// Google analytics code

Вистинка љубов – Симеон Нов Богослов

Должни сме сите верни да ги гледаме како еден и да мислиме дека во секого од нив е Христос. И за секого да имаме таква љубов, што ќе бидеме спремни и животот да си го жртвуваме за него. Затоа, должни сме за никого да не зборуваме и да не мислиме дека е лош, туку на сите да гледаме како на добри. И ако видиме дека некој наш брат го вознемируваат страстите, да не го мразиме него, но да ги замразиместрастите што војуваат против него. И ако видиш дека го обземаат желбите инавиките кон претходните гревови, уште повеќе сострадувај со него, за случајно и ти да не паднеш во искушение, зашто си од граѓа која лесно се врти од добро кон зло. Љубовта кон братот те подготвува да Го возљубиш повеќе Бог.

 Значи, тајната на љубовта кон Бог е во љубовта кон братот. Затоа што, ако не го љубиш братот свој, кого што го гледаш, како е можно да Го љубиш Бог, Кого не Го гледаш?


About The Author