// Google analytics code

Кој ги спознал Божјите судови чедо мое? – Старец Јосиф Исихаст

imageКој ги спознал Божјите судови чедо мое? Нему му е се познато. Тој, се гледа и Нему неможе ништо да му избега, но Неговата волја никој не ја познава. Делата на сатаната се ништожни пред Божјата сила. И кога нас, Бог би не испитувал онака, како што Тој Самиот знае, тогаш и ние треба да покажеме трпение и благодарност.

Себлагиот Бог, драго дете мое, не прави ништо што нема да и биде од полза на душата твоја. Било да допушти болест или искушение, тоа го прави поради нашата полза. Ние, тоа не го знаеме и поради тоа често негодуваме и правиме големо зло. Тој, како последица на Својата голема љубов се грижи само за полза на нашите души. Знае дека сме овде привремено и дека сето тоа брзо ќе помине, тие минути. Кога ќе се заврши ова наше прогонство и ќе ни се отворат вистинските очи на душата, за се ќе му бидеме благодарни.

Според тоа , добро чедо мое, секогаш имај трпение. Мене ми е познато дека Бог, ти испратил искушенија поради твојата добрина, но и дека ќе ги оддалечи од тебе, кога Самиот ќе го посака тоа.

А ти, чедо мое, пишувај ми за она што се случува. Не плаши се од искушувачот. Само непрестајно изговарајќи ја молитвата, чедо мое, зашто ова е искушение, него и ѓаволот, можеш да ги избориш само со молитвата, само таа ги уништува неговите нерви и го нервира.

Според тоа, само трпение и благодарење, строг пост и молитва, и Бог ќе го уништи.


About The Author