// Google analytics code

ОРЕЛОТ И ПИЛИЊАТА

„И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе!“ Кол. 3:1.

 Еден селанец еднаш фатил едно младо орле, го врзал со канап за ногата и го пуштил во својот кокошарник. Не поминало многу време и орлето почнало да се однесува како пилињата – научило да прета и да колве по земјата! Птицата што некогаш владеела на небото, сега била задоволна со понизниот живот на една кокошка.

 Еден ден, на гости кај селанецот дошол еден овчар од високите планини, каде што живеат орлите. Кога го здогледал орелот, овчарот му рекол на селанецот: „Голема срамота е да ја чуваш оваа птица врзана во кокошарникот! Зошто не ја пуштиш на слобода?“ Селанецот се согласил и го пресекол канапот. Но, орелот си продолжил да прета и да колве низ дворот, како и порано. Овчарот го зел орелот и го поставил на еден висок ѕид. Првпат, по толку месеци, орелот го здогледал небесното пространство и сјајното сонце.

Раширувајќи ги своите крилја, се вивнал во спирален лет кон височините. Најпосле, повторно се однесувал како орел.

Можеби, и ти си се одомаќил во кокошарникот на овој свет, заборавајќи на своето небесно место како Божјо дете. Напушти го својот грев и барај го она што е горе! Како во случајот со орелот, сè уште не е доцна повторно да се вивнеш во небесните височини!

 „ОД НЕБЕСНИТЕ ВИСОЧИНИ, ПОГЛЕДОТ КОН СВЕТОТ Е СОСЕМА ПОИНАКОВ!“


About The Author