// Google analytics code

Настојувај да Му благодариш на Бога за се – Св. Варсануфиј и Јован.

Настој се така за да Му благодариш на Бога за се, послушај ги и исполни ги зборовите на апостолот, кој вели: „Благодарете за се“ (Сол. 5,18). Ако си во страдања или во маки, или во неприлики, или во болести или во телесни трудови, – за се што те постигнува благодари Му на Бога, зашто „во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки“ (Дела 14,22). Затоа, не сомневај се со твојата душа и да не ослабнува твоето срце, туку спомнувај си ги зборовите на апостолот: „Ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се подновува“ (2. Кор. 4,16). Ако не претрпиш страдања, не мжеш да се издигнеш на крстот и да станеш учесник во неговите спасоноси плодови…       Св. Варсануфиј и Јован


About The Author