// Google analytics code

„Кога сум слаб, тогаш сум силен“

Maximus_ConfessorАпостолот рекол: „Кој ќе нѐ одвои од Христовата љубов? Тагата и маката, и останатото?“ И нешто подоцна: „Затоа што сум сигурен дека ниту смртта, ниту животот, ни ангелите не можат да нѐ одвојат од Него“, и повторно: „ Во сè сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж; нè гонат, но не сме оставени; нè кутнуваат, но ние не загинуваме. И секогаш во нашето тело ја носиме смртта на Господ Исус, така што и Исусовиот живот да се открие во нашето тело“ (2 Кор. 4, 8-10).

Со такво расположение апостолот непрестајно се молел. Затоа што, како што е речено, во секое дело и случување неговата надеж се потпирала на Бог. И сите светители секогаш се радувале во неволјите за да дојдат до состојбата на Божјата љубов. Бидејќи и апостолот велел: „Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи, за да се весели во мене Христовата сила“ (2 Кор. 12, 9). И веднаш потоа: „кога сум слаб, тогаш сум силен“.

Но, тешко нам кои го напуштивме патот на светите Отци и останавме без духовни дела. Невозможно е умот потполно да Му се потчини на Бог ако не се здобијат трите добродетели: љубовта, воздржанието и молитвата. Затоа што, љубовта го скротува гневот, воздржувањето го суши сластољубието, а молитвата го одвојува умот од сите мисли и го поставува гол пред Бог. Тие три добродетели во себе го содржат сето останато и без нив умот не може да направи ништо достојно за Него.

Св. Максим Исповедник


About The Author