Во тело се облече… – Св. Мелитон Сардиски
Иако Синот е бестелесен, сепак создаде тело за Себе, според нашиот облик. Се појави како една од овците, но Тој сепак остана Пастир. Беше проценет како слуга, а сепак не го остави Синовството. Беше носен во утробата на Марија, но сепак ја имаше природата на Својот Отец. Чекореше по земјата, но ги исполнуваше небесата истовремено. Се покажа како бебе, без да ја отфрли вечноста од Својата природа. Во тело се облече, но (со телото) не ја ограничи неслеаната простост на Неговото Божество… Му требаше храна онолку колку што беше Човек; но, не престана да го храни сиот свет онолку колку што е Бог. Се облече во лик на слуга, не нарушувајќи го подобието и едносуштноста со Отецот.