// Google analytics code

За смирението – Игумен Гаврил

Смирението е Божествена особина и на неа лично не (по)учи Богочовекот Исус Христос Кој рече: Поучете се од мене, зашто сум кроток и смирен по срце. Бројни се евангелските примери за смиреноста Господова, впрочем до самиот крај на животот Негов зар не се смируваше? Ох овенчана смиреност, но не со прстен, туку со венец од трње и смрт на Крст.

Оваа тајна е скапоцен дар Божји и само на чистите по срце (и на оние кои се трудат да го исчистат) им се открива. Смирението е темелот, цврстиот камен на кој е изграденена зградата (Црквата), и блажени се бедните (смирените) по дух, зашто нивно е Царството Божјо.

И како што гордоста е почеток на сите гревови, така и смирението е почеток и основа на секоја добродетел. Зошто по делата ќе не познаат. И тајната ќе биде јавна, и ќе Го сведочи Него, и ние преку Него љубовта низ дела.

Смирението е присуство на благодатта на Светиот Дух. Покајанието, плачот и смирението се неразделно поврзани едно со друго и неможат да се замислат одделно. Смирениот човек е со чисто срце и смирен ум и ослободен од секоја грешна страст и помисла.

Во борбата за очистувањето на срцето од страстите, почеток на смирението е кога на неправдите и искушенијата не им одговараме со збор или дело, а со помислите се бориме со Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, помилуј ме, а принудувајќи се да ја прифатиме помислата: Јас сум виновен за се. Средината е кога благодариме за искушенијата и им се радуваме, а третиот степен е кога исчистени од страстите искушенијата и не ги забележуваме, ги сакаме (љубиме) и се молиме за оние кои не повредуваат и ги земаме на себе гревовите на другиот.

Смирението е ослободување од секаква надменост и самољубие. Кога не срамотат трпиме, кога не фалат не се гордееме.

Смирението е добродетел на умот.

Заради нашата заробеност од гордоста, смирението тешко се здобива иако и е природно на душата. Затоа е потребна голема борба. Најсигурен лек против гордоста и пат до смирението е послушанието и раководството од духовен отец.

Да се дојде до блаженото смирение е потребен непоколеблив и постојан дух, деноноќно испитување насовестта, и да се внимава на себе и сите свои постапки, зборови, погледи, мисли и помисли. Средства за стекнување на блаженото смирение се благодарственото прифаќање на сите настани и околности во животот, сиромаштвото, болест, трепењето на маки и неправди…
Смиреномудриот ќе го познаеме по неговата кротост, тој секогаш е тивок, умилен, сострадален, скромен, безгрижен, секогаш трезвен, немрзелив, усрден, ненеметлив или, едноставно кажано, без никаков порок или бестрастен, односно чист по срце. Тој никогашне осудува, не се кара, не се гордее…

Смиреанието ги уништува гордоста, самољубието, високото мислење за себе, самобендисаноста, суетата, омразата, противречењето, своеглавостта…
Треба да се прави разлика: eдно е да бидеме смирени, друго е да се подвизуваме во смирение, а трето да го фалиме Господ.

o.Гаврил, игумен на манастирот св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија

смирение


About The Author