Исповед
Исповедта е насушна потреба за сето паднато човештво. Таа е помирување со Бог и повторно враќање при Него. Исповедта е најтесно побрзана со покајанието, кои секогаш одат заедно, затоа што не може исповед без покајание, и никој не би се исповедал ако не чуствува покајание.
Откако ќе ја согледаме и почуствуваме нашата очајничка состојба на отпаднатост и оттуѓеност од Бог, како наш Татко и Творец и единствен извор на нашите живототворни енергии, се освестуваме и од се она што не оттуѓува, не оддалечува од Него, сакаме да се ослободиме.
Тоа е исповедта.
За да зборуваме за исповедта, потребно е прецизно да се знае што е гревот. Не е гревот правило, закон, бон-тон или кодекс на живеење, па сега сме ги нарушиле тие правила и закони, туку гревот е егизстенцијално промашување и раскинување на нашата заедница со Бог. Ако Христос е Патот, Вистината и Животот, сето она што е надвор од Него, е грев. Односно, се она што не прави неслични со Него е грев. Он нас ни се отктил во Евангелието и според тоа нашиот живот треба да го согласен Евангелието.
Како би можеле наједноставно да ја опишеме испооведта?
На пр. Да речеме дека нашиот живот е брод кој плови по морето и ако на тоа патување доживееме бура, за да се спасиме од бродолом најпрво ги исфрламе покрупните работи, а подоцна и оние понезабележителните. Така е и со исповедта. Првото доаѓање на исповед, повеќе имам карактер на присоединување на човекот кон Црквата. На првата исповед најчесто се исповедатат видливите, крупни гревови. Гревовите телесни, на дело и со збор. Подоцна, откако ќе го подисчистиме нашето срце и кога ќе влезе светлинката на просветлувачката благодат, ќе можеме да ги препознаеме и останатите скришни гревови и страсти. Исто како една затворена просторија, кога ќе отвориме еден прозор, најпрво се забележуваат покрупните работи, а подоцна кога ќе се отвориме повеќе и повеќе, ќе може да се забележи и најситната прашинка.
По првата исповед Бог ни дава т.н. прво просветление или просветлувачка благода. Преку неа ни се дава можност да ги забележуваме сите наши слабости и гревови. Таа прва просветлувачка благодат треба да ја насочиме кон себе за согледување на своите слабости и грешки. Затоа што постои демонското искушение, за неа да ја насочиме кон забележување и гледање на туѓите слабости и гревови. Ако ја насочиме кон согледување на своите гревови и страсти, тогаш таа ќе ни биде исцелителна, но ако ја насочиме кон судење и осудување на дригите, тогаш таа постанува за наша осуда. Паѓајки од темнина во темнина нашата состојба станува полоша од првата според зборовите Христови од Евангелието откако демонот ќе биде изгонет од нечие срце, тој се враќа назад и го наоѓа празен, изметен и уреден, тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат, и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Матеј 12, 43-45. Значи, не само да го испразниме, туку треба и да го исполниме нашето срце со плодовите на благодатта.
Кога веќе одиме на исповед, треба и правилно да се исповедаме за исповедта да ни биде спасителна. На исповед не се оди за разговор со попот, да се фалиме колку сме добри, не се оди да ги исповедаме другите, притоа судејки ги и осудувајки ги истите. Треба да се осудиме самите себе и да не се самоправдуваме или да го убедуваме духовниот Отец да застане на наша страна за да се оправдаме, туку треба да си ги признаеме пред Бога и духовниот Отец сите свои гревови и побараме прошка за нив. Секогаш носечка мисла при исповедта е: „јас сум виновен за се“. Кога ќе појдеме од неа, нема да ги осудуваме другите а секогаш вината ќе ја наоѓаме во нас.
Во некои случаи, ако треба и да се принудиме на неа и тоа се вика аскетска
Целта ни е да се спасиме, а тоа може да биде само во соединување со Бог. Колку попрецизна е исповедта, толку побрзо се лечи. Гревот е рана и треба да се залечи. Еден од најефикасен лек е исповедта. Колку е попрецизна исповедта, толку е посилно покајанието и решението да се ослободиме од гревот и да се спасиме.
Исповедта треба да биде прецизна, длабока и искрена, и тоа ја прави делотворна.Накратко да ја опишеме ситуацијата и во која ние сме паднале и потоа да исповедаме што во моментот се случувало и продолжило да се случува во нашето срце. Сите лоши и негативни реакции на срцето и умот. Во првите две групи на страсти, сластоњубието и средброњубието гревот се слушува најпрво со предлог, потоа разговор со предлогот (помислата), прифаќање, согласување, желба, страст… Во ситуациите пак, кога е повредено нашето его, а во третата група, на славоњубието прва реакција е помрачување, потоа ни оладува љубовта, се гневиме, судиме, осудуваме.. и ако не ги прекинеме, почнуваме да грешиме со збор, ако и тука не ги прекинеме тие реакции, може да стигнат до грев на дело. Неколку пати повторен грев, создава страст, заробеност на срцето од тој грев и потоа, тој потешко се лекува.