// Google analytics code

Молитвите на Св. Јован Кронштатски

Една жена, мајка на 3-4 дечиња, која била потполно здрава (но и жена на виден и истакнат човек), била повторно бремена со уредна бременост. Пристигнало времето за раѓање, но се случило нешто многу лошо. Жената кренала висока телесна температура до 40 степени, што предизвикало дополнителни потешкотии.

Меѓутоа, тоа не било најлошото, туку се случило уште нешто пострашно. При прегледот на најистакнатите и најспремните лекари кои пристигнале, на нејзините блиски им ја кажале најгорката вест. Детенцето веќе било мртво во уторбата на мајката и веќе биле одбројани и миговите на животот на мајката која лежела во безсознаие.

Нејзините блиски испратиле телеграма до отец Јован кој живеел во Кронштат, за што побрзо да дојде и да се помоли за нејзиното здравје.
Во доцните вечерни часови пристигнал отец Јован во домот. Завладеала тишина. Отецот влегол во собата на жената.

Во домот, на сите како да им застанало времето. Поминале тешки минути, не една, две, туку цел половина час. Во еден миг, од спалната соба каде што лежела жената излегол отецот целиот облеан во пот. Длабоко воздивнал и само им рекол на сите присутни:
– На Господ угодно му било да го воскресни умреното бебе! Лиза (жената) ќе роди момче!

Во спалната влегле лекарите за да ја прегледаат. Остануваат без зборови.

Лекарот кој ја констатирал смртта на бебето и кој констатирал веќе започнат процес на затрујување на крвта на жената, поради починатото бебе во утобата, сега бил потполно изненаден. Состојбата на жената била зачудувачка.

При прегледот бебето било живо и се движело во утробата, а телесната темература на жената била веќе симната на 36,8 степени. Најзачудувачо било тоа што тоа не било некој час или два, туку починатото бебе било веќе неколку денови во утробата на мајката.

Така, веднаш ја породиле и навистина таа родила здраво и живо момченце, за кое ни лекарите не знаеле дека е момче во прашање.


About The Author