// Google analytics code

Залет кон вечноста – Митрополит Струмички г. Наум

Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој.

Страдаме во овој свет, бидејќи, обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.

Тешко е, но ние што сме Христови немаме никакво оправдување, ако и тогаш со сето свое битие не се потрудиме да љубиме.

Мистичните размери на Крстот Христов се состојат токму во тоа, да претрпиме страданија од оние за кои се молиме, за кои постиме, за кои се жртвуваме.

Треба да умреме за самите себеси, ако сакаме причестувајќи се со Телото и Крвта Христови, вистински да се причестиме со Синот Човечки, и еден со друг.

Љубејќи до самозаборав и проникнувајќи се благодатно, да заживееме како личности.

Стремејќи се кон Воскресението, друга можност немаме.


About The Author