// Google analytics code

За (не)простувањето / For (un)forgiveness – Игумен Гаврил

14238150_1104199726314477_5684299291068550184_n(Мат. 18:24-35)

Господарот, во ова евангелско четиво, е Спасителот Исус Христос, кој заради нас на крстот ги прикова нашите гревови и со својата крв ги искупи (прости). Бидејќи Човекот беше немоќен тоа да го направи, затоа Бог тоа го направи за нас. Заради тоа, ние сме Негови вечни должници.

Заради гревот кој завладеал во светот поттикнат од клеветникот – вечниот искушувач, ние меѓусебно си грешиме и меѓусебно се повредуваме. Но Христос ни покажува начин како да се намали злото меѓу нас и како што Христос ни прости, така и ние треба да си простуваме. Непростувањето е знак на затемнетост, заробеност и отпаднатост.

Бог е милостив и ни простува. Кога пак не им проштеваме на нашите ближни тогаш Тој од милостив станува праведен. Тогаш Бог ќе ни суди според нашите гревови и тогаш никој не може да се откупи.

Големо зло си нанесуваме ако злопамтиме. Злопамтењето е живот во ропство. Сами себе се заробуваме со мислата да му се врати на оној што некогаш ни згрешил и таа зла мисла не прогонува се додека не ја оствариме. На тој начин стануваме робови на гревот и сатаната и Тука немаме ништо со Христос, тука го нема Светиот Дух, тука го нема Бог.

Ако сакаме да се ослободиме од тежината и ропството на злопамтењето во нас мора да простиме. Мора да се победиме себе, да умреме за гревот и да простиме. Само простувањето може да не ослободи од таа зла мисла. Простувањето е врв на добродетелите. Присуство Божјо. Кога простуваме стануваме слични на Христос и само така можеме да се ослободи од оковите на адот и темнината.

Нека нашиот Бог и Спасител Исус Христос посредува меѓу нас и ни даде сили да ги заборавиме сите наши минати гревови, да погледнеме напред и самите себе, еден со друг на Хростос Бог да му се предадеме!

+++

The master, in this Gospel reading, is Jesus Christ the Savior, who has nailed on the cross our sins and has redeemed (forgiven) them with His blood. Because the man was unable to do so God did it for us. Therefore, we are His eternal debtors.

Because of the sin that reigned in the world driven by the accuser – eternal tempter, we sin to each other and hurt each other. But Christ shows us a way to reduce the evil among us as Christ forgave us and we need to forgive. Not forgiving is a sign of darkness, captivity and fall.

God is merciful and forgives us. When we do not forgive our fellow man then He becomes from merciful to just. God will judge us according to our sins and then no one can be redeemed.

Great harm we cause ourselves if resent . Resentment is a life in slavery.

We enslave ourselves with a thought to repay those who sinned us and the evil thought hunts us until we fulfill it. Thus we become slaves of sin and satan, and we then have nothing with Christ, there is no Holy Spirit there, nor is there God.

If we want to get rid of the weight and slavery of resentment, we must forgive within us. You have to beat ourselves, die for the sin and forgive. Only forgiveness can free us from evil thoughts. Forgiveness is the highlight of virtues. Presence of God. When we forgive we become like Christ, and this is the only way to get rid of the shackles of hell and darkness.

Let our God and Savior Jesus Christ mediates between us and gives us the strength to forget all our past sins, to look forward and ourselves, and deliver each other to God Christ!


About The Author