// Google analytics code

Осудената учесничка од групата “Pussy Riot” Надеж Толоконникова планира да оди на богослужба

Една од членовите на сега популарната група “Pussy Riot” Надежа Толоконникова,  осудена на две години затвор заради непристојниот перформанс во црквата “Христос Спасител” во Моска, деновиве имаше интервју за “Новая газета” изненадувачко за сите.

Новинарката беше изненадена уште на првиот одговор кога ја праша:

– Бев речиси сите денови на твојот процес во Хамовническиод суд. Често мислам на судијата Сирова. Вие се сеќавате ли на неа?

– Не Апсолутно не, тоа е за мене сива состојба.

– Чекај, “сивата листа” те осуди на две години?

– Тоа е во ред.

– Но, “сивата листа” е на слобода, а вие сте тука?!?

– Исус Христос умре за сите.

– Значи, вие немате лутина на Сирова, ниту злоба кон неа?

– Не, апсолутно, немам гнев кон Сирова. Јас немам ни злоба кон никој. Имам желба за правда, и јас сум повреден од фактот дека тоа понекогаш  не се случува. Но гневот – тоа чувство го немам во овој час.

Понака Надежда кажува дека во Црквата е соблазнета од луѓето кои само формално, фарисејски, ја исповедуваат верат. Ги чита Руските философски милители оф ХХ век, Бердяев, Соловьов, Мережковски и планира да оди на служба во православниот храм на територијата на мордовската колонија каде ја издржува својата казна.

“Би сакала да ја видам самата црква и да се запознаам со батюшката,  ми рекоа дека се двајца. Би сакала да одам на служба. Можеби ќе успеам во јануари”, изјави Н. Толоконникова во интервјуто за “Новаја газета”, имајќи предвид дека движењето на територијата на колонијата е строго регулирано.

Искрено се надеваме дека овие нејзини изјави се искрени и од срце и Господ ќе и даде сила и просветленеи во иднина да застане и тргне на патот Божји и повторно да ја запее Богородице Дево, но овој пат вистински благодаствено.

 


About The Author