Одразот на смирениот – Св. Нектариј Егински
Смиреноста доаѓа како последица на моралната совршеност. Вистинската смиреност има основата која се наоѓа во внатрешноста на човекот. Таа е одраз на благодатната душа, на блескотот од нејзините добродетели и нејзината духовна украсеност. Таа како благодатта, внатре слиена, ликот на смирениот го чини светол и убав. Смиреноста е прва слика за карактерот како пројава на внатрешно величенство на смирениот.
Таа, бидејќи нелицемерна и неизвештачена, проста и туѓа, има постојан и непроменлив карактер кој никогаш не се преобразува и менува од смирен во несмирен, туку секогаш останува ист – смирен.
Смирениот не е лукав, искрен е и непосреден. Тој настапува како добродетел творејќи добро. Држењето му е пристојно, настапот благороден, зборовите се одмерени, а карактерот влева доверба. Телото во неговото држење е како што достојноста ја доликува, и лишено е од секакво „расфрлање“. Изразот на лицето е природен, погледот ведар, постојан и нељубопитен, движењата одмерени, чекорот смирен.