// Google analytics code

Ден за молитва за упокоените – Задушница


Првата Сабота пред споменот на св Димитриј, познат по народот како Митровден, Светата Православна Црква ја одредила како ден за спомнување на покојните и е наречен митровденска задушница.

Православното христијанско учење за спомнување на мртвите се засновува на верата во зададента бесмртноста на душата и воскресениeто на телото. Упокоените според зборовите Христови не умираат во вистинска смисла на зборот, туку со смртта преминуваат од овоземниот привремен во небесниот вечeн живот. 

Преку смртта ние не умираме, не престануваме да постоиме, туку преминуваме од еден во друг начин на егзистирање односно живот. Безграничната љубов на нашиот небесен Oтец определила да нашиот земен живот биде само подготовка за вечниот живот. Но сите членови на Црквата не умираат со покајание и потребна подготовка за вечен живот и се успокојуваат со многу гревови, зашто е речено нема човек кој живеел, а да не згрешил. Но сепак, христијанската љубов која ни овозможува да се молиме за живите не повикува да се молиме и за умрените. Љубовта не престанува никогаш, таа не следи и по смртта, што значи со поголема грижа на нас живите, блиски на умрените овде на земјата можеме да се молиме за простување на гревовите на умрените. Неизмерната Божја милост не ја сака смртта на грешникот, туку тој да го согледа својот грешен пат, па да се врати и да биде жив, та и затоа ни овозможува средства за ваква грижа. Што укажува на тоа дека молејќи се на Бога за нив и и правејќи добри дела во нивно име го зголемуваме бројот на оние кои ќе воскреснат за вечен живот.

Прашуваме: Како треба да се спомнуваат покојните?

Христијаните се должни, за таа прилика, да подготват варена пченица, чие зрно симболично означува дека умрените ќе воскреснaт”тоа што го сееш ти нема да оживее ако не умре” (Кор.15,36). Уште е потребно вино и леб, кои го претставуваат Христос кој се принел за спасение на луѓето и уништување на смртта.

Тоа се основните елементи кои се потребни за правење помен на покојните. За овие спомени светата црква пропишала и молитви кои се читат при самиот помен. Сите чинодејства, па така и помените се вршат со запалени свеќи кои укажуваат на светлоста на вечниот блажен живот.

При вршењето на помен се раздава храна во спомен на умрените, а самиот чин е во врска со апостолската одлука во која се вели: “Од нивниот имот дадете на сиромаси за нивен спомен”.

Овде би сакал да кажам дека за спомнување на мртвите постојат и посебни денови кога треба да се спомнуваат умрените. Покојните се спомнуваат на третиот, деветиот и четириесетиот ден, потоа на шесте месеци, на годишнината, некаде и на две годишнината, и на тригодишнината, Самите називи ни кажуваат во кој ден треба се врши поменот.

Самите помени, препорачливо е да се вршат во сабота, бидејќи тој ден е и определен за спомнување на сите мртви како седмичен помен, а никако во Неделниот ден затоа што тој ден е ден на Воскресението.

Нека Господ Бог, ги помилува душите на сите упокоени Православни христијани од век до век, Амин.

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

2/11/2012@23:32


About The Author