// Google analytics code

Отец Гаврил Галев: За Гревот

009-HDR~+~

Гревот не е прекршување на некаков закон и заради тоа сега ќе треба да следи соодветна казна. Бог не е некој властодржец или полицаец кој го казнува оној којшто ќе го прекрши Законот, туку Бог е љубов и живот. Тој е изворот на животот и го љуби човекот. Според тоа, гревот е повредување на Божјата љубов, свртување грб на лицето Божјо, прекинување на заедницата со Бог и промашување на целта. Егзистенционално промашување и смрт.

Живеејќи во грев, ние го промашуваме начинот на живеење. Ја губиме насоката и целта во животот. Се губиме самите. На тој начин нашиот живот постанува залудно губење на време и талкање.

Гревот е и промашување на вистината. Живот во темница и лага. Измамени од своето его и заробени од бесловесните страсти, живееме во темнина на паднатиот умот, затворени за вистината и во прелест.

И на крајот, животот во грев е смрт. Прекинувајќи ја заедницата со животворниот Бог, ние ги прекинуваме врските со благодатните енергии на животворните извори преку кои живееме. Животот го претвараме во немаштија, глад и страданија, како во параболата на блудниот син, одделени од Таткото. На тој начин, живеејќи надвор од својот дом и отсечени од изворот на животот, стануваме (духовно) мртви.

Се што е надвор од заедницата со Бог е талкање, прелест и смрт.
Кога ќе го промашиме Бог ги промашуваме патот, вистината и животот. Се што треба да направиме за да се вратиме е да се покаеме. Тоа значи да се преумимe, да ја промениме состојбата на нашиот ум и неговите енергии да ги насочиме кон суштината, а тоа е преку срцето во Бог. Да се вратиме на патот, да ја спознаеме вистината, и животот да ни стане светлина и жив живот.

Покајанието е повторно враќање во прегратките на Бог, нашиот Татко. Затоа е потребно да се вратиме на патот. А што треба да направиме за да се одглавиме кога ќе се загубиме и талкаме заплеткани во лавиринтот од патишта, “понуди за решението”. Едноставно, да застанеме и cо трезвена мисла да размислиме каде се наоѓаме, како и во кој правецот сме залутале, за да се вратиме назад на вистинскиот пат. Па и да побараме помош од патеводител (џпс, карта) и тогаш сигурно ќе се најдеме.

Потполно исто е и во диховниот живот. Да се освестиме за состојбата во која се наоѓаме и да се сетиме на нашиот грев, на моментот кога сме го оставиле Бога и сме излегле од патот, па да побараме помош и од духовен отец. Се додека не се вратиме на тоа место, на правиот пат, и одиме по некои наоколни, искривени и скришни патчиња, ние само ќе талкаме и никогаш нема да стигнеме до целта.

Кога ќе се вратиме на патот, кога ќе се покаеме, Бог ни дава светлина. Ни ја открива вистината да го видиме Бог колку е добар, и да се видиме себе колку сме паднати и грешни. (Тоа е и суштината на молитвта “Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот”). Да се спознаеме каде сме и каде грешиме и да ги исповедаме нашите гревови и грешки. Да си кажеме што сме згрешиле, а не да заобиколуваме и да кажуваме кој на нас ни згрешил. Да не се самооправдуваме обвинувајќи ја ситуацијата или некој друг како причина на нашиот грев, нашиот пад. Едноставно, гревот што го сторив јас е мој и јас сум тој што згрешив. Јас излегов од патот и ја промашив целта и јас сум тој што треба да се вратам на патот. Затоa и јас сум тој што треба да се покајам и ослободам од гревот и уште да ги лекувам последиците од него.

Да запaмтиме, ниту едно споредно патче нема да не однесе до целата, ако не се вратиме на вистинскиот пат. Враќајки се на патот и прифаќајки ја вистината ние повторно му се враќаме на Бога и тогаш нашиот живот ќе биде радост и веселие и живот вечен.

Состојбата на грев

Што треба да направиме?
Повторно да го прифатиме Бога. Да го прифатиме Бога во нашиот живoт и да му се вратиме.
Тогаш Бог ни ја враќа и светлинатa за да ја спознаеме вистината. Да се спознаеме каде сме, односно нашата падната состојба.
Да ја спознаеме нашата пропаст, беда без Бог како што и се спознал блудниот син.
Кога повторно ќе бидеме со Бог, Бог и не просветлува да ја спознаеме вистината. Да се видиме каде сме.

А тоа може да го направиме само ако се врарме на патот. Таму каде што сме згрешиле, таму и да се вратиме.

Кога ќе го згрешиме патот, нема никогаш да дојдеме до целтa за која сме тргнале.
Се додека не се вратиме таму каде што сме згрешиле, нашето патување ќе биде губење.

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

07 / 03 / 2021

Photo by: Fr. Gavril Galev


About The Author