// Google analytics code

За велигденскиот пост – Игумен Гаврил

Велигденскиот пост е најдолгиот и најстрогиот пост од сите повеќедневни пости. Тој е востановен по повод Христовото воскресение и за наше подостојно дочекување на споменот на Неговото Воскресение.  За наше сочуствување и соучестување во тиe спасителни настани.

Велигденскиот пост трае 40 дена плус една страдална неделна, или вкупно 47 дена. Основата на овој пост, кој уште и се нарекува света Четириесетница е постот на Исус Христос кој  постеше во пустината 40 дена и 40 ноки, а недела пред воскресението е посветена на неговото страдање од влегувањето во Јерусалим до Неговото воскресение. Затоа се нарекува и страстна односно, страдална недела. Овој пост се пости строго, без масло од понеделник до петок, во Саботите и Неделите може масло и вино кога задолжително се јаде масло, освен единствената Сабота кога се посте строгоа тоа е Саботата пред Воскресението.  Масло се допушта уште и  во деновите кога ќе се падне голем празник. За Благовештение и Цветници е дозволено и риба.
Ова е општото црковно правило за големиот Велигденски пост.

Ова е црковното правило за овој пост. Но постои едно и традиционално правило кое во свое време и прилики во нешто е  оправдано, а во нешто неоправдано, кое толку длабоко има влезено меѓу нашиот народ што дури и го затскрива правилниот пост.

Според Православната пракса, секој православен христијанин треба да има свој духовен Отец, кај кој ке се исповедува, и со кого ќе се советува за правилно одење во духовниот живот. Сите луѓе не се исти, споерд тоа и не секој може да пости на ист начин. Некој е стар, некој е болен, жените можеби се бремени, некои може да се физички слаби, а некои се почетници во духовниот живот и не се духовно силни…
Според  тоа, секој треба да се советува со својот духовниот отец за постот и тој треба да определи пост за секој посебно.

Грешка е и грев, ако некој се мешаво животот на другиот па и го советува и му наредува како да поста. Воедно грешка е и ако се прифати совети од некој друг а не од својот духовниот отец.

Постот со покајанието  е поврзано и со причестта. Постои традиционално верување

Според кое  се пости само првата и последната недела без масло (дури и се прекршува правилото за непостење во саботите и неделите), а потоа се пости со мало, а некои и пак воопшто не постат во тој период и неисповедани се причестуваат. Треба да се внимава, во дадени прилики и така е добро,но ако сакаме да бидеме вистински христијани и веќе го знаеме вистинското правило треба да се потрудиме и да го исполниме.

Тоа не е правилно. Во минатото кај нашиот народ за време на турското ропство и конунистичкиот режим додека немало доволно свештеници, монаси и еписопи, тоа било во ред, но сега не е так и треба да интерисираме и се интересираме за правилниот начин за живеење во Црквата и така треба да практикуваме.

Значи, покрај постот, услов за причестта е исповедта. Светите отци велат дека оној кој не се исповедува нетреба да се причестува. И околу самата причест се има погрешно мислење, кое е традиционално и под влијание на западното христијанство, а тоа е дека треба да се причестиме само 4 пати во годината. Под изговор дека ние се сметаме дека не сме достојни да се причестуваме со телото и крвта Христова, но од друга страна ако не се причестуваме, нема да влезиме во царството небесно, затоа, се причестуваме само 4 пати во годината, по еднаш за секој пост. Така може да се остане непричестен за големите празници како Велигден и Божик што е незамисливо. Тие мислат дека ако постат строго една недела, тоа ќе ги направи
достојни за да се причестат, што е поголема грешка и прелест.

Каде е грешката, и која е суштината на ова?

Точно е дека не сме достојни, и точно е дека ако не се причестуваме нема да имаме живот вечен, меѓутоа, една недела строг пост нема да не удостои за причест. Светите отци велат што и да направиме, каков пост и како подвиг, ние никогаш не сме недостојни да се причестиме. Затоа ние се исповедаме кај нашиот духовник за сите наши духовни слабости и гревови. И само неговиот благослов од неговиот свештенички авторитет  нас не удостојува да се причестиме и затоа без исповед не треба да се причестуваме. Ова е преданието од црквата, наследство од Црквата.


About The Author