// Google analytics code

Природата на молитвата

Според природата, молитвата е сопостоење и единство на човекот со Бог. Според дејството, таа е одржување на вселената, помирување со Бог, мајка на солзите и нивна ќерка истовремено, смилостивување за гревовите, мост со којшто сbrojanе преминуваат искушенијата, панцир кој штити од секоја мака, разбивање на демонските напади, служба на ангелите, храна на сите бестелесни, идно радување, бесконечен подвиг, извор на добродетели, причинител на благодатните дарови, невидливо напредување, храна за душата, просветлување на умот, секира за очајанието, потврда на надежта, ослободување од тагата, богатство на монахот, ризница на тихувателот, смалување на гневот, огледало на духовниот напредок, показател на духовната мера, откривач на духовната состојба, претскажувач на идните добра, предзнак на вечната слава. За оној којшто вистински се моли молитвата е суд Господов, судење пред престолот Негов пред Страшниот Суд.

Свети Јован Лествичник


About The Author