// Google analytics code

За Крстот Христов а, од еден предговор

knigaЖивотот во Христа не е живот немарен, неодговорен, живот безгрижен, без труд. Ја има вистинската среќа, големи и суштински радости, многу и најдлабок мир, кои меѓутоа се постигнуваат полека – полека и се одржуваат и се умножуваат преку крстоносниот живот.

Крстот Христов постои и се повторува во животот на Светите, во животот на верните, на учениците Христови и денес. Тој го разубавува нашиот живот, не образува во Христа, не созрева, не подготвува за Воскресението, за вечниот живот.

Светот вон Црквата се плаши од Крстот Христов, му се потсмева, се гнаси од него, се одрекува од него на секој начин. Така останува без Неговиот благослов, без Неговата сила, без надеж во сегашниот и во идниот век. Смирените ученици Христови со многу трпение го носат Крстот во својот живот, макар и со немоќи, со несовршенства, коишто ден за ден се премавнуваат и на нивното место се отпечатуваат крсните на љубовта „рани Исусови“ во нивното тело и душа.

Тоа се тие кои произлегуваат „од големата скрб“ и се обелува нивната облека со крвта на Агнецот.

Тоа се тие кои можат да љубат вистински во Христа, да го сфатат ближниот со неговите гревови и слабости, да го прифатат каков што е дури и кога не го цени тоа, како што самиот Господ не возљуби без да го цениме тоа.

Тоа се тие кои со подигањето на крстот Христов во нивниот живот ја држат Божјата благодат во нашиот болен свет, и го оддржуваат, го разубавуваат. Не се и денес малку тие кои го љубат Крстот Христов во нивниот живот. Не се малку тие кои што го пртетпочитаат наместо лесните светски решенија, пазејќи „сурови патишта“ само и само „заради зборовите од усните Исусови“.

Со нив копнееме да се вброиме, со благодатта Божја и ние што поради нашите слабости тешко го расипнуваме на крстот Христов стариот човек, нашиот горд разум и да велиме со секојдневната наша пракса: „На Твојот Крст се поклонуваме Владико…“

 

(Март 1997)

 


About The Author