е отелотворен од Девица и се роди за нашето спасение, како што Мохамед, вашиот пророк, сведочи, пишувајќи како што следува: “Ние го испративме нашиот дух на Богородица, бидејќи сакавме да роди. Потоа, јас ќе ви објаснам и за Троица. Тие не учат дека Отецот, Синот и Свеѕиот Дух се три Ипостаси додека суштината им е една. Нешто слично како кај сонцето. Создадено од Бога по укажување на Света Трица, сонцето се состои од еден облик, светлина и топлина“

Озлобени, затоа што не можеле да го надмудрат со зборови, подмолно му дале да испие отров. Но семилостивиот и премудар Бог кој рекол:„И да испиете нешто смртоносно, тоа нема да ви наштети (Мк. 16.18)“, го избавил и од ова искушение и повторно го вратил здрав во неговата земја.

Кај брата си Методиј во манастирот „Полихрониј“ на Олимп

По завршувањето на Мисијата св. Константин-Кирил се вратил во Цариград, а оттаму се повлекол во едно тивко и скриено место во еден манастир на Босфорот, каде што целосно му се посветил на своето спасение, притоа не земајќи со себе никаква облека и храна. Целосно се надевал на Бог, и Бог никогаш не го остави. Секогаш, преку благочестиви луѓе, му го праќал она што му било потребно. 

Тука не се задржал долго, затоа што отишол кај брата си Методиј во манастирот „Полихрониј“ на Олимп. Тогаш двајцата се посветиле на збогатувањето на своите знаења преку читање книги, но се претпоставува дека развиле и богата книжевна дејност. Заедничкиот престој на Олимп ги сплотил нераздвојно двајцата свети браќа, кои и во христијанската догматика ги пополнувале сопствените погледи. Затоа и св. Методиј бил определен да го придружува брата си во мисиите. Каде и да биле испратени, оделе заедно.

Мисија кај Хазарите

Во периодот помеѓи 860-861 година, Константин повторно бил испратен на нова мисија, сега кај Хазарите на Кримскиот полуостров, на брегот на Црното море. На оваа негова втора византиска мисија заминал заедно со брата си Методиј. Биле испратени од византискиот император Михаил III (842-867) и со благославот на цариградскиот патријарх Фотиј (858-867 и 877-886).

“Оди философе кај тие луѓе и со помош на Света Трица, благовести им го учењето за Пресветата Троица. Никој неможе тоа да го направи подобро од тебе.” – му рекол царот. На што св Константин-Кирил одговорил: “Ако си наредил господару, јас со радост ќе појдам таму пешки и бос, без сето она што Господ им рекол на Своите ученици да не носат со себе.”

Хазарите немале официјална религија бидејки народот бил испомешан. Кај хазарското население имало Евреи, Муслимани, Христијани и пагани (многубошци). Задача на Константин во оваа дипломатска и верска мисија била да го прошири христијанството на оваа територија и од Хазарскит каган да издејствува ослободување на византиски затвореници.

Хазарскиот каган сакал да воспостави внатрешен мир во својата владетелска средина, при што сметал дека преку прифаќањето на христијанството за официјална религија ќе успее поцврсто да ја централизира својата власт.

Христијанството како вистинска религија во однос на јудејството, мухамеданството и паганството

Нивната обврска била да ја објаснат суштината на христијанството како вистинска религија во однос на јудејството, мухамеданството и паганството, што во тоа време биле спротивставени доминантни духовни догми во Хазарија. Централната догматска тема околу која се одвивала расправата била околу учењето за Света Троица, а големо внимание им се посветило и на темите околу прашањата за Мојсиевиот закон, обрезанието, пророчките претскажувања за Христа, за иконопоклонството, јадењето на свинско месо, итн.

Главен преговарач бил св Кирил, а св. Методиј најчесто се молел со внатрешното слово, меѓутоа, и самиот не бил помалку искусен во теологијата од својот помал брат, па и тој се вклучувал во догматските полемички расправи. Токму и како директен сведок на овие настани, св. Методиј подоцна ги превел на словенски јазик сите творби што св. Кирил ги напишал при мисионерската дејност. 

Вистина младиот Философ бил интелектуален феномен со што тоа го покажал во Херсон. Веднаш кога дошле таму, за многу кратко време, тој научил да чита и зборува на еврејски и превел осум делови на граматиката, со што се здобил со уште поголемо знаење. Живееле таму кај некој Самарјанина, кој Му донел Евангелие и Псалтир напишани на нивни јазик, и често разговарал со него за верата. Осамен во куќата св. Кирил се предал на молитва, добивајќи просветление од Бога почнал течно да чита од божествените книги и многумина беа изненадени и му се восхитуваа, фалејќи го Бога. Гледајќи го ова пак, самарјанинот извикал со силен глас: “Вистина оние кои веруваат во Христос, скоро и Свет Дух и благодат добиваат”. Затоа, заедно со неговиот син се крстиле во Господа.

Кога хазарскиот каган и неговите благородници ги слушнале сите овие негови зборови, соодветни и пријатни, му рекле: “Испратен си од Бог овде за усовршување на нашето сопствено познавање, и познавањето на сите Книги во тебе од Него, како што доликува зборуваше за се и до ситост не наслади сите нас кои уживавме во медената слаткост на зборовите на светите книги. Ние не сме луѓе од книгите, но ние веруваме дека тоа станало така, според волјата на Бога. Ако сакаш уште повеќе да ги смириш нашите души, дај ни по ред објаснување во параболи за сè за што прашувавме.” И така тие отидоа во мир во своите домови.

Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте и во Христа се спасивте

На крајот, блажениот Кирил Философ им рекол на сите со солзи: “Браќа и татковци, и пријатели, и деца мои. Од Бога е сето знаење, и соодветен одговор. Ако има некој кој не се согласува, нека дојде и нека победи во спорот, или ќе биде поразен. Кој ќе го послуша советот, нека биде крстен во Светата Троица,но ако не сакате, тоа не е мој грев, и тој самиот ќе види што ќе се случи со него на судниот ден, кога седнат (на престолот), на Старите денови судијата ќе им суди на сите народи.” Тие одговорија: “Не сме си непријатели самите на себе, и така од овој ден , кој може да се крсти нека се крсти, ако сака.И оние од вас кои се поклонуваат на запад, или еврејска молитва читаат или ја држат верата сараценска, наскоро смртта од нас ќе ја примат“.

И така тие се разотидоа со радост. Се крстија од нив двесте луѓе, откажувајќи се од омразата паганска и незаконските бракови. Како благодарност кон царот Михаил, Каганот му напишал:“Ти ни испрати, господине, таков човек кој ни ја  покажа христијанската вера и верата во Света Троица во зборови и дела. И дознавме дека тоа е вистинската вера и наредивме кој сака да се крсти, надевајќи се дека ќе дојдеме до истото.Сите ние пријатели и познаници на твоето царство, сме подготвени за твоја служба, кога ќе посакате”

Во Херсон и чудесното откровение на моштите на св. Климент папа Римски

Пристигнувајќи во Херсон, светите браќа го посетиле епископот. Овде Константин го предвидел и брзото заминување на епископот Херсонски. По вечерата, Константин му рекол на епископот: „Моли се за мене Владико, и благослови ме како што таткото го благословува своето дете со последниот благослов.“ Слушајќи го тоа, присутните помислиле дека Константин утре рано се подготвува да го напушти Херсон и да го продолжи патувањето, па го прашале за тоа. А на некои приватно им рекол дека епископот утре сабајле ќе го остави светот и ќе оди кај Господ. Така би било: утредента наутро, владиката се претставил во Господа.

На патот за Хазарија се задржале за кратко во Херсон, каде што по нивните молитви Бога на чудесен начин, им ги откри моштите на светиот Климент папа Римски, кој бил вториот епископ на Рим. Константин напишал по тој повод напишал три оригинални творби: Канон на св Климент, Историски расказ и Пофално слово. Дел од моштите Константин понел со себе.

Мало здивнување пред новото големо дело

По завршувањето на хазарската мисија, на св. Методиј му било понудено да биде ракоположен за архиепископ, но од смирение и зашто повеќе го претпочитувал монашкиот живот и книгољубието тој не прифатил. Постариот брат Методиј станал игумен во Полихрон манастирот, кој во тоа време имал 70 монаси, а помладиот се вратил во Константинопол. Мегутоа, Бог за нив предготвувал нешто многу повозвишено и поодговорно спремајки ги за големиот предизвик. По Хазарската мисија следи Моравската мисија, која резултирала со најсилно влијание за идната цивилизациска проекција во Европа. Задачата за сложената мисија во Великоморавија светите браќа ја добиле уште во летото 862 година, а заминале да ја реализираат есента 863 година.

Во меѓувреме светиот Методиј бил ангажиран на друга кратка мисија. Имено, царот Бугарски Борис, по наговорение на својата сестра, која го примила христијанството, посакал ида биде крстен. Тогаш св Методиј отпатувал за Бугарија и на царот Борис му ја изложил основата на христијанската вера, која што тој потполно ја прифатил и бил крстен. 

Моравската мисија 

Главната историската причина за иницирање на Моравската мисија биле, аспирациите на германската колонизација за политичко проникнување во Моравија искористувајќи го и христијанството и позицијата на римската црква во тие краишта. Ваквата политичка ситуација им пречела на амбициите на моравскиот кнез Ростислав да ги обедини словените во целата среднодунавска област и да создаде самостојна црква. Најпрво се обратил за Поддршка до Рим кај папата. На папата Николај I да испрати епископ во Моравија за прогласување на црковна независност не му се допаднала и го одбил. Но тоа не го обесхрабрило кнезот Ростислав, па одржал Совет со своите принцови и Моравјаните. На тој совет сите заеднички решиле да се обратат со истата молба до Цариград.

Оваа работа никој не може да ја направи, освен тебе и брата ти! Оти Вие сте Солунани, а сите Солунани зборуваат чисто словенски

Во писмото до царот Михаил, Ростислав вели: “Иако нашите луѓе го отфрлија незнабоштвото и го чуваат законот христијански, немаме таков учител кој на нашиот јазик ќе ни ја претстави вистинската христијанска вера па и другите земји, угледувајќи се, да станат како нас. Па прати ни Господине, епископ и таков учител. Бидејќи од вас за сите земји произлегува добар закон.

На оваа молба Царот Мигаил III решил да одговори позитивно и го викнал, кој друг ако не проверениот мисионер и свет човек, Константин Философ. Ну се обратил со зборовите: “Философе, знам дека си уморен, но ќе треба да одиш таму, затоа што оваа работа никој не може да ја направи, освен тебе. Затоа, еве ти многу дарови и земи го брата ти, игуменот Методиј, па оди! Оти Вие сте Солунани, а сите Солунани зборуваат чисто словенски“

Философот, како и секогаш, посветувајки се на Божјата волја, не на својата, без двоумење одговорил потврдно: “Моето тело е уморно, и јас сум болен, но ќе одам со задоволство, ако тие имаат букви за својот јазик. Кој може да да запише беседа на вода?” Царот се согласил и му ја дал сета негова подршка: “Ако сакаш, тогаш можеби тебе ќе ти ги даде Бог, кој им дава на сите кои бараат без сомнеж и му отвора на оној кој тропа “. 

Создавање на првата словенска азбука, глаголицата, Аз, Буки, Веди…

Како што е вообичаено според православното предание и пракса, пред секоја работа се започнува со молитва, така и светите најпрво затанале на молитва. Заедно со брат му и нивните ученици се повлекле на четириесетдневен пост и молитва и наскоро Бог, кој ги слуша молитвите на Своите слуги, во просветли својот слуга Константин и му откри буквите што го создаде првото словенско писмо, глаголицата. Аз, Буки, Веди, Глагол и така понатаму.

Всушност првиот обид за устројство на словенска азбука започнал малку порано од моравската мисија, уште со изведената Брегалничка мисија, но не се довршила. Сега се создала вистинска потреба и услови од ново словенско писмо. 

Возглавители на овој историски потфат биле браќата Константин-Кирил и Методиј заедно со своите избрани ученици, пред се Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Се споменува и Лаврентиј и Константин Преславски, а сигурно имало и уште некои кои не се заведени. Свети Кирил стоел на чело на проектот, но и улогата на неговиот брат св Методиј не била нешто помала кој во сите овие процеси активно учествувал. Првиот како филозоф и хартофилакс, а вториот како архонт на Словенска архонтија (во брегалничко-струмичкиот крај од Македонија и подоцна игумен на манастирот Полихрониј на Олимписки) им даваат кредибилитет за да го почнат овој, пред нив, огромен проект и предизвик, и кој на крај повеќе од успешно го оствариле.

На тој начин го создале првиот словенски книжевен јазик и ги поставиле темелите на словенската книжевност и се кодифицирал книжевен црковнословенски јазик, во чија основа лежел македонскиот словенски говор од околината на Солун. Новоустроеното и стандардизирано глаголско словенско писмо по форма било оригинално и не презело механички знаци од друга азбука, иако во извесна смисла ги поддржувало основните методолошки пристапи од грчкото или од еврејското ортографско искуство, сепак пред се соодветно се подредени знаците за карактеристичните словенски гласови. Исто така, секоја буква има свој назив, главно преземен од словенскиот јазик и традиција.

Глаголицата, најсовршен графички систем. Типично црковно писмо, измислено за црковни потреби

Глаголицата е устроена според основниот фонетски принцип – за секој глас да има соодветна графема, т.е. знак. Знаци кои говорат. Свети Кирил го создал глаголското писмо врз комбинаториката на христијанските симболи, крст, триаголиик и круг. Тие симболизираат: крстот го означува искупувањето и спасението од Христа, триаголникот Светите Троица, a кругот совршенството и бесконечноста Божја. Глаголицата претставува најсовршен графички систем од античко време до денешен ден. Глаголицата е типично црковно писмо, измислено за црковни потреби, а со тоа вдахновено и благословено од Бог преку свети луѓе. Ова писмо писмо исто и кирилицата е свето писмо затоа што во него нема никакви вулгарности, туку се е одмерено и намерно за Богословие.

Творечката дејност на свети Кирил не се ограничува само на создавањето на буквите. Притоа тој ја создавал и христијанската словенска терминологија. Дотогаш во словенскиот јазик не се сретнувале зборови како „воскресение,“ „суштина,“ „пакибите,“  и др.

Од именувањето на буквите св. Константин-Кирил составил поетска творба – Азбучна молитва, што ја напишал во чест на Света Троица која му помогнала да ги осмисли новите ортографски знаци. Творбата претставувала поетско обраќање кон словенскиот род, како што тоа е сторено во Прогласот кон евангелието.

Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога и Словото беше Бог

Прво што св.Кирил и св. Методиј, правеле со глаголски букви, бил прологот во евангелието на св. Ап. Јован Богослов: “Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога и Словото беше Бог…“ кое што се чита на празникот на Воскрсението Христово. Потоа, се превеле избори од евангелието, апостолот, псалтирот и неопходните служби (празничниот минеј). Голем дел од својата активност тие посветиле и на просветувањето на словенски ученици да читаат и да пишуваат на словенски јазик. Од поталентираните ученици произлегувале книжевници, кои пишувале, преведувале или препишувале словенски книги за потребите на словенската богослужба по храмовите. 

Пристигнувањето во Моравија и нивната активност

На 24 мај 863 г. светите браќа најпрво стигнале во Велеград, престолнината на Моравија и со големи почести биле пречекани од самиот Ростислав и мноштво народ и благородништво. Тие веднаш се зафатиле со својата мисионерска дејност и го проповедале евангелието на народот. Паралелно поучувале и свои избрани ученици кои подоцна отварале училишта каде што ги учеле другите на писмо. 

Од редот на неговите ученици произлегло словенското свештенство во Моравија, кое било под силна пресија на отпор од страна на германското свештенство, чие влијание и авторитет се губело меѓу месното словенско население. 

Потоа под нивно раководство почнала да се градат и цркви. Првата црква била изградена за само една година во градот Олмуц, а подоцна и во многу други градови во Моравија се изградиле домови за молитва. 

За краток период се превел на словенски јазик целиот богослужбен чин (за утрената, часовите, малата и големата вечерна, литургијата), кој веќе во моравската Црква се практикувал според источно-православниот типик.

Германските свештеници и великодостоинствениците биле непријателски настроени кон распространувањето на словенскиот писменост и потребата на словенскиот јазик во богслужбите. Свети Константин-Кирил бил обвинет дека ги нарушува светите позиции на традиционалната духовна и писмена цивилизација во христијанскиот свет да се пишува и да се проповеда на трите јазици: еврејски, латински и грчки.

Така тие поминале 40 месеци непрестапна макотрпна работа, патувајќи од место на место и го проповедале Евангелието и ги учеле народите на словото Божјо на побожен живот, крштевајки ги со вода и Дух.

По нешто повеќе од три години престој во Великоморавија Во Моравија од 863 – 866 г. и жестока борба за спроведување на словенската богослужба и писменост за светите браќа се отвориле нови врати и нови предизвици.

 Новонастанати состојби и неизвесноста на позициите на св. Кирил и св. Методиј

Папата Николај I слушнал за нив и ги поканила во Рим на заедничка средба.

Во меѓувреме, во 867 година многу нешта се смениле на геополитичка и црковна сцена. Новонастанатите политички и црковни околности што настанале во наредните 10 години ја определиле историската судбина на Моравската мисија, но и на кирилометодиевската традиција во иднина. Најпрво се пројавиле догматските разлики меѓу Источната и Западната Црква околу прашањето за Филиоквето (Filioque), предводени од патријархот Фотиј и папата Николај I. Во истата бил убиен царот Михаил III а на негово место доага Василиј I, основачот на Втората македонска династија во Византија (867-1057). Потоа се променува односот мегу Рим и Цариград во насока на смирување на тензиите и помирување. Патријархот Фотиј бил сменет од светиот престол и повторно бил вратен патријархот Игнатиј. Веќе по смртта на ќесарот Варда и на императорот Михаил III, а и со отстранувањето на патријархот Фотиј, исчезнале од јавната сцена сите иницијатори на Моравската мисија предводена од светите браќа Константин-Кирил и Методиј Солунски со што останала во неизвесност нивната позиција.

Новонастанатите околности во Византија и во Цариград станал сериозен политички и црковен услов византиските мисионери во Моравија светите Константин-Кирил и Методиј да се вратат во Византија. 

Активностите на браќата и мисијата во Панонија

На тој нивни пат, како некогаш големиот светител и пастир на Црквата, св. Игнатиј Богоносец, оделе од место на место и мисионерале. Најнапред поминале во Панонското словенско кнежество на Коцељ, којшто знаел за нивната мисионерска дејност во Моравија и сакал да ги задржи и искористи. Задржувајки ги во Долна Панонија, во градот Балатон им биле доделени 50 ученици со барање да ги обучат да богослужбуваат на словенски јазик и во тој крај потполно се вовел словенскиот јазик во писменоста и во богослужбата. Неговата намера била исто како и Ростислав сакал да го неутрализира латинското влијание во неговата црква и со нивна помош да се стекне со извесна самостојност. Во Панонија светите браќа практично спровеле уште една успешна мисија, задржувајќи се на таа задача околу една година. 

Престојот во Венеција и борбата со тријазичната ерес

Од Панонија, заминале за Венеција. Овде биле дочакани со организирано обвинение дека немаат право да богослужбуваат на словенски јазик. Во Венеција надлежниот епископ свикал поместен собор (867 г.), на кој биле обвинети светите браќа Кирил и Методиј за нарушување на црковното правило за „тријазичност на службата.“ Со тоа уште еднаш се покренала полемика за оваа тријазична ерес, а на полемичкиот мегдан св. Константин-Кирил на најбрилијантен можен начин им нанел силен и решавачки пораз на тријазичниците. „Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Тогаш, како не се срамите да признаете само три јазици, а сакате сите други народи да бидат слепи и глуви? Кажете ми дали Го сметате Бога толку немоќен што да не може да го даде тоа или толку завидлив што да не сака?“ – им велеле браќата. Токму таквата полемичката разрешница во негова корист влијаела кон него да се сврти вниманието и на Рим. Затоа папата посакал лично да ги прими и ги поканил светите браќа да дојдат во Рим.

Рим, средбата со Папата и првата боголсужба на словенски јазик

Во ноември 867 година, светите браќа тргнале кон Рим. Додека тие биле на пат кон Рим, умрел папата Николај (+13 ноември 867 година). Новоизбраниот папа Адријан II (867-872), лично ги пречекал и им приредил голема свеченост. Посебна чест било и фактот дека тие со себе ги носеле моштите на светиот папа Климент Римски (ок. 89 – ок. 97-101), што ги беа пронашле во Херсон.

Новоизбраниот папа Адријан ја согледал и вистинската големината и значение на нивната мисија и сесрдно ги прифатил. Им ја благословил службата и затоа некои од нив ракопложил и во свештенички чин. Ги благословил и словенските книги што со себе и ја признал словенста богослужба за официјална.Тој лично се уверил во светоста на светите браќа и нивните ученици, па ги прогласил за „рамноапостоли“. 

На новоракоположените свештеници и ѓакони им се овозможило да служат литургија на словенски јазик во римските цркви. Токму и за тие богослужбени поводи се напишале оригинални химнографски дела во чест на споменатите светители, при што и кирилометодиевиот ученик св. Наум го напишал Канонот за св. ап. Андреј за словенското служење во неговиот храм. 

Блаженото упокоение на свети Кирил

Во Рим поминале речиси две години. Една од причините за подолгиот престој е влошувањето на здравјето на Константин. Заради многуте патувања и телесни подвизи физички и духовни сили на светиот Константин почнале да опаѓаат, па набргу тешко се разболел. Чувствувајќи го крајот на овоземниот живот и самиот го прорекол денот на неговото упокоемие, побарал да биде потстрижен за монах и тогаш примил монашка схима со име Кирил. По 50 дена, на 14 февруари 869 година свети Кирил се упокоил во Господа. Пред да се упокои, се помолил усрдно на Бога да го запази словенскиот народ, да ја загуши тријазичната ерес, паганите да поверуваат во Христос и се крстат и сите еднодушно да живеат побожно во Црквата Христова. Исто така му оставил аманет на брата си Методиј, велејќи му: „Ете, брате, ние бевме двојка впрегната да тегли една бразда, но јас паѓам на нивата, откако го завршив својот дел. Но ти иако многу ја сакаш планината (т.е. манастирот), затоа немој заради планината да го оставиш нашето учење оти со него можеш да бидеш спасен. “ 

Црквата на св. Климент Римски, станува почивалиште на моштите на св. Кирил

Почитта на папата кон св. Кирил била голема, при што тој решил: „Поради неговата светост и љубов, спротивно на римскиот обичај, да го погребе во својот гроб, во црквата на св. ап. Петар кај што вообичанено се погрбуваат римските папи. Свети Методиј, гледајки дека не ќе може да ја исполни својта намера, се согласил неговиот брат да биде закопан во Рим, но замолил да биде положен во црквата „Св. Климент“, со чиишто мошти и дошол од Херсон во Рим. 

Светоста на угодниците Божји се пројавува и после нивната телесна смрт, така и од моштите на овој нас голем светител на денот на неговото погребение се случиле многубројни ицселенија. Слепи прогледувале, немоќните се исправале и бесовите биле изгонувани.

 Светиот Методиј Архиепископи Панонски

Веднаш по смртта на св. Константин-Кирил, панонскиот кнез Коцељ испратил барање до папата да го испрати св. Методиј за да ја продолжи дејноста што ја вршел со брата си пред две години. Откако св. Кирил бил погребан со сите почести, папата го ракоположил светиот Методиј за Архиепископи и ги испратил да управува со Црквата Божја во Панонија на престолот на св ап Андроник, еден од седумдесетте.

За да ја организира новата црковна дејност во Панонија, св. Методиј се населил во престолнината Блатноград (Мозапурк). Народот го препознал својот пастит кој ги познава своите, односни, им служел и проповедал на свој разбирлив јазик и потполно го прифатиле. Бидејки кроток, милостив и исполнет со љубов кон сите, тие многу добро го прифатиле и го слушале.

Искушенијата и борбите со германското свештенство

Меѓутоа то предизвикало гнев и завист кај баварските епископи а најмногу од нив кој Рихбалд(Вихинг) од Салцбуршката архиепископија кој бил принуден да си замине затоа што останал без народ. Заради тоа го наклеветале и дале на суд, со кој претседателствувал источнофранечкиот крал Људвиг. Свети Методиј не се бранел но само им рекол:” Вистината ја велам пред Цезарот и не се срамам. А вие правете според вашата волја со мене, бидејќи не сум подобар од оние кои во многу болка го изгубиле животот затоа што ја кажале вистината. ”

Св. Методиј, бил осуден и поминал околу две и пол години во заточеништво (870-873), најпрво во некој од баварските манастири, а подоцна веројатно во манастирот на островот Рајхенау – во Бодензеското Езеро. Кога за тоа разбрал папата Јован VIII, наследникот на Андроник, ги проколнал германските епископи и ги казнил со забрана да служат Литургија се додека не го пуштат на слобода св. Методиј. Но, тие не избегаа и од судот Божји, бидејќи четири од овие епископи умреле.

Моравјаните увиделе дека германските свештеници, всушност не им сакаат добро, туку прават интриги против нив, ги изгонија сите, а св Методиј го ослободиле.  Ослободениот Методоиј го примил кнезот Свјатополк со сите Моравјани му ги даде сите цркви и духовници во сите градови. Од тој ден, почнало силно да расте интерсот за побожен живот и духовно растат и се множат во сите градови. Исто така и паганите поверувале во вистинскиот Бог, откажувајќи се од своите заблуди.

Дарот на прозорливост

Свети Методиј бил веќе старец и исполент со многу благодатни дарови. Бог му го дал и дарот на прозорливост, затоа што многу од неговите зборови и се оствариле во свое време.

Многу силниот пагански кнез, седејќи на Висла, ги оцрнувал христијаните и им наштетувал со својата жестокост. Испраќајќи делегација кај него св. Методиј му рекол: “Сине, убаво е за тебе да се крстиш по своја воља во своја земја, за да не те крстат на сила во ропство во туѓа земја, кога така ќе биде, запомни ме.“ И навистина така било.

Друг пат, Свјатополск завојувал со дивите племиња и таа војна се раздолговлечила. Кога се наближил празникот на светите апостоли Петар и Павле, Светот Методиј му рекол на кнезот дека ако тој и неговата војска дојдат на Литургија кај него, наскоро Бог ќе му ги покори завојуваните народи. Кнезот вистина го послушал и брзо потоа тој ја добил војната и уште многу други претскажувања имала овој свет маж. 

Покана од царот Васил Македонец до св. Методиј

Дури и новиот цар Византиски посакал да го види и му напишал: ”Честни оче, многу сакам да те видам. Смилостиви се и потруди се да дојдеш кај нас сакам да те видам, додека сме сеуште на овој свет, и твојата молитва да ја примам. ”

Во тоа време на константиновиот престол завладеал царот Василиј I Македонец, носител на една нова династија, Македонска. Тогаш тој го пречекал со голема чест и радост, и го пофали неговото учење, и задржал од неговите ученици по еден свештеник и ѓакон и книги на словенски јазик. И тој ги исполни сите негови желби, се што посакал, и ништо не му одбил, и уште го наградил со подароци и љубезност, исто така направи и патријархот.

Големи турбуленции и гео-политички промени во Моравија и Панонија и нивното влијание врз св. Методиј

По смртта на Људвиг во 876 година и доаѓањето на власт на Светополк, настапиле промени во односите и св. Методиј почнал да ја губи својата позиција. Заради тоа во 880 година папата Јоан VIII му напишал писмо на Светополк, доколку тој и неговите велможи повеќе претпочитуваат да слушаат литургија на латински јазик, тогаш за него истата да не се служи на словенски јазик. Но на страната на св. Методиј и за правото да се богослужи на словенски јазик била словенската аристократија, на која моравскиот владетел и папата не сакале да ѝ се спротивставуваат.

Со тоа нападите и клеветите кон архипастирот не престанале. Сега Вихинг проширил лажна вест дека папата го лишел св. Методиј од сите духовни почести како и од црковната власт, а дека Моравската црква му ја препуштил на германското духовништво. Свети Методиј чуствувајки се веќе изморен и стар, ја положил сета надеж кон семислостивиот Бог.

Комплетиран преводот на целата Библија

Свесен за ситуцијата постави двајца од своите ученици за брзописци и ги превел во потполност сите библиски книги и Макавејските за шест месеци почнувајќи од месец март до 26 октомври. 

Полека се приближи времето и да прими мир од страданијата и награда за големиот труд, гледајќи дека тој полека згаснува, посакал пред да замине да постави свој нследник според неговите критериуми. Затоа го избрал Горазд велејќи: “Еве од вашата земја слободен маж, правоверен кој добро ги знае и латинските книги,. И тоа ќе е во согласност со Божјата волја и вашата љубов, како и со мојата “.

“Во твоите раце, Господи, ја полагам мојата душа!” – последните зборови на св. Методиј

Кога на цветна недела се собрале сите луѓе, тој влегол во црквата иако веќе бил многу болен и на сите луѓе им порачал: “Чувајте ме деца, до третиот ден.” На третиот ден, рано наутро, кога почнало да се разденува, прошепотил: “Во твоите раце, Господи, ја полагам мојата душа!” И во рацете на своите ученици ја предал душата на Господа. Истоштен од напорите, свети Методиј починал во Нитра, во 885 година..

Неговите ученици, приготвувајќи го за погреб, и давајќи му достојна чест ја служеле црковната служба на латински, грчки и словенски и го положиле во катедралната црква. За неговото погребение се собрале многу луѓе и го спровеле со свеќи, оплакувајќи го добриот учител и пастир, мажи и жени, мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови, вдовиците и сирачиња, странци и домашни, болни и здрави сите жалеле за својот добар пастир, зошто на сите им стана се, за сите да ги придобие.

Основоположници на словенската писменост и книжевност, нивните преводи и лични книжевни творештва на свети Методиј и св. Кирил

Свети Константин-Кирил не бил само истакнат мисионер, просветител и креатор на првата устроена словенска азбука – глаголицата, зашто тој го одбележал своето време и како талентиран творец на книжевни дела. Се смета дека ги напишал првите книжевни творби уште во раната младост, а тоа биле две молитви – од кои едната била упатена кон Григориј Богослов, а другата кон Бога.

Свети Методиј во Моравската мисија учествувал во формирањето на словенската азбука, во словенските преводи на најнужните библиски, богослужбени и други проповедни текстови, во преговорите со папата за признавање на словенските книги и на словенската богослужба, а особено се истакнал како ревносен продолжувач на изворните идеи од Моравската мисија по смртта на брата си св. Константин-Кирил во Рим 869 година.

Во периодот кога св. Методиј со брата си св. Константин-Кирил ги превеле одделните библиски книги (Псалтирот и Евангелието со Апостолот) истовремен го превеле и избор од црковните служби. Овие сложени химнографски книжевни и музички дела требало да се изведуваат при словенските богослужења, зашто и словенската литургија влегла во нејзината практична реализација. Преведените црковни служби биле посветени на поголемите Господови и Богородични празници и на празниците за поголемите светители. Светите словенски првоучители го составиле и првиот словенски Минеј, којшто бил од структурниот тип на Празничниот минеј (Антологион или Цветовник). Овие сложени химнографски творби содржале повеќе жанровски форми на црковната поезија: канони, стихири, тропари, кондаци, икоси и други песнопеења.

Свети Методиј уште го превел и Номоканонот, т.е. Правилата за световни (мирски) закони, поврзани со секојдневниот живот на населението законот (νομος = световни закони κανων = црковни правила). Тој го превел овој правен зборник во текот на првите три години од дејноста во Моравија, во периодот пред да замине во Рим со својот брат. Кон преводот на Номоканонот св. Методиј покажал автентичен редакторски пристап. Структурната поставеност на Методиевиот – моравски номоканон е претставена како самостоен труд, зашто се разликува од дотогашната источна правна традиција.

Свети Методиј го превел и Отечникот.

Во творечкиот корпус на преводната дејност на св. Методиј спаѓаат и неговите преводи на делата што св. Константин-Кирил ги напишал на грчки јазик при својот престој на Сараценската и на Хазарската мисија. Овие дела св. Методиј ги превел и ги распоредил во осум делови. Главно станува збор за полемичките беседи, на св. Константин-Кирил, што ги водел како теолошки спорови со Сарацените и со Евреите и мухамедијаните во Хазарија.

Покрај тоа што преведувал, свети Методиј создава и оригинални негови творби. Прво негово дело е правниот состав Закон за судење на луѓето. Со авторството на св. Методиј се поврзува и оригиналниот текст на познатата Анонимна хомилија, која е сочувана во нецелосен препис во содржината на Клоцовиот зборник – глаголски ракоиис од периодот на Х-ХI век

Меѓу оригиналните творби на св. Методиј се вбројува и Канонот за св. великомаченик Димитриј Солунски (+306 година), којшто се почитува и како патрон на градот Солун. Самата поетска содржина констатацијата дека постои веројатност св. Методиј да бил автор и на целата Служба за св. великомаченик Димитриј Солунски. Словенскиот првоучител св. Методиј напишал уште ред други оригинални творби и превел повеќе книги од ангажираниот канонски книжевен корпус, кои до денес за науката останале анонимни и нерасветлени.

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија


About The Author