// Google analytics code

Зошто Обама ги “благослови” геј браковите?

Пред некое време сите бевме изненадени од ненадејноста на одлуката на Американскиот претседател Барак Обама за да ги признае хомосекусуалните бракови. Сите се прашуваме што толку одеднаш го поттикна на оваа одлука? Смислата е многу проста и едноставна. Има една народна мисла која вели: Парите го вртат светот. Парите го турнале Јуда во најголемиот грев, да се откаже од апостолското достоинство и да го предаде Христа. Важно е само да се остане на власт според онаа језуитската: Целта ги оправдува средства. Човек за да си го задоволува своето себељубие или супер его, е спремен и да се погази и самиот себе, од отстапи од своите принципи, морални вредности и идеали ама мора да се биде на власт…

Воглавно, светот му служи на овие три главни страсти. Славолубие или властољубие, среброљубие и сластољубие. Сите овие страсти се поврзани заемно меѓу себе и се потхрануваат една со друга, хранејки го нашето супер его или себељубието.

До само пред некое време американскиот преседател, кој беше дециден на своите морални принципи дека не е благословен хомосексуалниот брак, сега пак, откако процени, или поточно други му проценија,  дека на следните претседателски избори во САД може да загуби, затоа што губи и авторитет и пари, па преку ноќ си го смени мислењето и ги „благослови“.

Но што направија тие за него? Тие за возврат са само една недела по неговиот “благослов” му инкасираа во неговата председателска кампања 150 милиончиња американски долари и му ги ветија своите гласови кои, за жал, не се малку. Така покрај тоа што светот ќе го памти дека е првиот црн (по кожа) американски преседател, и по тоа што ќе е првиот црн американскки председател кој ги дозволи геј браковите, а со тоа и ширум ја отвори вратата на американската нација кон самосотрување.

Зошто геј бракови?

Веќе ги спомнавме двете помали и краткорочни причини. Тоа се пак да повториме, дека тој и неговата партија, губат авторитет (гласови) и пари. Во Америка според Според Светското сексуално интернет пручување во САД 20% од населението се хомосекусалци. (Воругите држави во светот: Австралија -22%, САД, Нов Зеланд и Ирска -20%, Канада -19%, Велика Британија -17%[13], Франција -16%, Белгија и Австрија -15%, Холандија, Норвешка, Италија и Кина -14%, Финска, Швајцарија и Шведска -13%, Чешката република -12%, Малезија -10%, Шпанија, Бугарија и Грција -9%, Словачка и Португалија -8%, Виетнам -7% и Полска -6% ). За жал, сите тие, не мислат со своите глави, туку преку своите страсти, и ќе гласат за „својот“ човек. А тоа дека во негово време Америка едвам се задржа од колапс и банкрот не е важно. Важно е тие да си ги задоволуваат своите страсти. Тука се секако во игра и нивните парички кои нема за што да ги чуваат и инвестираат. На кого да ги остават после нив? За кого да се бората во овој живот?

А која е поголемата и подолгорочнота цел?

Сведоци сме на една абнормална брза борба за техолошки напредок. Во името на хуманизмот, а всушност само заради капитал,  се создаваат се „подобри“ услови за удобен живот и работа со цел да му се олесни на човекот. Ние се радуваме на тоа дека сега не мора да се мачеме толку како порано и не ќе мораме да чекаме толку долго за јавните услугите.

Светските аеродроми се место на раздвиженост, живот, тага, радост, измешани чуства… полни со пријатен џагор. Денес наместо човек услугите само со помош на машина си ги правеш. Навистина многу побргу си ги завршуваме но наместо да видеш нечија насмевка и да слушнеш: добар ден, како си денес? Машината автоматски без никакви чуства ти ги дава инструкциите сам да си ја завршеш работата. И наместо, ви благодарам. Имајте убав лет и пријатен прстој со блага насмевка на лицето, на екранот со силни светли букви ти отсјаува Thank you. Не ти треба никој и за две минути, тој се ќе направи се за тебе. Но затоа што тој компјуер стои таму и тебе побргу ти ги завршува работите, Американ Ерлајнс планира да отпушти 13.000 вработени, a Kвантас во Австралија 500 луѓе. Постои реална можност да се отпуштат и уште 1000 работници од Центрите за Одржување на Квантас на аеродромите Avalon и Tullamarine. Но тука не е крајот.

Американската влада во последните години има одпуштено 112.800 работни места. Најмногу од овие изгубени работни места се од поштенските услуги и одбраната, затоа што овие работни места се најдиректно поврзани со развојот на денешната брза комуникација и технологија.  Понамау, во General Motors  oд 2006 до 2012 има одпуштено 112.700 работници. Citygroup по кризата во 2007 има испуштено повеќе од 100.000 работници. Circuit City Stores во 2009 престана да постои, повлекувајки со себе 41.305 работни места. Bank of America планира за скратување на 41.000 работни места, а уште 34,663 работни места ќе бидат затворени во наредните години. Merck & Co. при спојувањето со Schering-Plough во 2009 година имала 100,000 работни места. Денес компанијата има 86,000 вработени а планира да одпушти уште 22,500 работници и уште многу други примери и факти.

И во Австралија е истата состојба. Гигантот за медиуми Fairfax ќе отпушти 1,900 работници во текот на следните три години. Истовремено ќе го намалат форматот на Age и Herald весниците, каде што печатниците во Chullora – Sydney и Tullamarine – Melbourne ќе се затворат до Јуни 2014.

Државата Викторија сносува најголем пад во вработеноста. Имено, се проценува дека 33.000 работни места се изгубени само во Викторија. Ford прекинува голем дел од своето производство во Австралија и како резултат на тоа 1800 работници остануваат без своите работни места. ANZ Bank отпушти 1000 работници, Macquarie (globally) 1000, Westpac 560 итн.

Во Kurri Kurri smelter Ќе се испуштат повеќе од 450 работници од топилница. Севкупно Австралија има изгубено: 21.000 работни места во аграрниот сектор, и 11.000 во енергетика и водостопанството, што споредено со бројот на жителите не ништо помала стапка од оние бројки во Америка.

Ништо не е поразлишна сликата и во Западна Европа каде што ние упорно се трудиме да се приклучиме, но мислам дека се доволни овие податоци за она што сакаме да го истакнеме.

Ако сега искористиме малку проста математика и логика и да речеме дека 60% од одпуштените работници хранат уште по 2-3 усти (души), помножено со нив, тогаш ќе видиме колку усти остануваат гладни. Се доаѓа до една бројла која е веќе алармантна. Значи само затоа што тебе ти се брза и сакаш што побргу да си ги завршиш твоите работи, демек немаме време (а што всушност правиме)  остануваат затворени толку усти и гладни души, пред се дечиња. Всушност каде сите ние брзаме, но…

Сега прашањето на оние кои го креираат опшеството е како ќе може оваа нестабилност да се регулира, а да нема побуни меѓу народите? Затоа тие ја формираа својата нова религија каде главен бог ќе се страстите на човекот и секој може што сака да прави и да си ги задоволува. Исто и како паралелно и како продукт предходното се застапува и “правото” на  “планирање” на семејството, со зголемна пропаганда на “правата” на геј популацијата и геј браковите и на тој начин математички и лочички равенката се изедначува. Има еднаковост, рамнотежа…но до кога?

Сега јасно ли е зошто геј бракови? Како безболно ќе се покријат тие празнини? Како ќе се изедначи равенката? Како ќе се држи балас на економијата? Како ќе се регулира човештвото? Како ќе се владее со светот? Како…?

Едноставно, Антихристот си го подготвува патот и неговиот дух е веќе присуте и е во светот. Тоа е најолемота причина и која се подготвува за подолго време и веќе делува во опшеството. Знаците се блиску.

Затоа американскиот претседател Барак Обама им даде подршка на хомосексуалците, макар да неговата одлука и многу нема за промени на федерално ниво затао што уставот на Америка се гарантира  републиканското уредување на секоја држава посебно, а тие ситомашните мислат дека некој нив ги сака и подржува…


About The Author