Horsetail Falls, Firefall
Бог е голем во неговата креација. Како точно Бог го создал светот не знаме, но од тоа што го гледаме можеме да заклучиме само дека Бог е голем.
Се околу нас е чудо Божјо, но тој си оставил некои места на светот во кои на посебен начин ја покажува својата моќ, таинственост и големина.
Таково едно место е “Horsetail Falls” во “Yosemite National Park”, Калифорнија, Америка.
Феноменот кој таму се случува го нарекуваат ” Firefall” (Паѓачки оган). Тоа е краткотраен момент кој се случува само во пролет, третата седмица од Февруари, на зајдисонце, ако временските услови се наклонети и не се случува секогаш. При даден агол на на паѓањето на сончевите зраци се создава еден ефект со кој го осветлува водопадот и создава златно портокалова до црвена светлина при што се содава впечаток како да паѓа огнена лава од висините на водопадот.
Овој феномен трае многу крако, а може да не се случи и привлекува внимание на многумина фотпграфи. Од него се направени стотици успешни фотографи и видео снимки. Ви прикажуваме неколку најуспешни фотографии и еден видео клип.
“Horsetail Falls” – Видео клип