// Google analytics code

Дарот на плач и солзи – свети Игнатиј Брјанчанинов

„Дарот на плач и солзи е еден од најголемите дарови Божји.
Тоа е дар што ни е суштински потребен за нашето спасение. Даровите на пророштво, прозорливост, чудотворење, се знаци на особено благоугодување на Бога и на Божјо благоволение, а дарот на умиление и солзи е знак на веќе прифатено покајание или на покајание кое се усвојува.
Маките и болките на покајанието содржат во себе семе на утеха и исцеление. Таа тајна преку плач му се открива на покајникот. Сите монаси кои се очистиле од гревовите, се очистиле преку плач, и сите оние кои достигнале христијанско совршенство, го достигнале со плач.

Нема, пријатели мои, кога душата ќе го напушти телото, да бидеме обвинети заради тоа што не сме биле чудотворци, што не сме биле богослови и не сме имале духовни виденија, но неизоставно ќе одговараме пред Бога за тоа што не сме плачеле непрестајно, т.е. што не сме престојувале во постојана спасителна тага заради нашите гревови и нашата гревовност.“ (свети Игнатиј Брјанчанинов)


About The Author