Иконата на Пресвета Богородица Одигитриа (Патеводителка) – Света Гора
Со векови наназад иконата на Пресвета Богородица Одигитриа (Патеводителка) можеше да се најде на главниот столб во соборната црква во манастирот Ватопед на Света Гора. Во 1730 оваа икона исчезнала од Ватопедн и монасите ја пронашле на друго место на Света Гора. Тие ја нашле во манастирот Ксенофонт. Мислеле дека некој ја украл и однел таму, така да ја симнале од местото каде што стоела и ја вратиле назад. Меѓутоа, следното утро, иконата повторно ја немало и повторно ја нашле во Ксенохонт на истото место од вчера. Тогаш сватиле дека таква е волјата на Пресветата и ја оставиле.
На 23 Јули 2013 за прв пат од 1730 година со свеченост и литија ја донесоа иконата во манастирот Ватопед благодарение на братски те односи помеѓу старците на овие два свети манастири, архимандрит Алекиј, игименот на Ксенофонт и Архимандтот Ефрем, игуменот на Ватопед.Иконата беше два дена изложена за благослов во овој манастир и потоа пак беше вратена во манастирот Ксенофонт.