// Google analytics code

Како би требало – како Христијани – да реагираме во која било ситуација?

 „Еве и со други зборови, накратко, како би требало – како Христијани – да реагираме во која било ситуација, а посебно лоша: Најпрвин сѐ што се случува во нашиот живот треба да го прифатиме како дар Божји, потоа треба да Му заблагодариме на Бог за дарот и, на крај, благодарењето треба да го претвориме во молитва. На тој начин ќе влеземе во процес на исцеление на нашите страсти, а демонот нема да може да се допре до нас заради квалитетот на нашата молитва. Ако не го прифатиме тоа што ни се случува како дар Божји, потребен според Божјата љубов и промисла за наше спасение и восовршување, и ако не Му заблагодариме на Бог за Неговиот дар, тогаш, ако и случајно по некоја навика – во такви ситуации – и се помолиме, нашата молитва нема да има никаква сила, а ние ќе останеме заробеници на нашите страсти и на демонот поврзан со нив.

Љубовта е секогаш слободна, а слободата е секогаш љубовна. Одземете ѝ ја слободата на љубовта и одземете ѝ ја љубовноста на слободата, и од нив нема да остане ништо. Затоа деца, љубете и не барајте да ви возвратат со љубов. Бидете слободни и љубовни. Барањето да ви возвратат со љубов веќе ја ограничува вашата љубов и таа паѓа. Барањето да ви возвратат со љубов не е љубов, и вие не сте слободни, туку сте робови на своето самољубие. Љубовта која не бара е слободна љубов, таа е неограничена и не зависи од ништо. Љубовта која не бара е вечна, таа нема крај, таа никогаш не завршува. Тоа е Божествена љубов. Слободната љубов на крајот и ќе победи, затоа што ќе му остави доволно простор и време на љубениот слободно да ѝ одговори со љубов.“ (Извадок )

Митрополит Струмички Наум

 


About The Author