// Google analytics code

Богатиот и Сиромавиот Лазар – Игумен Гаврил

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух

Смртта, браќа и сестри, е реалност. Значи нема човек да живее на земјата, а да не ја доживеал. Единствено Илија, кој бил вознесен на небесата и Енох, меѓутоа при второто Христово доаѓање и тие ќе ја доживеат телесната смрт.

Според тоа, можеме да заклучиме дека Христос, односно Бог Света Троица и Неговото царство е сушта вистина и реалност, и дека сите ние треба да веруваме во Бога. Затоа што како прво сме создадени по образ и подобие Божјо, сврзани сме со Бога, а потоа и заради нашата вера, и заради реалностите во овој живот што ги имаме. Заради тоа и смртта е најсушта реалноста, затоа што никој не ја избегнал. Се во животот можеме да избегнеме, дури и не мораме да се родиме, но ако се родиме, тогаш смртта мораме да ја доживееме. Според тоа е многу важно и како ќе поживееме.

Од примерот на овие двајца кои биле социјални различни, и не само што едниот бил богат, а другиот сиромашен, туку и нивниот духовен живот бил различен: едниот се прејадувал, блудствувал и правел лоши неморални дела, односно се она што е спротивно на Светото Писмо и на Светото Предание. Меѓутоа неговото име не му се знае. Моби во свое време бил и најбогатиот и најславниот но за вечноста е непознат. Другиот имал тежок живот ги трпел маките без противење и Му благодарел на Бога за се. Никогаш не рекол ниту еден лош збор ни против тие што го угнетуваат, а ниту против Бога. Заради тоа, при смртта тој го наследил местото каде што припаѓал, а тоа е царството на Авраама, Исака и Јакова, местото каде што пребиваат праведниците во царството Божјо. Неговот име вечно е запишано во книгата Божја и за него и ден денес знаеме иако бил најугнетениот човек во свое време. Богатиот според својот живот го наследил местото според она како што го живеел, без Бога и далеку од Бога, а тоа е пеколот.

Смртта, всушноет, е  таа која релално ќе ни ја покаже нашата реална духовна состојба. При смртта телото се одделува од душата, и ако душата е приврзана кон за телесните наслади, таа и повротно ќе си биде приврзана и ќе и недостасува телото и телесните наслади и според тоа и ќе страда. Во тоа се состои суштината на пеколот – страданието кон она што ние се придржуваме, како што вели Светото Писмо, каде што е срцето ваше, таму е и богатството ваше. А кога ќе ни го снема богатството, тогаш сите ние губиме сигурност и страдаме. Според тоа и пеколната состојба е страдање, отсуство на Бога.

Духовните луѓе кои сиот свој живот, сета своја надеж и стремеж ги насочуваат кон Бога, кон царството небесно, исполнувајќи ги Божјите заповеди, живеејќи според Светото Писмо и Светото Предание, тие во себе Го примаат Бога преку благодатните енергии, и на тој начин ја воспоставуваат таа заедница со Господ, која после смртта и реално ќе се воспостави.

Според Светите Отци Стариот Завет е сенка, Новиот е икона, а по воскресението, во царството небесно е реалноста. Според тоа тие ќе се населат во реалноста, во таа вечна заедница, со Оној кон Кого тие се стремеле. И затоа радоста нивна ќе биде поголема. А уште поголема е радоста затоа што таа состојба во царството небесно, па и онаа во пеколот, која за жал, не е за радост, туку за тага, и е вечна исто така. Значи, се во овој живот има траење и е привремено, меѓутоа она што ќе е после воскресението, односно после упокојувањето, е вечнo, заради тоа ние треба да бидеме добри стопаничари, домаќини или можам да кажам, математичари, и да пресметаме дека животот во овој век е ништо спрема оној што ние ќе го наследиме. Надворешната среќа и  радост што овде ја имаме, па каква и да е, е ништо спрема радоста која што ќе ја почувстуваме во царството небесно. Исто и маката – маката што овде ја чувствуваме е ништо спрема маката што ќе ја имаме ако не го наследиме тоа царство небесно.

Кога ќе споредиме математички еден период од 100 год, што никој од нас нема ни да го доживее, според периодот вечност тогаш испаѓа и логично и паметно е повеќе да се грижиме за вечноста. Треба да веруваме во Бога и во сето она што Господ го напишал и дека сето тоа е вистина. За ова сведочи и овој настан од Евангелието, во којшто богатиот го наследил вечното проклетство и вечните маки, додека сиромавиот се радувал и утешувал во крилото на Авраама, во царството небесно. Меѓутоа, она што нив ги определило да бидат во таа состојба што се, не е нивното богатство или сиромашноста, туку нивниот однос кон Господ, нивниот однос кон тоа што животот им го пружа, затоа што можат и сиромасите да завршат во пеколот. Не е гаранција ако си сиромашен ќе одиш во рајот, или ако си богат – ќе одиш во пеколот, туку работата е во тоа што, едниот го исполнувал Светото Писмо (Евангелието) и Светото Предание, а другиот не. Што значи, ако и сиромавиот не Му благодари на Бога за својата состојба и болниот ако не благодари на Господа за својата болест, исто така нема да го наследи царството небесно. Богатиот ако не помага, ако не го употребува своето богатство за добри дела да ги умножува, исто така, нема да го наследи царството небесно.

Богатиот овде се правдал дека ако еден од умрените дојде и им се јави на неговите браќа, дека тие ќе поверуаат. Оние кои не ги исполнуваат Божјите заповеди и одат по чирокиот пат на пропастта, на тие им затвараат духовните очи односно умот и се помрачува за да може да Го виде и препознае. Биваат затворени за Божјата благодат и во отсуство Божјо. Нивниот живот го исполнуваат со тие страсти кои ги заробуваат и ги помрачуваат, така што тие и да сакаат да се покајат. Човек привикната на таков раскалашен живот и тешко приоѓа кон покајание. Не дека е невозможно, но многу тешко e. Тие и да Го видат воскреснат Господ, повторно заради својот помрачен ум, нема да сакаат да веруваат, затоа што ќе треба да си го сменат својот живот, оние коишто се поврзани со страстите. Затоа што животот во Христос бара исполнување, како што вели Господ, на Мојсеј и пророците. Затоа ако Мојсеј во овој живот со вера не ги прифатиме сите овие Божји заповеди, тогаш рално да ни се покаже Господ, ние и тогаш нема да веруваме.

Затоа браќа и сестри, да обрнеме внимание на содржината на нашиот живот и да не наоѓаме многу мани, туку едноставно да Му благодариме на Бога и да го наследиме заедно местото со сиромавиот Лазар. Амин.


About The Author