Само добриот начин злото го прави добро – Старец Пајсиј Светогорец
Старецот отскогаш ни велеше се што правиме, да го правиме на добар начин.
Старецот во една пригода го посети еден брат. Додека старецот се подготвуваше да го послужи со локум и вода, братот забележа дека преку прозорецот во собата влета пчела. Зеде лист хартија и се обиде да ја натера да излезе, удирајќи ја со хартијата. Меѓутоа, трудот му беше залуден. Кога виде што прави, старецот му рече:
„Не, благословен, пчелата нема да замине ако не ја истераш на добар начин! Еве, види! Ова е добар начин да се истера!’’
Старецот пријде и ја положи раката. Пчелата слета на неговата рака, а тој потоа ја испружи раката низ прозорецот и пчелата одлета.
„Добриот начин помага и во најлошите случаи’’ – објасни старецот.
„Древните отци нагласуваат дека добриот начин и злото го прави добро, додека, напротив, лошиот начин и од доброто прави зло!’’
Старец Пајсиј Светогорец