Плач по суштината
Ме заробија секојдневните грижи, заборавајќи на Тебе Господе.
Дозволив тие да ме водат низ живот, заборавајќи на Тебе Господе.
И јас им подадов рака, страсно се врзав во нивното разрешување, а Тебе те заборавив Господе.
Прости ми Господе.
Научи ме повторно да пребивам близу до Тебе, за да Те прегрнувам деноноќно во мене. Сеќавањето на светлината што ми ја озари душата… суштината е, знам.
Научи ме повторно да ти се обраќам, научи ме да се молам Господе.