// Google analytics code

За молитва е најнеопходно срцето

arsenie-papacioc„Еднаш кога Исус беше на едно место и се молеше, откако заврши со молитвата, еден од Неговитеученици Му рече: Господи, научи не да семолиме…“ 
(Лука. 11,11)

 

 

 

 

 

 

Многу верници се жалата дека во себе не наоѓаат доволно сила да се молат. Оче, како да се стекне ревност во молитвата?

Не треба да се прекинува молитвата, барем не таа со умот. Моменти на опустошеност и пад се случуваат и кај светите, и се поради нивно смирение. Бог дава дарови секому според силата за да би постоела духовна рамнотежа. Едните губат во квалитетот на молитвата, а другите кои се молат со смирено срце чувствуваат утеха и тие продолжуваат со молитвата само за утехата повторно да ги посети. Но сето тоа е грешно, а ние како да тагуваме. Таквата утеха може да дојде и од демоните, затоа што лажното задоволство – лажно се чувсвува. Демонот сака да не задржи во состојба на лажно, времено спокојство, односно не попречува во вистинското согледување на утехата која доаѓа од молитвата, утеха која се излива од срцето и која е безвремена.
Моли се смирено за да го донесеш Бог во своето срце и не вознесувај се со умот во висините. Подобро е да се биде ништо отколку херој за некој друг, а не за Христа. Молитвата ни е неопходна ако сакаме да бидеме до Бог, затоа што лукавиот над нас демне секој момент. Ова што го кажувам не треба да ве плаши затоа што Милоста Божја е со нас, ние сме искупени со Крвта на Спасителот, а тоа значи дека сме многу скапи. Многумина мислат дека ако за нив се моли некој од ближните или некој со висок духовен статус, туѓата блажена состојба ќе дојде и врз нив. Нивниот непоправлив живот само ги заведува со ова верување. Убаво е уште на почетокот да се знае дека во сред полското цвеќе коровот џабе моли косата да го поштеди. Не е срамота да се падне, срамота е да не се стане, да се умре во мрзеливост и опсипаност од задоволства.

Која молитва им ја препорачувате на монасите и на мирјаните?

Овде не би говорел за молитвите пропишани со “уставот” – тие се читаат. Прекрасно би било кога за нешто би размислувале непрестајно, а не само редејќи зборови, туку полека, превоспитувајќи се себе си, чинејќи ја љубовта сопствена состојба, таа да биде континуирана вибрација на нашата душа. Тој трепет се обидувам да го препорачам. Свети Агатон велел: Кој се моли само кога се моли, тој не се моли. Така говорел затоа што Бог пред се треба да се чувствува со срцето. А кога така се чувствува, тогаш тоа е постојано чувство кое ја чува свеќата на твојата душа запалена. А осветлената душа потешко се напаѓа. Треба да знаете дека лукавиот се плаши од трезвеноста, и затоа препорачувам што повеќе трезвеност!  Значи Бог во умот и во срцето. Молитвата е корисно средство, а трезвеноста постигната цел.

Како да се стекне смирение и солзи?

Смирението не доаѓа само по себе, ако во текот на духовниот живот не си мислел дека ништо не можеш да направиш без Божјата благодат. Спасителот вели: ”зошто без Мене не можете да направите ништо” (Јн. 15:5). Ако се возгордееш од тебе избегала Божјата помош. Затоа што: „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодет“ (Јак. 4:6; 1 Пет. 5:5).

Размисли за тоа, размисли што сме без благодатта Божја – прав и пепел.  Ако сметаш дека Господ со милоста своја трпел до сега па и од сега, тогаш со голем страв почни да се грижиш. Тој трпи, но понекогаш не престигнува!
Сине мој, размисли за тоа дека го имаш само времето на овој живот и ревносно, со желба да бидеш меѓу небесните Ангели, барај да се смириш себе си. Пази на себе и почни да мислиш дека Бог може да те посетити сега, одма и дека можеш да умреш, а тогаш Тој ќе те научи што треба да правиш. Без смирение нема надеж за спасение.
Неопходно е да разбереме дека Бог од нас бара толку малку, за да да бидеме со Него. Кроткост, кроткост и уште еднаш – кроткост!

арх. Арсениј Папачок

 

 

 

 

 


About The Author