// Google analytics code

Света Евхаристија

Како што Светата евхаристија го остварува целиот Христос, а не само некој Негов дел, така и секоја локална Црква претставува потполно Тело Христово, а не само некој Негов дел. Значи, според православната еклисиологија секоја локална епископска Црква претставува потполна, соборна Црква, исполнета со сите благодатни богочовечки дарови Божји потребни за спасение на луѓето, односно претставува цело Тело Христово, зашто поимот Црква се засновува на Светата евхаристија.

Единството на локалната и универзалната (Соборната) Црква не е некакво единство во ‘колективност’ (каде што локалните Цркви би сочинувале ‘делови’ од една поголема ‘целина’), туку е благодатно единство во идентитет, каде што сите локални епископски Цркви, во светата Евхаристија, се поистоветуваат меѓусебно и со Телото Христово, односно и со онаа првобитна Апостолска Црква во Ерусалим и со есхатолошката Црква на Невечерниот ден на Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух.
ог


About The Author