// Google analytics code

Православен поглед на исламот (дел 2)

Свештеномаченик Даниил Сисоев

Свештеномаченик Даниил Сисоев е познат руски богослов и апологет, мисионерски проповедник на Православното Христијанство меѓу муслиманскиот народ на територијата на поранешниот Советски Сојуз. Поради својата просветителна дејност и отворено дебатирање со иноверните, после многу критики и закани упатени од страна на муслиманите, на 19.11.2009 год. беше застрелан пред храмот посветен на св. Тома во Москва, каде што свештенослужеше. Одговорноста за убиството ја презедоа радикални исламисти од Кавказ.

  ***

Неопходно е да се каже што е исламот.

Од гледна точна на исламот, целата Земја се дели на два дела: земја на мирот и земја на војната.[5] Земја на мирот е земја каде што делуваат законите на шеријатот.[6] Тие земји се земји на мирот, во кои сите луѓе се потчинуваат на законите на Алах, а луѓето кои не се потчинуваат, завземаат одредена положба, т.е. според шеријатот и Куранот[7], врз кој е основан шеријатот, сите неверници се делат на две категории: многубошци и луѓе на Книгата. Многубошците се луѓе кои не го признаваат авторитетот на Светото Писмо, не Го почитуваат Бог Творецот, на пример: атеистите, будистите, хиндусите, шаманите – било кој. Тие се подложни на насилно обраќање во ислам или смртна казна. Трета варијанта за нив нема. Луѓето на Писмото – во Куранот наведени како христијани, Јудејци и зороастријанци – имаат право на постоење. Им се дава право на живот под услов дека нема да истапуваат против исламот, нема да го критикуваат, нема да проповедаат и ќе плаќаат низа даноци – џиза[8] (данок на верата) и притоа ќе имаат одредени ограничувања: христијаните мора да ги носат крстовите на грб, да живеат во куќи кои не се повеќе од еден спрат, немаат право да јаваат коњи. Има и низа други ограничувања во врска со секојдневниот живот.

Џизата претставува воглавно 80% од заработката. Притоа, нормално, христијанинот, како граѓанин од втор ред, се подвластувал на одредени притисоци, но сепак животот му бил гарантиран. Тоа треба да се признае заради објективноста. Не може да се вели дека исламот бара уништување на сите христијани, тоа нема да биде потполно коректно.

Притоа, на сите начини се стимулира преминот на човекот во ислам. Земајќи во обзир дека човечката слобода многу не се цени во исламот заради веронауката (за нив ќе зборуваме сега), од тоа произлегува дека секој човек и слобода лесно можат да бидат прекршени. Како што е речено во Куранот 3:83: „Нему му се предале оние кои се и на небесата и на земјата, доброволно и неволно, и Нему ќе му бидете вратени.“ Овој збор „неволно“ означува отсуство на слобода, плен, ропство. Заради тоа постои низа страшни изреки, како на пример: ако христијанин во присуство на двајца муслимани изрази желба да стане муслиман, тој се смета за муслиман и секој обид подоцна да се одрече, доведува до смртна казна, бидејќи за напуштање на исламот се пропишува смрт или доживотен затвор. Меѓутоа, доживотниот затвор никој не го користи; имало многу, многу ретки случаи кога се користело доживотното затворање. Најчесто се применувала смртна казна, која се спроведува и до денеска. Последен пример на смртна казна за примање на христијанството беше во Саудиска Арабија во 2005 год., кога казнија христијанин од Филипини. Во Јемен во 2004 год. убија муслиман кој го прими Православието – Георгиј. Тоа се норми кои делуваат и до денеска во шеријатските земји.

Другиот дел од територијата на нашата планета се земји на војна. Земјите на војна се делат на две групи: земји на џихад и земји на примирје. Земјата на војна е земја кадешто не делуваат шеријатските закони, т.е. каде што општеството не е уредено според шеријатските норми. Таа земја така ја нарекуваат затоа што таа територија мора да биде обратена во ислам. За тоа се претпоставува праксата на светата војна – џихад[9], која има неколку облика. Многу е важно да се запамети: џихадот има форма на мисија – т.н. мирен џихад. Мисионерството на муслиманите се нарекува џихад. Под џихад може да се подразбира и вистинска војна и погроми, труење на противничката вода. Според сегашното толкување на низа муслимански авторитети од Саудијска Арабија, т.н. вехабити[10], облик на џихад е и ширењето наркотици. Разбирливо е, секако, зошто хероинот се одгледува, пред сé, во Авганистан – ширењето на хероинот се смета за средство за поткопување на противничките сили. Како и во секоја војна – уништување на живата сила на противникот. Тоа е чисто воена тактика.

Како што реков, земјите на војна се делат на два дела. Постојат земји на непосредна војна. Земја на џихад е земја која треба да се истреби со сите средства, бидејќи конкретната држава на некој начин се бори против исламот. Со тие држави, војната треба да се води на секој начин. Во правилниците на џихадот сé е наброено. На пример, треба да се уништат мажите, старците, додека жените и децата не се истребуваат. Жените и децата е неопходно да се заробуваат: жените треба да станат сексуални робинки, а децата да се принудат да го прифатат исламот. Постојат специјално разработени тактики за исламот (и на руски јазик). Тоа се правила кои се прифатени во исламот, почнувајќи од седмиот век – од Мухамед.

Земја на примирје е земја каде исламот живее заедно со некоја неисламска држава на основа на некој договор, т.е. на муслиманите им се дава помалку или повеќе право да живеат според шеријатот, но притоа самото општество по себе не е исламско. Тоа е земја на примирјето. Зошто? Затоа што, ете, тие луѓе, или поточно, тоа општество им дозволува на муслиманите да живеат спроед шеријатот, но само по себе не е исламско, не е нормално, мора да биде уништено, претворено во исламско, но само под еден услов – да не страдаат муслиманските браќа. Затоа со нив се склучува примирје до моментот додека општеството доволно не ослабне, за да може да се претвори во исламско. Таква е праксата на џихадот и сфаќањето на светот од нашата планета од гледна точна на исламот.

Продолжува…

Земено: www.vistinatakeveoslobodi.wordpress.com

Друго:

1 дел – Православен поглед на исламот


About The Author