// Google analytics code

Бог не може поинаку да биде виден

image  Штом човекот вистински ќе се покае, благодатта веднаш му се приближува и се зголемува придружена од неговата ревност. А опитот, од друга страна, бара повеќегодишен подвиг.
Оној, што од Бога ја бара благодатта, мора да трпи тешкотии и искушенија, без разлика на кој начин тие доаѓаат. Ако за време на искушенијата негодува и покаже недоволно трпение, тогаш нема ниту да добие доволно благодат, неговите добродетели нема да се усовршуваат и нема да се удостои со никакви благодатни дарови.
Ако некој дознал каков е Божјиот дар – дека тоа е тагата, како и сето она што искушенијата ни го приредуваат, тогаш навистина го нашол патот до Господа. Тој чека да дојдат искушенијата, затоа што, преку нив се преобразува, а трпејќи ги се просветлува и Го созерцува Бога.

Бог не може поинаку да биде виден, туку само со посредство на овој вид познание. Тоа е созерцанието, односно, моментот, кога ќе осознаеш дека Бог е со тебе, дека во Него се движиш, дека Тој гледа што правиш и затоа внимаваш, за да не Го натажиш. Тој, гледа сè што е надвор и сè што е внатре, па тогаш не грешиш, затоа што Го гледаш и Го сакаш, па внимаваш да не Го нажалиш, „зашто, Тој е, од твојата десна страна“.
Значи, секој оној, што греши, не може да Го види Бога, затоа што е слеп.

Старец Јосиф Спилеот


About The Author