За клеветата – стaрец Јован Крестјанкин
Искрено ви благодарам што сте се сетиле на мене и за зборникот што ми го испративте. Се осмелувам да се надевам дека и во иднина ќе се сетете на мене, кога повторно ќе издадете од вашата редакција.
Што се однесува за личноста Н, која станува пречка во нашите односи, и вие и јас, ќе ја напуштиме.
Господ те ослободи од тоа бреме, а на мене, не ми го ни даде.
На Н не му е потребно никакво духовно раководење, тој едноставно сака да ни биде раководител и на вас и на мене.
Гласините за лажните информации од страна на една група на луѓе, помеѓу која е и Н, и порано допираа до мене, ама јас не им верував на гласините, додека тоа не го слушнав од вас, кој сте чесен човек, кого го почитувам и во кого никогаш не можам да се посомневам во поглед на тие “местенки”. Заради тоа, воопшто не обрнувам внимание, на она што излегува од нив, а и на своите ближни им советувам да ги игнорираат. Денес, во животот, постојат толку сериозни задачи и проблеми, така што не вреди да обрнуваме внимание на бесцелности. Мора да се чуваат и времето и силите.
Јас самиот одговарам на писмото што го добивте од Т.С, земајки го во предвид тоа што таа воопшто нема учествувано во тие сплетки.
Нека Бог ви помогне да го носете тој сериозен подвиг во служењето на Црквата, за кој Божјата промисла ве избра.
Секогаш се молам за Вас. Вие сте во средината, каде што е тесно и од надвор и одвнатре.
Нека, Бог ве укрепи.
+++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++
Драги Оче Т
Што се однесува за клеветата која е исплетена околу моето име, се прашувам дали е искушение?
Како, може, воопшто на некој да му падне на памет да застане пред престолот Божји со гнев кон било кој, а посебно со “проклетство”?
Кај мене имаат доаѓано почитувани, уважени, и прочуени московски архиереи, да им објаснам што зборувам за нив. Си заминуваа без и најмал сомнеж во вистинитоста на моите зборови. Меѓутоа, зар може некој да го убеди оној, кој смислено сее лага? Се прашувам и дали тоа воопшто е потребно? Штета би било да на такви бесцелности ја трошам, и онака, слабата своја сила…