// Google analytics code

Кој Ме љуби Мене ги почитува Моите заповеди – Св. Игнатиј Брјанчанинов

Кој Ме љуби Мене – рекол Господ – ги почитува Моите заповеди. Во таквата љубов не може да има ниту фантазии, ниту телесен жар, бидејќи почетниците ги извршуваат Христовите заповеди со присила над себе, со таква присила што се нарекува распетие, а оние кои напреднале и се чувствуваат осенети од благодат, ги извршуваат нив со силно чувство на мирот Христов.

Мирот Христов е некаква фина духовна ладовина; кога ке се разлее по душата, таа е во возвишено молчење, во свештено мирување.

Св. Игнатиј Брјанчанинов


About The Author