// Google analytics code

Борба на волци – Поучна приказна

Некогаш многу одамна, еден дедо на својот внук му раскажал една животна вистина.

Во душата на секој човек се води битка.

Како борба помеѓу два волка. Во душата на секој од нас.

Едниот волк претставува зло.

Претставува бес, завист, љубомора, жалење, алчност, ароганција, самосожалување, вина, грев, лутина, инфериорност, лага, лажна гордост, егоизам…

Другиот волк претставува добро.

Претставува она што пружа задоволство, мир, љубов, надеж, ведрина, понизност, љубезност, добрина, срдечност, дарежливост, вистина, самосочувство и верба.

Внукот се замислил на неколку мигови. Сите свои мисли ги фокусирал длабоко во зборовите на дедо му, па го прашал:

– „И, кој волк на крајот победува?“

Дедото одговорил со насмевка на своето старо лице:

„Секогаш победува тој што го храниш… “


About The Author