Денот на радоста пристигна – Св. Ефрем Сирин
Никој нека не го гони својот ближен поради одмазда за согрешенијата кои му ги сторил!
Денот на радоста пристигна!
Никој нека не биде виновен за предизвикувањето на жал и тага кон друга личност!
Ова е ден без облаци, ова е светол ден!
Гневот нека биде стишан оти ги вознемирува мирот и спокојството.
Ова е денот во кој Бог се симна кон нас, грешните!
Праведните нека бидат посрамени ако се воздигаат над грешните!
Ова е денот кога Господ на создавањето им приоѓа на слугите!
Господарот на домот нека трепери во слична љубов кон неговите слуги.
Ова е денот кога Богатиот постана сиромашен поради нас!
Никој од богатите нека не биде засрамен да ја сподели својата трпеза со сиромасите.
св. Ефрем Сирин