// Google analytics code

Покајте се… о. Гаврил

3E326C53-F7BC-4AA9-9317-7C345C2B2871Господ Исус Христос, Бог Словото, заради нас луѓето се воплоти и стана човек, потоа се крсти од Јована во Јордан и сакаше да ни ги отвори небесата и да ни ја отвори можността повторно да се вратиме онаму каде што човечкото достоинство припаѓаше, а тоа е во рајот со Господа. Во вечната заедница со блажениот и свет Бог. Затоа и Господ слезе на земјата за да ја проповеда својата спасителна наука.

Заради тоа Господ од Назарет премина во пределите Завилонски и Нефталимски кај што владеeла темнината на незнабожтвото, за да го потврди она што е напишано во Светото Писмо и поверуваат во Него: “Земјата Завулонова и замјата Нафталимова, по пат кон морето, отаде Јордан, е назнабожечка Галилеја. “Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и она оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина”.

Луѓето од Галилаја, и градот која подоцна ќе постане омиленото место за проповед на нашиот Господ и Спасител Исус Христос и  од каде ќе бидат повикани првите апостоли, во тоа време пребивале во непознавање на вистинскиот Бог и се заблудувале по лажните идоли. Поради тоа Господ со својата блага вест ја изли на нив светлината која води во живот вечен. Таа светлина е самиот Бог и словото Божјо, Евангелието, кое го проповедаше Богочовекот Исус Христос и кое сведочеше за Него како за Единствен Бог. Тоа слово Божјо и ден денес ни се проповеда во нашата света Православна Црква и ние треба да го слушаме и не само да го слушаме, туку и да го исполнуваме.

Сите кои им служат на своите страсти, а тоа се пред се, страста на себељубието изразена прку трите главни групи на страсти: сластољубието, среброљубието и славољубието и се заробени од нив и тие сеуште се наоѓаат во мрак и смртна сенка. Сите тие страсти стануваат наши идоли на кои им се поклонуваме и се главните пречки кои што едноставно го попречуваат нашиот однос кон Бог и го помрачуваат нашиот ум и срце за таа светлина да засветли внатре во нас за да можеме го видеме Господа и да наследиме живот вечен.

Божјите зборови се вечни и секогаш актуелни и зборовите “Покајте се зашто се приближи царството небесно” се актуелени и подеднакво важни и се однесуваат и за нас денес. Господ не вели покајте се и (веќе) го примивте царството небесно, како што некои така сакаат да мислат, туку вели: покајте се зашто се приближи царството небесно. Овде има еден акт, акција, движење, сеуште неостварена цел до крај. Не е доволно само површински формално да се покаеме, туку и да дадеме плодови на покајанието.

Тоа значи дека, вистина Царството Божјо е дојдено, Христос го објави, но ние самите треба да се потрудиме и погрижиме да го прифатиме и примиме. Него го примаме самом преку покајание. Покајанието е единствениот начин на кој ние тоа царство небесно ќе го примиме. Покајанието значи преумување, односно промена на нашиот паднат и помрачен ум кој што седи во темнина и смртна сенка и кој што е помрачен од страстите и заблудите на овој свет и век и му служи на ѓаволот и на неговите паднатите демони на темнината, и свртување кон Бог и светлината на Евагелието. Покајанието значи цврста решеност, нашиот живот да си го смениме на добро.

Живеејки како блудниот син во земја туѓа, надвор од татковиот дом, се освестуваме дека одиме во погрешен правец, дека со тоа најпрво ја отфрламе милоста Божја, љубовта Божја а потоа и се лишуваме од вечното спасение и радоста во царството небесно и заради тоа, решаваме да си го смениме нашиот живот.   Се свртуваме од грешен во свет живот.

Таа проемена треба да биде суштинска, со сето наше битие не површинска или делумна. Колку нашето покајание е подлабоко и поквалитетно, толку и нашата промена постанува подлабока и нашиот живот поквалитетен. Не е потребно само да дојдеме пред попот, накратко да му се исповедаме или поточно другите да ги исповедаме, да ни прочита молитва, ќе се причестиме и потоа пак по старо, ништо суштински не променувајки во нашиот живот и сеуште во нашите срца носејки си ги истите старсти и тежини. Но целиот наш живот треба на Христа Бога да му го предадеме.

Тогаш целиот наш живот ќе стане добар. Ќе стане просветлен. Ќе имаме добри мисли, добри дела и на се ќе гледаме со светлина и љубов. Целиот наш живот ќе се претвори во светлина и радост. Тогаш актуелно и за нас дошол Христос и овие зборови Христови стануваат дејствителни и за нас. Тогаш и во нашите срца ќе се насели Божествената светлина и тогаш нашиот живот ќе се промени на добро.

Свети апостол Павле во посланието до Солунјаните пред малку не не поучуваше: Гледајте никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш барајте го доброто меѓу вас и за сите луѓе! Радувајте се секогаш, молете се постојано и благодарете за се, зашто тоа е Божја волја за вас во Христос Исус! Не гаснете го Духот, не презирајте ги пророштвата, туку испитувајте се, а држете се за доброто. Воздржувајте се од секој вид на зло! А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! (1 Сол, 5:15-22).

Ако радоста, благодарноста, молитвата и љубовата не се карактеризираат во нашиот живот тоа значи дека сеуште за нас не дошол Христос, сеуште сме ние во мрак и темнина и во смртна сенка и сеуште ни е затворено небото . Затоа светата Црква постојано потсетува: Покајте се зашто се приближи царството небесно. Да се покаеме затоа што навистина нема друг начин на спасение освен преку покајанието. Да одиме редовно на Црква, да имаме некаков телесен подвиг и молитва да имаме, ако немаме покајание сето тоа е само измама и прелест. А коклу е важно покајанието покажува фактот дека Господ Исус Христос на почетокот на својата проповед ги истакнува овие зборови, исто како што и св Јован Крстител пред него прв ги објави зборовите на покајанието и исто како што и светите апостоли при основањето на Црквата, на нивната прва проповед најнапред го  потенцираа покајанието како единствен начин и услов за нашето спасение, влез во Царствот Божјо и вечниот живот. Затоа покајте се зашто се приближи царството небесно.

Амин.


About The Author