// Google analytics code

НИЕ, ЦРКВАТА

НИЕ, ЦРКВАТА

Св. Јован Златоуст

 

Црквата е единство и слога. Црквата подвоените ги собрира во едно. Црквата е еднодушност. Таа не е установена за оние кои се собираат во неа да се делат, туку за подвоените да се соединат. Црквата не ја познава разликата помеѓу господарот и робот, таа ги разликува едниот од другиот по добродетелите.

Христос е главата, ние телото на Црквата. Помеѓу главата и телото големо ли е растојанието? Тој е темел, ние градиме. Тој е лозата, ние прачките. Тој е женикот, ние невестата. Тој е Пастир, ние овците. Тој е патот, ние патниците. Ние сме храм, Тој пребива. Тој е наследник, ние сонаследници. Тој е живот, ние оние кои живеат. Тој е воскресение, ние оние кои воскреснуваме. Тој е светлост, ние оние кои се просветлуваат. Ние сме Црквата Христова.

Црквата, единството, не допушта никаква поделба, а кој малку ќе се одвои, тој потоа и многу ќе се одвои. Затоа, кога грешиме во нешто малку, тоа малку, ако не му посветиме доволно внимание набргу ќе стане многу. Од секоја рана здобиена од меч телото крвари, градбата ако напукне ќе се сруши, прачките ако се одвојат од лозата стануваат неплодни, ќе згинат. На тој начин она малку, станува се’. Затоа, да го имаме сево ова пред очи, да бидеме секогаш будни на малите гревови, за да не западнеме во големи.

Како што телото и главата сочинуваат еден човек, така едно се Црквата и Христос. Иако Црквата се состои од многу членови, тие се едно тело. Еден Дух нас не состави и не препороди, затоа што од истиот тој Дух сме. И не е само Духот еден кој нам не крстеше, туку во што не крстеше, односно поради што нас не крстеше. А се крстевме не за да сочинуваме разни тела, него да бидеме едно тело еден на друг.

Црквате е полнотата во Христос. Затоа што полнотата на главата е телото и полнотата на телото е главата. Помисли само на каква Глава сме тело. Низ трепет се цени блискоста и сродството наше со Бога. А кој низ трепет цени се плаши да не се одели од телото и внимава некој друг да не отпадне, затоа што едно тело се Црквата и Христос.

 


About The Author