// Google analytics code

Бетмен


Сведоци сме на скорашниот масакар што се случи на премиерата на холивудскиот филм ” Batman – The dark knight rises ” кога едно младо момче безмилосрдно пукаше и уби 12, а рани уште 58 други невини деца.
Мислам дека нема никој рамнодушен на овој немил настан. Сите сме трогнати. И американскиот предесател и градоначалникот на Аурора во предградието на Денвер- Kолорадо,  кеде што се случи овој не мил настан и секој совесен човек. Вистинка трагедија.

Мочето убиец се преставил себе како “Џокер”, непријaтелот на Бетмен”. Значи, психички неурамотежена личност или можеби поточно речено болно опседнат со улогата на “Џокер”. Окупиран од неговиот лик, тој не направил ништо друго и ново од она што го гледа кај својот идол. Да не го видел тоа во предходното продолжение од филмот «The dark knight returns», каде имало слична сцена, тој немало да го направи ова што го направи. Насилството во филмот го поттикнало на тоа. Му дало идеа и тој се поистоветил со неговата улога и пукал. Тој сеушете не е свесен за својата постапка.

Деновиве се преснимуваат некои сцени од  холивудскиот филм  Gangster Squad. Причина за повторното снимање на одделни сцени од филмот е убиството во кино- салата во Аурора, Колорадо. Во дел од сцените од Gangster Squad има дејствие речиси идентично како и во петочното масовно убиство. Ликовите во филмот со автоматски пушки пукаат во публиката, а во петокот осомничениот Џејмс Холмс. Значи…?

Сега се прашуваме кој е поболен овде и кој е виновен за тоа? Детето убиец, комплетната екипа на филмот, Холивуд, ние кои го гледаме…?

Според православниот духовен поглед на стварите, демонот толку завладеал со неговиот ум што му го помрачил до крајна мера, a срцето го обземал, да тој се реши на овој монстуозен чин. Во таква сосотојба тој ниту гледа ниту чуствува дека со тоа зло прави. Господ Исус Христос уште пред две илјади години ги укорувал закоравените евреи нарекувајки ги “безумни и тврди по срце” поттикнувајки ги на покајание и очигледно дека и по две илјади години ништо не се променило, дури и полоши сме станати.

Насилството, неморалот, наркоманијата, криминалот, развратноста или со еден збор, страстите и гревот се повеќе се застапени во сите свери на општествениот живот. Денес нема филм без овие атрибути. Нема видео игра без насилство. Нема интернет портал без недолични вести и слики. Цртаните филмови денес, постанаа пострашни и од хорор филмовите некогаш. Го нема денес ” мечето ушко” кој секоја вечер пред легнување ќе ни раскажеше една поучна случка за наше изградување. Го нема “Калимеро” борецот за правдата, па дури и пустоловините на Том и Џери во споредба со овие денешните беа умерени и смешни.

Тоа е една болна падната општа состојба на целото човештво. Toa е за кое што зборувавме предходно. Насилството на медиумите им даваат на таквите личности идеи. Секој збор и коментар е веќе излишен и тежок истовремено. Но вреди барем да потсетиме, а уште повеќе  да се размислиме па и да се смениме.

Виновни сме сите ние возрасните. Затоа што станавме слепи и немарни за правилното воспитување на децата. Не повлекоа страстите и искушенијата на денешницата и го заборавивме најважното. Вербата во Бог и љубовта кон ближните….

Родителите заслепени од борбата за престиж, кариера и капитал се повеќе немаат време за воспитание на своите деца и не им обрнуваат внимание што гледат, што читат, што работат… А како да ги контролираат кога и тие самите се заробени од истите страсти? Па дури и најчесто тие им се и нивни учители. Се радуваат кога детето прв пат ќе опцуе, се гордеат кога на детето ќе почне да му ” текнува” за тие работи и да не набројувамe понатаму.

Западниот свет веќе замина и тој правец неможе да го сменииме. Затоа се случуваат и овие трчични пореметувања во живото на луѓето. Но каде одат православно источните земји? Ги напуштаат своите корени и се накалемуваат на трула гранка… Животот ни станува се полош и полош. Исто како со крвоточивата жена во Евангелието барајки спас во лажни доктори и спасители, пропаѓаме. Но како што неа некогаш, така и нас сега, може да не спаси допирот до Христос… Спасителот. Друг начин немаме.

Ке завршиме со зборовите на прпопведникот на покајанието, св. Јован Крстител:  “покајте се и исповедајте си ги вашите гревови” … Или и мене како него ќе сакате да ме затворите и обезглавите како негоз зашто вистината ви ја кажувам?

Незнам дали некогаш ќе ја научиме лекцијата?


About The Author