// Google analytics code

Богојавление – Epiphany – Fr. Gavril Galev

Bogojavlenie-477x330

 Manifestation of God, the Holy Trinity

~+~

This is a precious day, a great day for the world and for mankind: – Epiphany. On this day, God manifested (was revealed) Himself to humanity offering peace and deliverance. On this day, the whole creation rejoiced because God renewed the fallen man and the world through the water.

With the Baptism of the Lord in the river Jordan, Mankind is renewed and sanctified. By the entering of Jesus into the waters (river Jordan), they were sanctified and all nature with them. With the manifestation of the Father and the descent of the Holy Spirit in the form of Dove, Heaven opened and the Holy Trinity has revealed Itself to us.

However, let us not forget the role of Saint John, who preached repentance, before whom people repented and confessed their sins and were baptised. There is no resurrection, there is no renewal, there is no sanctification (blessing) without our own free will, that is, without collaboration with God. That is an expression of the freedom which God gives us and through which, if we safeguard the pureness of our heart, we will be given even greater freedom in the Kingdom of Heaven.

John was asking Jesus saying: “I need to be baptised by You, and You are coming to me?” (Matthew 3:14). But the Lord Jesus, who came to straighten the path of the fallen Adam (fallen men), showed us how it should be done, that is, through humility to rise, and not to perish by being proud.

He did not need to be baptised, He did it for us. Because He is God – there was no problem for Him to put Himself down and come in the form of man – Also He did not perceive it as a problem to stand in the line with repentant ones, to lower His head and to be submerged by God’s (His) servant in the waters.

Through the sacrament of baptism the doors are open to us, and with an obedient humility we enter into the Kingdom of God. The Kingdom of the Father and the Son and the Holy Spirit, the Kingdom that has been revealed to us on this day and for which our Saviour Jesus Christ came to be baptised by John in the river Jordan.

Fr. Gavril Galev

Abbot of the Monastery “St. Clement of Ohrid”,

Kinglake, Melbourne, Australia

19 / 01 / 2019 @14:35

50E50D6B-F6E9-46F4-AE54-2C575E9F8196~+~

Ова е непроценлив ден, голем ден за светот и човекот. Богојавление.  На овој ден Бог се (об)јави на паднатотото човештво нудејќи му мир и избавување. На овој ден сета твар се радуваше затоа што Бог преку водата го обнови паднатиот човек и светот.

Со крштението Господово во раката Јордан се обновува и осветува човекот. Со влегувањето во водите тие се осветија и целата природа со нив. Со јавувањето на Отецот и слегувањето на Светиот Дух во вид на гулаб се отворија Небесата и ни се објави Светата Троица.

Меѓутоа да не ја забораваме и улогата на Св. Јован, пред кого со покајание си ги исповедале гревовите и се крштевале. Зашто, нема препородување, нема обновување, нема осветување без наша волја односно соработка со Бог. Тоа е израз на слободата која што ни ја дава Бог и преку која, ако го запазиме нашето срце чисто, ќе ни се даде уште поголема слобода во Царството небсно.

Јован го прашуваше: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“ (Матеј 3, 14). Но Господ Исус, кој дојде да го исправи патот на паднатиот Адам ни покажа како треба, односно, преку смирение да се воздигнеме, не горди да загинеме. Он немаше потреба, тоа го направи за нас. Он иако Бог, не само што не му сметаше да се понижи и да дојде во обличие на човек, туку и не му беше проблем да застане во редицата заедно со покајниците, да ја наведне Неговата глава и да биде потопен од слугата во водите. 

Преку крштението ни се отвараат вратите, а со послушно смирение се вселуваме во Царството Божјо. Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, Царство кое ни се објави во овој ден и за кое Спасителот наш Исус Христос дојде да биде крстен од Јована во Јордан. 

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

19 / 01 / 2019 @14:35


About The Author